Противниците на битолската депонија ќе одат од куќа до куќа , ќе објаснуваат што значи регионална депонија


БИТОЛА – Во Битола синоќа се одржа десеттиот по ред протест против депонија во Пелагонија, а демонстрантите кажа дека имаат само една цел – откажување на проектот. Сега имаат намера да одат од маало во маало, од куќа на куќа и да ги запознаваат граѓаните на Битола што значи регионална депонија. „Чекаме да се изјаснат битолските […]

Фатени двајца прилепчани – ја запалиле депонијата во Демир Хисар


На 22.04.2025 во 13.30 часот полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода С.Ф.(28) и А.С.(48), двајцата од Прилеп, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од Кривичниот законик. „Тие се сомничат дека предизвикале пожар на градската депонија во Демир Хисар, а при преглед кај нив се пронајдени […]

ЦУК: Пожарот на градската депонија во Демир Хисар сè уште активен, но под контрола


Пожари на отворен простор во последното деноноќие имало вкупно шест, од кои активен сè уште е пожарот на градската депонија во Демир Хисар, но е под контрола, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Како што известил ЈКП Комуналец Демир Хисар, на гасење на пожарот од 13 часот интервенираат пет пожарникари и две противпожарни […]

Граѓаните бараат да го видат проектот за депонијата во Пелагонија: Јавна расправа во Новаци


  БИТОЛА – За власта е разбирлива грижата кај граѓаните за новата регионална депонија што според плановите треба да се гради во Пелагонија, но потенцира дека проектот е започнат во 2019 година во времето на СДСМ и плановите течат. Граѓаните присутни на расправата во Општина Новаци побараа да го видат проектот за да знаат што […]

 По 20 години нема веќе дива депонија со стаорци зад Буњаковец – следува зеленило и паркинг


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информира дека целосно е исчистена дивата депонија зад катната гаража во Буњаковец, во близина на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Отстранувањето започна минатиот месец како дел од акцијата за чистење „Центар не чека, Центар чисти“, при што беа подигнати големи количини отпад, се миеја улици и се подобруваше хигиената низ […]

Гореше велешката Градска депонија за комунален смет


Пожар на велешката депонија за комунален смет, лоцирана на Штипско џаде над градот,  во Територијалната Против Пожарна Единица Велес бил пријавен вчера, околу 11,30 часот. Двајца пожарникари на депонијата го гаснеле огнот скоро два часа се ’до 13:20 часот со едно противпожарно возило, информираат денеска од ТППЕ Велес. По интервенцијата пожарот бил локализиран и целосно […]

Меџити: Локацијата во Битола сега има околу 50 диви дeпонии, идејата е да се направи една по европски стандарди


 Локацијата во Битола сега има околу 50 диви дипонии, а проектот предвидува една нова локација во рамки на директивите на ЕУ, во рамки на РЕК Битола. Средствата се добиени и нема негативни ефекти врз животната средина, изјави вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.  Одговарајќи на прашање од пратеничката Бисера Костадиновска […]

Герасимовски: Комунална хигиена и Град Скопје повторно потфрлија, ние ги исчистивме контејнерите во Дебар маало


Град Скопје и ЈП Комунална хигиена повторно потфрлија со одржувањето на хигиената на територија на Центар. Утрово, дебармаалци се соочија со идентична глетка како од пред два месеци – преполни контејнери со смет и лоша миризба кои не само што се закана по здравјето на центарци, туку, исто така и го нагрдува изгледот на централното […]

Битолчани против депонија во Пелагонија, бараат формирање на координативно тело и организиран настап


БИТОЛА – Формирање на координативно тело на протестите и организиран настап пред институции, побараа граѓани на Битола на вечерашниот протест против депонија во Пелагонија, што се одржа пред Општина Битола. Трета среда по ред, граѓани излегоа на мирен протест против изградба на регионална депонија на територијата на Општина Новаци. На протестот што започна пред зградата […]

За 18 општини, од Дебар до Битола, ќе се гради регионална депонија во Новаци


  БИТОЛА – Советот на Општина Битола едногласно го прифати предлогот за меѓуопштинска соработка за отворање на регионалната депонија во Новаци заедничка и за Битола, Прилеп, Крушево, Долнени, Могила, Кривогаштани, Битола, Демир Хисар, Ресен, Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Пласница, Центар Жупа, Вевчани, Дебарца и Македонски Брод. Оваа одлука на Советот доаѓа по иницијатива со која […]

Пролонгиран рокот за доставување на понуди за изградба на првата современа депонија кај Светиниколско Мечкуевци


Рокот за доставување на понуди на меѓународниот тендер за изградба на регионална депонија кај Светиниколското село Мечкуевци се пролонгира, потврди Ана Мазнева Каранфиловска од Министерството за животна средина и просторно планирање. Таа истакна дека пролонгирањето е поради технички причини, а до кога ќе се продолжи треба да добијат информација од Брисел, бидејќи постапката ја води […]

Курто Дудуш и скопски инспектор пријавиле во полиција: Кој кого навредувал и се заканувал?


Вработен како инспектор во Град Скопје, вчера во 10:30 часот пријавил во полиција дека на улица „2“ без број во близина на дива депонија, при вршење на службени дејствија за вршење надзор и подигање на мостри, дошле две лица. Според пријавата, едно од лицата било К.Д., градоначалник на Шуто Оризари, кој почнал да ги навредува […]

ДИЖС во 2024 година спровел над 1.535 инспекциски надзори, кај 300 се утврдени неправилности


Согласно Годишниот извештај работата за 2024 година, Државниот инспекторат за животна средина, спровел 1.535 инспекциски надзори од кои 1.008 редовни, 247 вонредни и 280 контролни инспекциски надзори. Како резултат на контролите, утврдени се 300 неправилности/законски повреди за кои се изготвени 300 решенија со кои се наредуваат или забрануваат одредени активности, односно се поведени постапки за […]

Град Скопје со кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија


Инпекциските служби на Град Скопје денеска на терен откриле дека градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш создал нова дива депонија, поради што најавуваат кривична пријава.  – Денеска на терен инспекторите на градот Скопје со асистенција на интервентна полиција, констатираа нови кривични дела на Курто Дудуш, при креирањето нова дива депонија за што е поднесена […]

Расчистени 50 метри кубни улични депони во Влае, Чаир и Гази Баба


Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 50 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Карпош и Гази Баба. Повторно е интервенирано на улицата „Џон Кенеди“ во општината Чаир, каде што се подигнати 15 кубни метри кабаст и отпад од […]

Прекината блокадата на патот кон депонијата во Кочани


  Граѓаните од Кочани ја прекинаа блокадата на крстосницата кај селото Бели, каде 18 дена го контролираа пристапот кон градската депонија за комуналните возила од општините од регионот. Во образложениито за ваквата одлука, од Одборот на граѓанската иницијатива за протестот нагласуваат дека даваат доверба на локалната самоуправа, откако Советот на Општината на последната седница даде […]

Советот на Општина Кочани одлучи да не се носи отпад од другите општини на градската депонија


Советот на Општина Кочани на денешната редовна седница донесе едногласна одлука отпадот од Виница, Зрновци, Чешиново-Облешево и другите општини во регионот веќе да не се носи на градската депонија кај селото Бели. Одлуката беше усвоена по дополнувањето на дневниот ред што го предложи претседателот на Советот Лазо Митев, образложувајќи го со барањето на граѓаните кои […]

Комунални возила од други општини не ја поминаа блокадата кон депонијата кај Кочани


Граѓаните кои го блокираат пристапот за возилата за собирање и транспорт на отпадот и покрај снегот и дождот, попладнево не им дозволија на камиони од соседните општини да поминат кон депонијата кај селото Бели. Возилата за одржување на комуналната хигиена беа запрени пред крстосницата каде што две недели без прекин се одвива блокадата. Од возачите […]

Блокадата на пристапот кон депонијата кај Кочани продолжува, дел од барањата се исполнуваат


Граѓаните на Кочани вчера попладнето оствариле средба со градоначалникот по која велат дека се блиску до договор за исполнување на нивните барања за состојбата со градската депонија. Велат дека на средбата биле усвоени четири од пет нивни барања. Според информациите до кои дојде Телма градоначалникот дал зелено светло за неколку важни мерки, но решение на […]

Почна третманот со морски алги против горењето на комуналната депонија кај Кочани


 Економскиот оператор „ЕМ Агрицом“ од Неготино, којшто беше избран на тендерска постапка, попладнево го почна третманот со алги и микроорганизми на Градската депонија во Кочани, за да се спречи чадот од горењето на отпадот. Природниот третман на ѓубриштето се спроведува петти ден откако градежна механизација на американско-турскиот конзорциум „Бехтел – Енка“ ја израмни депонијата, ги […]