Најмалку 30 загинати во одрон на депонија за отпад во главниот град на Гвинеја


Најмалку 30 лица ноќеска загинаа во одрон на депонија во главниот град на Гвинеја, Конакри, кога како последица на обилните врнежи голема количина отпад се одронала и затрупала шатори и импровизирани објекти. Несреќата се случила околу 2 часот по полноќ во општината Гбесија. Во одронот шест лица се тешко повредени, а уште 16 се здобиле […]

Пожар на депонијата „Буково“ во Охрид


Пожар изутрината избувна на депонијата „Буково“ во Охрид, на дел што подолго време не се одлага комунален отпад. Како што информираат од ЈП „Охридски Комуналец“, екипи на претпријатието заедно со припадници на Територијалната противпожарна единица од Охрид се на терен и работат на локализирање на пожарот. Се врши пресек и создавање заштитна линија со цел […]

Локализиран пожарот на локалната депонија во Валандово, на терен делуваа и два ер – трактори


Локализиран е пожарот на градската депонија „Сува Река“ кај Валандово што избувна денеска по 13 часот. На терен се делуваше и со два ер – трактори. – Пожарот е целосно локализиран, а на терен дежураат единиците на ТППЕ Валандово и вработените во ЈП Македонски шуми од подружницата Валандово – градоначалникот на Општина Валандово, Ѓоко Камчев.  […]

Утрово повторно имаше пожарот на депонијата „Краста“ во Кумановско, состојбата се санира


Изутрината, повторно имаше пожар на депонијата „Краста“, лоцирана на локалниот пат Куманово-Пчиња. Како што соопшти градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, во моментов состојбата на депонијата е стабилна и активно се работи на нејзино санирање. – Во раните утрински часови повторно е дојдено до самоопожарување на јужната страна од депонијата поради ефектот на подземните гасови […]

Брисел прогласи војна против еко-криминалот: Затворски казни за раководителите на компаниите загадувачи


Новата директива на Европската Унија предвидува драстично зголемување на паричните глоби, но и затворски казни за менаџерите на компаниите кои профитираат од уништување на природата. Европската Унија донесе одлука за значително поострување на казнената политика во секторот за заштита на животната средина, ставајќи ги на директна мета илегалните депонии, криумчарењето опасен отпад и сите форми […]

Се бараат изведувачи за ремедијација на малата депонија во „Охис“


Владата, во партнерство со Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС), организираше „Форум за јакнење на капацитетите на добавувачи“ во рамки на Националниот еколошки фонд за чистење на контаминираните локации на поранешната фабрика ОХИС во Скопје. Форумот привлече 28 домашни и меѓународни компании, даватели на еколошки услуги, технички експерти и релевантни институции и беше […]

(Видео) Повторно се чисти депонијата кај „Борис Трајовски“ во Карпош 3


Градоначалникот Сотир Лукровски и директорот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, Данијел Апостолоски, вчера беа на увид во комуналните активности кои се одвиваа во непосредна близина на спортскиот објект во населбата Карпош 3. Како што информираат, овој простор е постојана мета на несовесните граѓани, кои го одложуваат крупниот и кабастиот отпад на оваа локација. – За таа […]

Инспекциска акција во Центар, нема толеранција за диви депонии и небезбедни напуштени објекти


Инспекциските служби на Општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ „Буњаковец“. На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомните лица, затекнати во руинираниот […]

(Видео) Еколошка катастрофа крај Ужице: 800 кубици отров се излеа во поток, институциите молчеа со часови


Депонијата „Дубоко“ повторно се претвори во еколошка бомба. Поради хаварија во собирната шахта, во Турски Поток се излеале над 800 кубни метри концентрирани, загадени процедни води, додека надлежните институции со часови не презеле ништо. Реакција имало дури откако граѓанското здружение „Да не дишеме Дубоко“ го пријавило инцидентот. Наместо итна интервенција и јасна одговорност, јавноста доби […]

Депонијата што се урна на Филипините уби 11 луѓе


Бројот на жртви од лизгање на земјиштето на депонија во централните Филипини се искачи на 11, соопштија властите. Несреќата се случи минатата недела на депонијата Биналив во градот Себу, додека повеќе од 100 работници беа на местото. Спасувачите досега извлекоа 12 повредени лица од урнатините, но повеќе од 20 лица се уште се водат како […]

Трагедија без предупредување: Се урна депонија, еден мртов, 38 се заробени под ѓубрето


Додека лавината од ѓубре ги изненади сите, некои вработени во фабриката што беше погодена од лавината велат дека со години биле загрижени за големината на купиштата ѓубре што се натрупувале во нивна близина. Едно лице загина, а 38 се водат како исчезнати откако се урна депонија на Филипините. Извештаите сугерираат дека тие биле заробени во […]

Расчистена депонијата под Кале


Актуелниот градоначалник на Општина Центар и кандидат од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Горан Герасимовски, денеска, заедно со директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, Душко Коцевски, учествуваше на акцијата за чистење на депонијата кај полигонот на Кале. Како што посочи Герасимовски, хигиеничарите на ЈП ПОЦ заедно со службите на Општината се постојано на […]

Вардариште, кога ќе порасне, сонува да биде „Хилерод“


Во ек на изборната кампања за градоначалници, каде многумина ќе се обидат да седнат во градоначалнички канцеларии, едно видео на нашинец заминат во Данска покажува како може да се решат македонските депонии. Во време кога денеска попладне во 18 часот, аеродромци повторно ќе ја блокираат крстосницата меѓу Аеродром и Гази Баба за да ги повикаат […]

Подметнат пожар на депонијата во Арачиново – смрдеа се чувствува во делови од Скопје


Вечерва е подметнат пожар во депонијата близу Арачиново покрај стариот пат кон Куманово, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Оваа депонија има ограда и влезна врата. Скопските пожарникари ја затекнале вратата на депонијата отворена, во депонијата имало фрлена поголема количина на пакуван сончоглед кој горел со силен пламен но и други горливи производи. Најверојатно намерно […]

Меџити ја затвора нестандардната депонија за отпад во Никуштак


Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска донесе одлука за затворање на несoстандардната депонија за отпад во Никуштак, општина Липково.   Во одлуката, Меџити посочува дека оваа мерка е донесена со цел заштита на животната средина, животот и здравјето на граѓаните, бидејќи постоечката локација за отстранување на комунален отпад во Никуштак не […]

Со 5 милиони денари се чисти депонијата во Никуштак


Министерството за животна средина и просторно планирање денес ја започна акцијата за санација на дивата депонија во селото Никуштак, општина Липково. Оваа депонија, идентификувана како една од најопасните во Националниот план за управување со отпад, претставува сериозна закана за здравјето и животната средина, како за жителите на Липково, така и за соседните општини. Честите пожари […]

Општините од Југозападниот и Пелагонискиот регион ќе добијат 83 возила за комунален отпад


Општините од Југозападниот и Пелагонискиот регион ќе добијат 83 возила и друг вид опрема за комунален отпад. Целта е да се воспостави современ функционален и еколошки безбеден систем за управување со отпад по европски стандарди. Договорите за набавката на опремата во вредност од 10,7 милиони евра беа потпишани денеска во Владата. Набавката е дел од […]

Екипи на Општина Кисела Вода расчистуваа „мини депонии“


Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски сподели дека нивните екипи од Секторот за местни заедници изминативе денови интензивно работеле на расчистување на мини депониите кои беа создадени на територијата на општина Кисела Вода, од страна на несовесни граѓани. Генерално, како што соопшти, се работело за кабаст отпад и шут. Правилното складирање и управување со […]

Десет лица од ЈП Комуналец Кичево повикани на разговор – одлагале отпад на дива депонија!


На 04.06..2025 година полициски службеници од ОВР Кичево, постапувајќи по пријава од граѓани во врска со работата на дивата депонија во кругот на поранешниот Керамички комбинат „Вранешница“ во Кичево, а поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело по член 230 од КЗ на РСМ („загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“) […]

ДКСК ќе поднесе иницијатива за кривично гонење против јавно комунално претпријатие за спроведени незаконски јавни набавки


Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) донесе одлука за поднесување иницијатива за кривично гонење до Основното јавно обвинителство против едно јавно комунално претпријатие за сомнежи за спроеведени незаконски постапки за набавки во врска со третман на градска депонија од пожари. Подносителот, како што информира известителот по предметот Билјана Каракашова Шулев на денешната 19-та седница, […]