Утврдени предлог законските измени за зголемување на сумата на повратот од ДДВ


Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, предложен од Министерството за финансии. Со предложените измени, се зголемува највисокиот дозволен износ што може да се врати на едно физичко лице за едно календарско тримесечје. Како што […]

Владата усвои измени на законите за данокот на личен доход, за ДДВ и за данокот на добивка


Владата денеска усвои предлози за измени и дополнувања на неколку закони, предложени од Министерството за финансии, а кои што се дел од даночната реформа што треба да стартува од 01 јануари 2023 година. Владата, на денешната седница го усвои Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на личен доход. Измените, како што […]

Струјата од Нова година ќе се оданочува со 10 отсто ДДВ наместо сегашните пет отсто


Данокот на додадена вредност за електричната енергија од Нова Година ќе изнесува 10 отсто, изјави вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими. Од мај годинава, како една од владините антикризни мерки, струјата се одначува со стапка од пет отсто ДДВ,   Бесими во гостувањето на Топ тема на ТВ Телма, рече дека оваа стапка ќе важи до […]

Дополнително намалување на ДДВ-то нема многу да ја поевтини струјата, клучно е да се штеди, порача Ковачевски


Дополнителното намалување на ДДВ-то не би имало големо влијание на цената на електрична енергија, бидејќи таа на слободниот пазар е над 1.000 евра, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во однос на барањата на бизнис секторот за ублажување на ударот од високите цени на струјата за компаниите. – Во однос на намалувањето на ДДВ-то, тоа е […]

Од „Playstore“ немаме повратна информација за апдејтираната верзија, вели Лукаревска за проблемот со „МојДДВ“


Директорката на УЈП, Сања Лукаревска денеска информираше дека околу апликацијата за скенирање фискални сметки „МојДДВ“ за телефоните од моделите „Huawei“ и „Iphone“ достапна е новата верзија на апликацијата и може да се скенира со напредниот скенер. -Од „Playstore“ сè уште немаме повратна информација кога новата апдејтирана верзија ќе биде ставена во оптек. Тоа не зависи […]

Битиќи: Пет отсто ДДВ за струјата до крајот на годината, новото тарифирање ќе биде правично


Данокот на додадена вредност (ДДВ) за електричната енергија до крајот на годината ќе остане пет отсто, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Засега, нагласи Битиќи, не може да се каже колкаво ќе биде евентуалното поскапување на струјата.Се уште се прават калкулациите за менување на тарифникот кој, како што напомена вицепремиерот, ќе биде праведен […]

Турција го намали ДДВ во обид да ја спречи инфлацијата која достигна 54,4 отсто


Турција го намали данокот на додадена вредност на голем број производи, вклучително и медицинска опрема и производи за хигиена, за да се избори против инфлацијата, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Одлучивме да го намалиме ДДВ за производи како што се детергенти, сапуни, тоалетна хартија, салфетки и пелени за бебиња од 18 на 8 отсто“, […]

Основните прехранбени производи без ДДВ, се очекува намалување на малопродажните цени


Дел од основните прехранбени производи од вчера се продаваат со нула проценти ДДВ, а од минатата недела намалени се и маржите. Без ДДВ се продаваат лебот, брашното тип-400, млекото со масленост од 2,8, од 3,2 и од 3,5 проценти масленост, белиот шеќер, сончогледовото масло, месото и други кланични производи за јадење, белиот ориз и јајцата. […]

Од денеска нула проценти ДДВ за основните прехранбени продукти


Од денеска стапи во сила мерката за намалување на ДДВ-то за основните прехранбени продукти од пет на нула проценти, која е дел од пакетот мерки што Владата ги донесе со цел зачувување на животниот стандард на граѓаните во услови на криза. Со оваа мерка, лебот, брашното тип-400, млекото со масленост од 2,8, од 3,2 и […]

Од утре нула проценти ДДВ за основните производи за исхрана


Сите маркети кои продаваат леб, брашно тип -400, млеко со масленост од 2%, 3,2% и 3,5 % масленост, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз, и јајца ќе мора најдоцна до утре 17 март 2022 година да ги прилагодат фискалните апарати, соопштија од Управата за јавни приходи. Ова значи […]

Собранието ги донесе измените на законите за ДДВ и за акцизи


Со 95 гласа „за“, ниту еден „против“ и „воздржан“, Собранието доцна вечерва ги усвои Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, а со 96 гласа „за“ и исто така без ниту еден „против“ и „воздржан“ и Предлогот на закон за дополнување на Законот за акцизите, и двата по […]

Цената на горивата денеска нема да се менува, РКЕ веднаш ќе реагира штом се донесат измените за акцизите и ДДВ


 Цената на нафтените деривати денеска нема да се менува бидејќи не се исполнети условите за тоа, потврдија за МИА од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Што се однесува до предложените законски измени кои се во собраниска процедура, од РКЕ велат дека во моментот кога измените на Законот за акциза стапат во сила, односно штом Собранието […]

Собраниската седница за измените на законите за ДДВ и за акцизи утре во 15 часот


Претседателот на Собранието, Талат Џафери за утре во 15 часот ја закажа 67. седница на чиј дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност и на Законот за акцизи. Измените и дополнувањата денеска беа доставени од Владата до Собранието. Како што соопшти Владата, измените и дополнувањата треба да бидат донесени […]

Измените на законите за ДДВ и за акцизи стигнаа во Собранието


 Собранието на Република Северна Македонија соопшти дека пристигнале измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност и на Законот за акцизи што денеска ги испрати Владата. Како што велат од собраниската прес-служба, се уште нема информација за свикување седница за овие  закони. Моментно, претседателот на Собранието, Талат Џафери е на пленарна седница. Владата […]

Продолжен рокот за поднесување ДДВ-04 пријава до 28 јануари 2022


Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата се продолжува за три работни дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 28 јануари 2022 година. Како што соопшти Управата за јавни приходи, рокот за поднесување на ДДВ-04 пријава е согласно Законот за даночна постапка, во услови на ограничени човечки и временски ресурси и намалени капацитети кај даночните обврзници, […]

Лани на фирмите вратени 488 милиони евра по основ на ДДВ, за 22,8 отсто повеќе од 2020


Државата во текот на 2021 година извршила поврат на ДДВ кон стопанството за 22,8 проценти повеќе во однос на 2020 година и за 20,8 проценти во споредба со 2019 година. Од Министерството за финансии денеска информираа дека кон фирмите по основ на поврат на ДДВ во текот на 2021 година се слеани вкупно 30 милијарди […]

Полска ќе го намали ДДВ-то за некои прехранбени производи на нула


Полската влада има намера да го намали ДДВ-то за некои прехранбени производи на нула од 1 февруари, како дел од програмата за даночни намалувања и парични средства кои треба да го ублажат влијанието на спиралната инфлација врз потрошувачите. Полска побара одобрение од Европската унија за промена на даночните регулативи за намалување на ДДВ на храната, […]

Намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто за поскапените градежни материјали, бараат градежниците


Намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто при увоз на градежни материјали за кои ќе докажат дека се поскапени и доследно спроведување на Законот за облигациони односи во членот 656 за материјали чие поскапување битно влијае на компаниите или на граѓаните, побараа од Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската […]

Заев: И јас скенирам фискални сметки


Премиерот Зоран Заев денеска рече дека и тој скенирал фискални сметки за поврат на средства за ДДВ. „Ја симнав апликацијата, ги советувам и пратениците и сите граѓани да го прават истото“, напомена премиерот од собраниската говорница. Досега, како што потврди, над 135.000 граѓани ја симнале апликацијата, а државата ќе треба да им врати над 700.000 […]

Стартува владиниот проект за поврат на ДДВ за граѓаните


Граѓаните првпат имаат можност да побараат поврат на 15 проценти од платениот Данок на додадена вредност (ДДВ) откако денеска почна примената на владиниот проект „Мој ДДВ“. Од оваа услуга на граѓаните ќе им бидат вратени најмногу 50 милиони евра годишно, а лимитот за едно лице ќе изнесува 1.800 денари квартално или најмногу 28.800 денари годишно […]