„За жал, кризата во Заливот ќе потрае“: Мицкоски го „чува“ намалувањето на ДДВ за бензините за понатаму?


Премиерот Христијан Мицкоски смета дека кризата во Заливот ќе потрае, а со тоа и состојбата на пазарот на нафтени деривати, чија цена изминатите неколку недели е повторно во пораст, а согласно одлуката на РКЕ од понеделникот дизелот чини 101,5 денари за литар, а бензинот 95 денари за литар, што е нивна највисока цена уште од […]

Во понеделник ќе се знае дали ќе има нови мерки за дизелот и за бензините, вели Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски денска изјави дека во понеделник ќе се знае дали Владата ќе интервенира дополнително кај акцизите и ДДВ за нафтените деривати. Тој рече дека е добро што цената на нафтата на светските пазари се стабилизира и дека врз основа на тоа следната недела очекува значајно намалување на цента на дер „Знаете дека на […]

Владата не планира ново намалување на ДДВ за дизелот


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека не се планира нова мерка за намалување на ДДВ-то за дизелот истакнувајќи дека според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) државава е меѓу првите три држави во Европа според аплицирани мерки во однос на БДП. – Граѓаните од соседните држави ја зголемија потрошувачката на бензинските стници во Македонија, во одредни денови за […]

Владата го врати ДДВ за дизелот на 18 отсто, Мицкоски вели сме биле трети во Европа според преземените мерки


Македонија е меѓу трите европски држави што презеле најобемни мерки за ублажување на ефектите од ценовните шокови, а од утре се очекува ново поевтинување на бензините и дизел-горивото за денар и половина, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Владата, инаку, на вчерашната седница го врати ДДВ за дизел-горивото на 18 проценти, наместо претходните 10 проценти, бидејќи, […]

Помало ДДВ, намалување на акцизите… СДСМ ќе предложи пакет закони за справување со кризата


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес конференција најави дека пратеничката група на СДСМ ќе предложии пакет закони со кои ќе им се помогне на граѓаните полесно да се справат со последиците од постојната економска криза предизвикана од зголемените цени на горивата. Предлозите се состојат во намалување на ДДВ за горивата, потоа налаување на […]

Новиот Закон за ДДВ ги заглави пратките од странство на Царина, „Пошта“најавува забрзување на царинските формалности


„Пошта на Северна Македонија“ информира дека работи на изнаоѓање решение за забрзување на царинските формалности и обработка на пратките откога дојде до забавување при обработката и царинските прегледи поради новите обврски со измените на Законот за данокот на додадената вредност (ДДВ). Со измените на Законот за ДДВ, што стапија во сила на 18 декември лани, […]

Останува повластената стапка на ДДВ од 5 отсто на новоизградени станови до крајот на 2028.


Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари 2026 година. Ова го предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност што беа усвоени во Собранието, поптврдуваат од Министерството за финансии (МФ). -Согласно измените на Законот, рокот на примена на повластената стапка од 5 проценти […]

Нема промени во делот на наплата на ДДВ при прием на пратки од TЕМУ, велат од Министерството за финансии


Министерството за финансии информира дека усвоените измени и дополнувања на Законот за ДДВ нема да влијаат на начинот на кој граѓаните ги преземаат своите пратки од странство, вклучително и оние нарачани преку платформата ТЕМУ. Пратките кои граѓаните ги порачуваат од ТЕМУ и досега имаа пресметан ДДВ во цената на производот. Истата практика продолжува и по […]

МФ очекува 65 илјади евра месечно од ДДВ за пратките до 22 евра, цените за крајните корисници ќе биле исти


Собранието ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки со вредност до 22 евра. Целта на овие законски измени се зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места, посочуваат од Министерството за финансии (МФ). -Спроведувањето на […]

Дали со ДДВ за евтините пратки од Тему ќе се штитат домашните фирми: Измените на Законот за ДДВ одат на второ читање


Собранието попладнево во рамки на 70-та седница донесе одлука дека Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност е прифатлив, и го проследи на натамошно второ читање. Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски при образложувањето предложениот текст пред пратениците истакна дека се предлага укинување на постојното ослободување од ДДВ за […]

Предлогот со ДДВ да се оданочуваат и пратки од увоз до 22 евра помина на матичната собраниска Комисија


 Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност го помина првото читање пред собраниската Комисија за финансирање и буџет. -Се предлага укинување на постојното ослободување од ДДВ за увоз на пратки со мала вредност, до 22 евра, испорачани од странство до примачи во Македонија. Предлогот предвидува и ослободување од ДДВ за […]

Со ДДВ ќе се оданочуваат и малите пратки до 22 евра од странство, на удар порачките од „Тему“


Владата предлага и на малите пратки од странство да се пресметува данок на додадена врдност од 18 отсто, од што за сега се ослободени. Ваквиот предлог е веќе доставен до Собранието како измени и дополнувања на Законот за данокот на додадена вредност со кои се предвидува од оваа обвска да бидат изземени само „мали пратки […]

Шведската влада планира да го преполови ДДВ-то за храна за да им помогне на домаќинствата


Шведската влада планира да го преполови данокот на додадена вредност (ДДВ) за храна на 6% во предлог-буџетот за 2026 година за да им помогне на домаќинствата и да ја зајакне економијата, изјави премиерот Улф Кристерсон. Вицепремиерката Еба Буш изјави дека намалувањето на ДДВ ќе биде привремено, од април 2026 година до декември 2027 година. Оваа […]

Скенирате фискални? Исплата до крај на август


Исплатата на повратот на ДДВ за скенираните фискални сметки од вториот квартал 2025 година (април–мај–јуни) ќе биде целосно реализирана најдоцна до 31 август, согласно законскиот рок од 60 дена по завршување на кварталот. Граѓаните кои ги исполниле условите, скенирале сметки и имаат точно внесени трансакциски сметки, средствата ќе ги добијат автоматски по обработката. Од Управата […]

УЈП минатиот месец наплатила за 37,4 милиони евра повеќе од лани по основ на даноци и социјални придонеси


Управата за јавни приходи соопшти дека во јули е остварен значителен раст на наплатата по основ на даноци и социјални придонеси за речиси 37,4 милиони евра во споредба со истиот период лани.  -Вкупната наплата од даноци (данок на додадена вредност (ДДВ), данок на личен доход (ДЛД) и данок на добивка ДД) изнесува 14.344 милиони денари, […]

УЈП повикува да се исполнат ДДВ обврските – загрижувачка состојба по истекот на рокот на 25 јули 2025


Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека заклучно со 25 јули 2025 година евидентирана е загрижувачка состојба во однос на исполнувањето на обврските поврзани со данокот на додадена вредност (ДДВ). Според последните податоци: • Не се поднесени ДДВ-пријави од 142 месечни и 2.134 тримесечни обврзници. • Пријавен, но неплатен ДДВ-долг е евидентиран кај 1.326 […]

Премиерот вели дека е редовен повратот на ДДВ кон стопанството


Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е редовен повратот на ДДВ кон стопанството и дека нема поголеми отстапувања од она што било пракса во минатото. Тој нема информации, како што рече, дека се чека над три месеци и ги повика сите што мислат дека им се должи, слободно да му се обратат. -Нема поголеми отстапувања од […]

Битиќи: Владата не враќа ДДВ, не исплаќа плати и енормно се задолжува кај домашните банки


Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи вчера во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 предупреди на сериозни проблеми со јавните финансии и економската политика на Владата. „Реалноста е таа дека ние сме влезени во циклус од 6 до 9 месеци на невраќање на ДДВ и неплаќање на обврски кон стопанството, коешто Владата не го кажува, а […]

УЈП: Поддршка за поднесување на ДДВ-04 пријави, рокот е до 25 април


Управата за јавни приходи како одговор на барањата на сметководителите и даночните обврзници презема активности со цел обезбедување поддршка за брзо решавање на технички и административни прашања при користење на системот за е-Даночни услуги, како поддршка во процесот на поднесување на ДДВ-04 пријавите. Со цел да се обезбеди непречено поднесување на ДДВ-04 пријавите за овој […]

ЛДП предлага Викенд без ДДВ


ЛДП повторно ја актуелизира идејата за воведување Викенд без ДДВ во државата. „Потсетуваме, Викенд без ДДВ е предлог на ЛДП вметнат во партиската програма уште во 2012-та година и беше мерка од претходната влада која додека беше активна, покажа добри резултати. Предлагаме новиот Викенд без ДДВ да има две варијанти. Првата – да се воведе […]