Бизнис заедницата го поздрави одложувањето на реформата за прогресивно оданочување


Четирите стопански комори во државава испратија официјален допис до Министерството за финансии со што го поздравија одложувањето на најавената даночна реформа за прогресивно оданочување. – Доколку прогресивното оданочување се реализира, во моментов би имало негативни последици врз целата бизнис заедница, покажа неодамнешното истражувањето на 546 домашни претпријатија што го спроведоа  Стопанската комора на Македонија, Стопанска […]

Роналдо плати казна од 13,5 милиони евра за затајување на данок во Шпанија


Фудбалерот Кристијано Роналдо ја плати казната од 13,5 милиони евра во Шпанија што му беше изречена поради затајување на данок. Претходно, тој беше осуден на условна казна затвор од две години и требаше да плати казна од 18,8 милиони евра. Роналдо го призна делото, a неговиот адвокатски тим досега не можеше да постигне спогодба со […]

Персоналецот ќе има и трета стапка од 15 отсто?


Министерството за финансии доцни со новата регулатива за оданочување на личните примања. Предлог-верзијата за новиот закон за персонален данок на доход никако да дојде до Националниот регистар на прописи ЕНЕР. Министерот за финансии Драган Тевдовски во повеќе наврати најави дека јавната дебата за прогресивното оданочување ќе почне откако во мај граѓаните и компаниите ќе ги […]

Професорите против прогресивниот данок – Дракулевски: И сега плаќаме петпати повеќе данок


Оние што имаат 2.000 евра лични приходи плаќаат 10 отсто персонален данок, и тоа е петпати повеќе данок од оние што имаат просечна плата. Овие луѓе плаќаат и во Фондот за здравство поголема сума од оние што земаат просечна плата. А многу ретко ќе појдат во аптека од 1 до 5 во месецот и многу […]

Црна Гора има 64 милионери кои не плаќаат данок на богатството


Црна Гора има 64 милионери, но тие не плаќаат данок на своето богатство. Голем број иницијативи до Владата да воведе дополнителен данок на луксуз останаа без одговор. Претставници на невладиниот сектор реагираат што граѓаните плаќаат такси за гориво, струја или цигари, а нема волја да се оданочат енормно богатите. Најбогатиот Црногорец на својата банкарска сметка […]

Анѓушев: Се анализираат придобивките од воведувањето повисок персонален данок


Во моментов во Владата се изработува анализа за да се види кои ќе бидат придобивките од воведувањето повисок персонален данок за лицата кои повеќе заработуваат, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. – Сметам дека треба да се направи математичка анализа и модел да се види кои ќе бидат придобивките од персоналниот данок што, […]

Данок за богати на приходи над 1.000 евра?


Министерот за финансии, Драган Тевдовски и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев имаат различно видување за висината на приходите над кои треба да се пресметува повисока стапка на персонален данок на доход од 18 отсто. За Тевдовски, границата меѓу пониското и повисокото оданочување треба да биде поставена на 1.000 евра. „Ако ги видите податоците на […]

Санчез осуден на 16 месеци затвор за затајување данок


Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез е осуден на 16 месеци затвор поради затајување данок во Шпанија во висина од еден милион евра, но нема да ја отслужи казната зад решетки, бидејќи првпат направил таков прекршок и затоа што казната е помала од две години. Поранешниот напаѓач на Барселона ја призна вината и ќе го […]

УЈП: До 15 март да се пријават дополнителни приходи во 2017


Управата за јавни приходи ги повикува граѓаните до 15 март да поднесат Годишна даночна пријава доколу во 2017 година оствариле дополнителни приходи во земјата и од странство. Како што информираат треба да се пријават приходи остварени по основ на награди, бонуси и други надоместоци од работен однос, кирии (издавање на имот – закуп или подзакуп), […]

УЈП: Нови рокови и начин на пријавување персонален данок на доход


Со Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход, од 1 јануари 2018 година се воведе нов начин на пресметување и плаќање на персонален данок на доход, со поднесување на Електронска пресметка (е-ППД) до Управата за јавни приходи преку системот е-Персонален данок е-пдд.ујп.гов.мк. Треба да поднесат електронска пресметка граѓаните за приходи […]

Не стивнуваат реакциите во јавноста:Универзитетски професори бараат да се преиспита двојното оданочување


По програмерите, финансиските аналитичари, хонорарците, земјоделцитe сега и универзитетските професори остро реагираат на обврската за остварените годишни персонални доходи надвор од редовен работен однос што се повисоки од еден милион денари да се регистрираат во УЈП и да плаќаат ДДВ. Велат, не е логично да плаќаат ДДВ кога тие редовно одат на работа во институција […]

„Гугл“ скрил 19,2 милијарди долари на Бермудите


Американската компанија Гугл префрлила 19,2 милиајрди долари на Бермудите во 2016 година што им овозможило заштеда на повеќе од три милијарди долари на даночна основа. Користејќи даночни „дупки“, Гугл префрлил седум отсто повеќе пари отколку во 2015 година, остварувајќи заштеда од 3,7 милијарди долари, објави Економик тајмс. За да „заштити“ профит остварен во странство од […]

Од понеделник нов начин и пресметување на персоналниот данок


Од 1 јануари 2018 година согласно измените и дополнувањата на Законот за персоналниот данок на доход се воведува нова процедура за пресметување и плаќање на обврските за персонален данок на доход, односно пресметувањето на данокот ќе се врши со поднесување на Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД) до Управата за јавни приходи, преку новиот […]

Менаџерите бараат да нема промена на стапката на персонален данок на доход


Да не се менува персоналниот данок на доход и да не се прават промени кај данокот на капитална добивка, побараа од Асоцијацијацијата на менаџери на Македонија на денешната дебата дебата пред премиерот Зоран Заев и минситерот за финансии Драган Тевдовски. – Најдобро е да нема измени. Аргументи за тоа се дека се наградуваат просечните, а […]

Заев најави поврат на ДДВ од 2019 година, во просек ќе се враќаат по 500 евра на семејство


Проектот на Владата, кој е дел од предизборните ветувања, за поврат на ДДВ на граѓаните, ќе стартува во два региона во 2018 година, а од ефектите што ќе се покажат, се очекува да се прошири на целата територија во 2019 година. Ова го најави премиерот Зоран Заев денеска одговорајќи на пратенички прашања истакнувајќи дека со […]

Фармерите алармираат: Измени на Законот за персонален данок ќе удрат по најсиромашните земјоделци


Измените на Законот за персонален данок на доход негативно ќе се одразат врз земјоделците, а дел од предвидените решенија посебно ќе удрат по најмалите и најсиромашни производители, смета Националната федерација на фармери (НФФ). Измените, реагира НФФ, се направени многу брзо, без јавна, транспарентна расправа и без да се информираат и консултираат засегнатите страни, вклучително и […]

Земјоделците ќе плаќаат персонален данок за приходи од продажба на сопствени производи


Приходите од продажба на сопствени земјоделски производи ќе подлежат на оданочување, предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за персонален данок на доход што ги предлага Владата. Согласно измените, овие приходи ќе бидат утврдени како посебна категорија во Законот. – Со цел да се олесни плаќањето на персоналниот данок на доход за оваа категорија лица, со […]