Не може само да се издаваат соби и апартмани – треба да се плати и данок


 Во екот на летната туристичка сезона, кога традиционално се зголемува обемот на туристички услуги и обемот на приходи од нив, Управата за јавни приходи информира дека спроведува координирани активности насочени кон поттикнување на доброволната даночна усогласеност и обезбедување еднакви услови за вршење дејност. – Во фокусот на активностите се приходите што физичките лица ги остваруваат […]

Нервоза кај олигарсите на Орбан. Унгарија ќе воведува данок на богатство


  Во слабо осветлено телевизиско студио, еден од најбогатите луѓе во Унгарија е на работ на солзи. Почеток на мај е, неколку недели по општите избори со кои се стави крај на 16-годишното владеење на Виктор Орбан, а рекламниот магнат Балаши Ѓула има да објави нешто. Ѓула му кажува на новинарот дека штотуку ги предал […]

Германија ги ослободила од плаќањето данок, но од УЈП нема бегање


  Македонски студенти кои во текот на минатата година оствариле приход од работа во Германија (преку т.н. можност „ворк енд травел“, односно комбинација на работа и патување), денеска протестираа пред Управата за јавни приходи поради тоа што за парите што ги заработиле во странската држава, ќе треба да платат данок во нашата земја. На протестот […]

Градот Скопје почна присилна наплата на данок на имот за 2021 година – должат 2,5 милиони евра


Градот Скопје на 9 декември 2025 година упати јавен повик до сите даночни и таксени обврзници, правни и физички лица, кои имаат неплатени обврски по основ на данок на имот, данок на промет, наследство и подарок, како и комунална такса-фирмарина за изминатите години, да ги подмират своите долгови во најкраток можен рок. Заклучно со 23 […]

УЈП не попушта за оданочувањето на приходите од странство


  Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, вели дека на граѓаните кои платиле данок на доход во странство, а на кои сега им е дојдено даночно решение и од УЈП, имаат сѐ уште време да ги приложат доказите до канцелариите на УЈП. Петрова тврди дека не може да се изврши двојно оданочување, а […]

УЈП за протестот во Куманово: Резидентите кои веќе платиле данок во странство нема да бидат двојно оданочени


Во врска со најавениот протест во Куманово за ретроактивно оданочување на приходи остварени во странство, Управата за јавни приходи известува дека постапувајќи согласно Уставот, законите и меѓународните договори што ја обврзуваат Република Северна Македонија, има обврска да обезбеди еднаква примена на законските правила за сите граѓани. Затоа, пред сè, сакаме јасно и недвосмислено да појасниме […]

УЈП досега наплатила 1 милион евра данок од 2.500 лица кои имале приходи во странство пред пет години


  Управата за јавни приходи до сега наплатила речиси еден милион евра даноци од лицата кои што остварувале приходи во странство пред пет години, а кои според евиденцијата на УЈП не ги пријавиле во своите даночни пријави. Ова денес на прес-конференција во Владата го посочи директорката на УЈП, Елена Петрова, која рече дека акцијата за […]

Над 9.000 лица на „списокот“ на УЈП за оданочување на приходите од странство од пред пет години


Над 9.000 лица евидентирала до сега Управата за јавни приходи кои во 2020 година оствариле доход во странство кој подлежи на оданочување. Оваа информација е дел од одговорите на прашањата кои „Независен“ ги упати до УЈП, по реакциите на повеќе граѓани кои добија покана да се јават во УЈП за да ги регулираат своите даночни […]

УЈП ги сардиса граѓаните, бара да платат данок за приливи од странство пред пет години


  Стотици граѓани деновиве ги „окупираа“ шалтерите и канцелариите на Управата за јавни приходи во Скопје и во подружниците низ целата земја, откако на нивна адреса стигнаа решенија за плаќање данок за приливите што ги имале од странство пред пет години, колку што е и законскиот рок пред да застарат побарувањата. Некои обврската ја прифаќаат […]

Околу 3.000 даночни обврзници немаат платено данок по ДПД-ГДП за 2024


Околу 3.000 даночни обврзници ја немаат подмирено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во Годишната даночна пријава. Управата за јавни приходи денеска соопшти дека законскиот рок за достава бил до 30 јуни и ги повикува даночните обврзници да платат бидејќи во следниот период ќе почне со опомена и присилна наплата.  – Согласно […]

Мицкоски ретерира за данокот за немажени и неженети, сакал да поттикне јавна дебата


Се разбира дека нема да има данок за немажени и неженети, изјави премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека целта била да се поттикне јавна дебата и изразувајќи исклучителна загриженост за демографската рецесија во Македонија последните години. Но, според Мицкоски, ние тивко исчезнуваме и изумираме и тоа поминува така незабележано и како да треба да се помириме […]

УЈП почна да доставува опомени за неплатен долг за данок на личен доход од ГДП за 2023


Управата за јавни приходи (УЈП) почна со доставување опомени за неплатен долг на даночните обврзници – физички лица кои должат по основ на утврдена обврска за плаќање во Годишната даночна пријава за утврдување на данокот на личен доход (ДЛД ГДП) за 2023 година. УЈП информира дека со состојба на денешен ден, по овој основ 3.042 […]

Двојно повисоки сметки за данок на имот во Тетово


Деновиве тетовци добија нови решенија за наплата на данок на имот кои се за 100 проценти па и повеќе повисоки од досега. Поради тоа голем број тетовци секојдневно доаѓаат во Општина Тетово каде бараат информации зошто се покачени сметките. Од секторот за финансии на Општината велат дека не се работи за покачување на сметките туку […]

Турција најави реформи: За компаниите минимален данок од 10-15 проценти


Турција ги претстави плановите за реформа на нејзината корпоративна даночна структура, вклучувајќи минимална стапка од 10 отсто. Имено, креаторите на политиката се обидуваат да ја оладат економијата од билиони долари и да ги зголемат државните приходи. Партијата на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Таип Ердоган во вторникот испрати обемен пакет даночни реформи до […]

(Во живо) Како глобалниот данок ќе влијае врз добивките на фирмите кај нас


Советот на странски инвеститори при Стопанската комора, во соработка со ПРАЈСВОТЕРХАУСКУПЕРС (PwC Северна Македонија) организираат презентација на тема: „Ефектите од глобалниот минимален данок врз добивките на компаниите во Северна Македонија“. Проследете ги изјавите: 

Деветгодишник најмлад денарски милионер, лани 28 граѓани оствариле приход од над 100 милиони денари


  Најмладиот денарски милионер во земјава има само девет година, а најстариот 97, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи, објавени денеска, врз основа на направената анализа од поднесените годишни даночни пријави за 2022 година. Во земјава се зголемува и бројот на граѓани кои оствариле приходи од над 1,6 милиони евра во текот на годината- […]

Зошто и како најбогатите не плаќаат данок


Давачка од само два отсто ќе донесат 250 милијарди долари годишно. Како што покажува извештајот на истражувачката група за следење на даноците на Европската унија (ЕУ даночна опсерваторија), на Вишата економска школа во Париз, доколку се соберат овие 250 милијарди долари даноци, таа сума би била еднаква на само два отсто од речиси 13 билиони долари […]

Новиот данок за моторни возила нов удар врз џебот на граѓаните


Купувањето и на стари половни автомобили станува луксуз за граѓаните- цената на данокот за увоз на автомобили во земјава е предвидено двојно да се зголеми, јавува Сител. Ако досега за возило до 10.000 евра не се плаќаше данок, сега тој ќе изнесува 1%. Двојно ќе се зголеми давачката и за оние возила кои повеќе загадуваат. […]

Нов потег на Москва: Сакате да ја напуштите Русија – треба да платите


Компаниите кои сакаат да го напуштат рускиот пазар, покрај сите дополнителни финансиски барања, ќе треба да платат и дополнителен данок на добивка. На Русија ѝ требаат пари, па нема да бидат поштедени ниту компании како Volkswagen, UniCredit или Raiffeisen Bank кои сакаат да излезат од нејзиниот пазар, пренесува Bloomberg. Москва воведе данок од 10 отсто […]

Арачиновец затаил данок, повеќе од 7.000 евра


 Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.И.(63) од село Арачиново, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. -Пријавениот, во текот на 2020 година преку сопствената банкарска трансакциска сметка во вкупно 18 наврати реализирал прилив на парични средства во вкупен износ од 4.837.240 денари, […]