Топлотниот бран во Грција во средината на јули еден од најдолгите регистрирани во земјата


Во периодот од 14 до 28 јули Грција беше соочена со топлотен бран во две фази, што според податоците на Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, беше ден од најдолгите топлотни бранови регистрирани во земјата со екстремно високи температури, а претходните два најдолги биле во изминатите три години, јави дописничката на МИА од Атина. […]

Грчките производители на маслиново масло бараат нови пазари поради царините на Трамп


Грчкиот производител на маслиново масло Константинос Пападопулос не губеше време кога претседателот Доналд Трамп се закани со американски царини напролет. Тој веднаш почна да бара алтернативни купувачи низ целиот свет. За неколку недели, неговата семејна компанија пронајде нов купувач во Бразил, каде што обично доминира португалското маслиново масло. Се очекува неговата прва пратка од 15.000 […]

Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран


Со два противпожарни авиони од типот канадер CL-415 и две противпожарни возила со осум пожарникари, Грција помага во гаснењето на големиот пожар во селото Николиќ во општина Дојран во близина на границата, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција соопштија дека попладнево во 18 часот по […]

(Фото) Почна изградбата на гасниот интерконектор со Грција вреден 60 милиони евра


Стартуваше изградбата  гасниот интерконектор со Грција во должина од 66,7 километри на потегот од Гевгелија до Неготино, со почетен капацитет од 1,5 милијарди метри кубни годишно.  Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, на означувањето на почетокот на градежните работи посочи дека проектот ќе донесе нови извори на природен гас, стабилно стабдување, пониски цени за граѓаните, поголема конкурентност […]

Во голема акција на Крајбрежната служба на Грција спасени околу 520 мигранти во близина на островот Гавдос


 Во морскиот дел на 17 наутички милји јужно од малиот грчки остров Гавдос утрово завршила повеќечасовната акција на Крајбрежната служба на Грција за спасување на околу 520 мигранти, јави дописничката на МИА од Атина. Од Крајбрежната служба на Грција информираа дека лицата кои се пренесувале во рибарски брод биле спасени од два брода, меѓу кои […]

Почнува изградбата на интерконекторот со Грција, ќе го гради кумановската „Рапид билд“


Во близина на Неготино денеска ќе почне изградбата на гасниот интерконектор со Грција кој од македонска страна ќе го гради кумановската компанија „Рапид Билд“ со која во мај беше потпишан договор.  На настанот, што е во организација на државната компанија која управува со националната гасоводна мрежа НОМАГАС, најавено е присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката […]

Грција испрати два канадера во Албанија за справување со големиот пожар на југот од земјата


Преку европскиот механизам за цивилна заштита, Грција испрати два канадери во Албанија за да помогнат во гаснењето на големиот шумски пожар во општина Фојник во јужниот дел на земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција, двата канадери кусо пред 18 часот попладнево […]

Згаснат пожарот на Халкидики – на Крит сè уште активен


 Без активно жариште e шумскиот пожар на вториот крак на Халкидики во регионот на Вурвуру, што избувна вчера околу 16 часот по локално време, информираше утрово портпарлот на Противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис, јави дописничката на МИА од Атина. Според Ватракојанис, пожарникарите продолжуваат со фрлање вода во целиот дел на пожарот, интервенираат 160 пожарникари […]

Виолетовата медуза повторно присутна во делови на Грција


Во морските делови во близина на градот Волос, во централниот и северниот дел на Евија и кај островите Скијатос и Скопелос, регистрирано е зголемено присуство на виолетовата медуза, информираа од Грчката опсерваторија за биодиверзитет, јави дописничката на МИА од Атина. Виолетовата медуза односно Pelagia noctiluca, како што посочуваат од организацијата „е импресивен, но опасен вид“ […]

ЕК ѝ изрече на Грција казна од речиси 400 милиони евра поради злоупотреби со земјоделските субвенции


Европската комисија ја казни Грција со 392 милиони евра поради неправилно управување со европските земјоделски субвенции во периодот од 2016 до 2023 година, јавува весникот „Катимерини“. Најголем дел од казната се должи на недоволниот надзор на грчката Организација за исплата и контрола на европските субвенции (ОПЕКЕПЕ), која беше укината на крајот на мај по голем […]

Политиката го избрка Ѓоковиќ од Србија – се сели во Грција


Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ги изненади Србите со одлуката дека нема да живее во Белград по завршувањето на кариерата, тврди грчката Газета. Одлуката на 38-годишниот тенисер ги изненади и разочара сите во Србија, а грчката Gazzetta.gr пишува дека по полуфиналето на Ролан Гарос во Атина, Ѓоковиќ заминал на одмор во Атина, каде […]

Нов 24-часовен штрајк на новинарите во Грција


Од 5 часот утрово, новинарите во Грција започнаа нов 24-часовен штрајк што е втор во период од една седмица, а земјата и денеска ќе биде без вести и информативни емисии, јави дописничката на МИА од Атина. Штрајкот е организиран од Грчката федерација на новинарски асоцијации во кој учествуваат сите новинарски здруженија, а главното барање на […]

Построги казни во Грција за сообраќајни прекршоци


Казни од 350 до 2.000 евра за употреба на мобилен телефон или за неносење кацига на мотор, намалување на дозволената брзина во населените места и зголемување на автопатите, казни од 2.000 до 8.000 евра за брзина од над 200 километри на час, меѓу другото, предвидуваат промените во законот за безбедност во сообраќајот, според алтернативниот министер […]

Анкета: Поскапувањата на цените остануваат најголем проблем за Грците


 За речиси половина од Грците (48,6 отсто) поскапувањето на цените останува еден од најважните проблеми во нивното секојдневие, а шест од десет анкетирани изразуваат песимизам за ситуацијата во земјата, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „MRB“ за грчката телевизија „Опен“, јави дописничката на МИА од Атина. Во однос на железничката несреќа […]

Хаос во Грција: Спречувале европски јавни обвинители да земат докази – реагираше и Лаура Ковеси


Пресметката меѓу обвинителите и персоналот на земјоделските агенции одговорни за исплата на европските субвенции траеше цел ден и цела ноќ. Двајца обвинители на Европското јавно обвинителство (ЕЈО), заедно со 20 полицајци, влегоа во грчката земјоделска агенција ОПЕКЕПЕ во Атина во 9:30 часот наутро со намера да ги земат бараните податоци во истрагата за измама со […]

Грција и Италија ќе инвестираат над 700 милиони евра во грчката железница


 Геополитичките прашања, миграцијата, безбедноста, енергетиката, климатската криза, но и билатералните односи, биле темите за кои разговарале италијанската премиерка Џорџија Мелони и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на нивната денешна средба во Рим, како и на вториот меѓувладин состанок меѓу Грција и Италија одржан по пауза од осум години, а паралелно беа потпишани и 14 договори и […]

За три дена во близина на грчкиот остров Гавдос спасени 270 мигранти и уапсени петмина криумчари


 Од вторникот до вчера, во близина на малиот грчки остров Гавдос, што се наоѓа јужно од Крит, во пет одвоени случаи биле откриени и спасени 270 мигранти, а уапсени петмина криумчари. Во текот на вчерашниот ден, во морскиот дел на 40 наутички милји јужно од Гавдос, чамец со 66 лица побарал помош, а веднаш интервенирале […]

Гасниот интерконектор со Грција почнува да се гради, ќе биде ставен во функција во 2027 година


НОМАГАС АД Скопје денеска потпиша договор со кумановската фирма Рапид Билд Доо за изградба на гасниот интерконектор со Грција, на потегот од Гевгелија до Неготино во должина од 68 километри, со кој се предвидува целосно да биде готов во рок од 22 месеца и да биде ставен во функција во 2027 година. Изградбата на интерконекторот […]

Грчката Влада ја презентираше националната стратегија за справување со врсничко насилство и малолетничка деликвенција


Националната стратегија за справување со врсничко насилство и малолетничка деликвенција за периодот 2025-2030 година, што вклучува политики за заштита на децата, иницијативи за справување со зависноста од интернет, активности против училишното заплашување, денеска беше презентирана од надлежните министри од грчката Влада, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за 29 нови политики и 69 […]

Министерство за туризам на Грција: Посетителите со кампери и приколки можат да се паркираат во организираните кампови


Граѓаните/посетителите со кампери можат да се паркираат во организирани кампови, односно во бизнисите кои работат законски и ги исполнуваат сите хигиенски и безбедносни стандарди за посетителите и, генерално, законските урбанистички и еколошки стандарди, со што се става крај на злоупотребувачкото окупирање на шумите, плажите, археолошките локалитети и, генерално, на просторите за јавна употреба од кампери […]