Грчката полиција откри уште четири случаи на детска порнографија


  Одделот за борба со електронски криминал на грчката полиција, открила четири нови случаи на детска порнографија со материјал од над 1.800 фајлови и веќе се уапсени две лица, а против други две лица е поднесена кривична пријава, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека во рамките на активностите за спречување […]

Годишната инфлација во Грција првпат по седум месеци падна под 10 проценти


  Годишната инфлација во Грција за месец октомври изнесува 9,1 отсто, намалена во споредба со податоците за септември и првпат по седум месеци падна под десет проценти, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од грчката служба за статистика, односно согласно месечниот извештај за инфлацијата и цените во Грција, општиот индекс на потрошувачки […]

Генерален штрајк во Грција


  За зголемување на платите, колективни договори и хумани услови за работа, но и „да се стави крај на политиката која ги прави богатите побогати, а сиромашните посиромашни“, двата најголеми грчки синдикати на вработените во приватниот (ГСЕЕ) и државниот сектор (АДЕДИ), денеска почнаа 24-часовен генерален штрајк, што ќе ја парализира земјата, јави дописничката на МИА […]

Грција во шок: Политичко-педофилски скандал ја тресе Нова демократија


Грција е во голем шок околу скандалот со силување, проституција и изнуда на 12-годишно девојче во Атина, кој излезе на виделина во понеделникот по истрагата на полицискиот оддел за заштита на малолетници. Двајцата мажи беа уапсени минатиот петок во врска со случајот, а скандалот еруптираше кога се дозна дека едниот од нив е член на […]

Шпионскиот скандал во Грција се шири, следени биле и министри


  АТИНА – Скандалот со шпионски софтвер во Грција, кој постојано се проширува, доби уште еден пресврт во саботата со објавувањето на долг список со имиња на државни функционери, новинари и бизнисмени насочени со злонамерен софтвер. Според грчкиот весник „Документо“, откриени се околу 33 лица кои имаат траги од нелегалниот шпионски софтвер „Предатор“ на нивните […]

Притворен познат грчки автор на детски книги поради поседување материјал со детска порнографија


Познат и наградуван грчки автор на детски книги е притворен поради поседување материјал со детска порнографија, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на извори од полицијата пишува дека 55-годишниот писател од интернет симнувал детски порнографски материјал, а рекол дека материјалот го симнал бидејќи сакал да напише […]

СИРИЗА и ПАСОК реагираат за одлуката германските тенкови да се испратат на Еврос, а не на островите


 Грчките опозициски партии СИРИЗА и ПАСОК- Движење на промена реагираат за изјавата на премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис дека оклопните возила Мардер кои земјата ги доби од Германија во замена за старите ΒΜΡ-1 што ги испрати во Украина, ќе се упатат на Еврос, а не на островите, јави дописничката на МИА од Атина. Од СИРИЗА […]

Препорака до Грците од 18 до 21 часот да ја ограничат употреба на електрични уреди што трошат многу струја


  Со цел да се постигне намалување за најмалку пет отсто на потрошувачката на електрична енергија во шпицот, министерот за животна средина и енергетика на Грција Костас Скрекас, препорача да се прават напори во периодот од 18 до 21 часот да се ограничи употребата на уреди кои трошат многу струја и доколку е можно, да […]

Во сообраќајна несреќа во Грција, полесно повредени петмина македонски државјани


Петмина државјани на Северна Македонија се полесно повредени и хоспитализирани, но не се во животна опасност по сообраќајната несреќа што кусо по полноќ се случила во северна Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, несреќата се случила на автопатот Егнатиа во близина на Амфиполи, откако, од засега непознати причини, автомобилот […]

„Кошница за домаќинствата“ во грчките супермаркети со 50 производи чии цени ќе треба да останат исти или да има минимални покачувања


Основни прехранбени продукти, производи за лична хигиена, средства за чистење, производи за бебиња и домашни миленици, според грчките медиуми, се дел од категориите вклучени во таканаречената „кошница за домаќинствата“ што ќе ја воведат супермаркетите во Грција и за конкретните производи ќе треба цените или да останат непроменети или да има минимално покачување, јави дописничката на […]

Над пет милиони потврдени случаи на Ковид-19 во Грција од почетокот на пандемијата


За 24 отсто се зголемил бројот на починати од Ковид-19 во Грција во изминатата седмица, а бројот на заразени се намалил за седум проценти, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), додека пак во земјата, од почетокот на пандемијата, потврдени се над пет милиони случаи на коронавирусот, јави дописничката на МИА од […]

Годишната инфлација во Грција 12 отсто, природниот гас за една година поскапен за 332 проценти


  Годишната инфлација во Грција за месец септември се искачи на 12 отсто, а за една година, цената на природниот гас се зголемила за 332 проценти, според официјалните податоци од грчката служба за статистика, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно месечниот извештај за инфлацијата и цените во Грција, општиот индекс на потрошувачки цени во […]

Пронајдени седум безживотни тела во близина на грчкиот остров Китира


  Во спасувачката акција на грчката крајбрежна служба во близина на островот Китира, пронајдени се безживотните тела на седум лица, по несреќата во средата вечерта, кога потона чамец со околу 95 мигранти, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека кај Китира, островот што се наоѓа јужно од Пелопонез, вчера […]

Земјотрес со јачина од пет степени регистриран во Грција


  Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтер беше регистриран во близина на Коринтскиот канал, кусо по еден часот по полноќ по локално време, јави дописничката на МИА од Атина. Земјотрес беше почувствуван во повеќе делови на земјата, како и во Атина. Епицентарот, според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, бил во морскиот […]

Во Грција почнува имунизација со прилагодените вакцини за новите подваријатни на Омикрон


Од денеска во Грција започнува имунизација со ажурираните и прилагодените вакцини против Ковид-19 кои заштитуваат од подваријантите БА.4 и БА.5 на мутацијата Омикрон, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретните вакцини, кои минатата седмица пристигнаа во Грција, ќе се користат само како прва или втора бустер доза, односно само за оние кои се веќе вакцинирани […]

Предупредување до жителите на западна Грција поради невремето „Богдан“


Невремето „Богдан“ од Италија, денеска се очекува да го зафати западниот дел на Грција, а до жителите на три области беше испратена порака од бројот 112 за итни случаи, да избегнуваат непотребни движења, јави дописничката на МИА од Атина. Доцна синоќа, порака добија сите оние кои се на островите во Јонско Море, со исклучок на […]

За 64 отсто зголемени бегалските бранови во Грција


 Во првите осум месеци од годинава, бегалските и мигрантските бранови во Грција се зголемиле за 64 отсто, споредено со истиот период лани, додека пак бројот на бегалци и мигранти кои престојуваат во земјата се намалил за 56 проценти, согласно податоците за август од Министерството за миграција и азил. Во Грција престојуваат вкупно 18.587 баратели на […]

Грција ќе воведе плафон на профитната маржа за огревното дрво и пелетите


  За да се запре драстичното зголемување на цените на огревното дрво и пелетите, Грција планира да воведе плафон на профитната маржа, како што е веќе пракса и за други производи, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за развој и инвестиции на Грција Адонис Георгиадис, говорејќи за грчката телевизија „Скај“ рече дека  постои зголемување […]

Грција: Уште еден опозициски политичар бил прислушуван


  Грчката афера со прислушување во врска со шпионската програма „Предатор“ се проширува откако левичарскиот опозициски пратеник му рече на обвинителот во петокот (9 септември) дека и неговиот телефон бил компромитиран. Христос Спирцис, поранешен министер и пратеник на главната опозициска левичарска партија Сириза, бил информиран дека неговиот телефон бил хакиран од „Предатор“, а тој сега […]

Раст за 7,7 отсто на БДП на Грција во вториот квартал од годинава


  Бруто домашниот производ на Грција во вториот квартал од годинава се зголемил за 7,7 отсто во споредба со истиот период лани, а за 1,2 проценти споредбено со првите три месеци од 2022 година, согласно податоците од грчката служба за статистиката, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за финансии на Грција Христос Стајкурас, коментирајќи […]