Груевски: „Тенк“ е бесмислен и апсурден предмет


Поранешниот премиер Никола Груевски по завршувањето на денешното рочиште за предметот „Тенк“ се пожали дека и денеска судењето траеше по завршување на работното време. – И денеска, иако не толку како што во претходни прилики што се случуваше судењата да траат по 11 часа, Судот надвор од работното време го продолжи судењето без да образложи зошто […]

Груевски: Вакви монтирани судења не се паметат од почетокот на 20-иот век


Екс премиерот Никола Груевски и денеска беше на судење наместо на интерпелација. Груевски мораше да се појави на судското рочиште Тенк, бидејќи судот одби тој денеска да биде слободен. “Ова политичка судска хајка конкурира за најголема политичка судска хајка. Вакви монтирани и политички судења не се паметат од почетокот на 20-иот век, ни во турско, […]

Судот го одби барањето на одбраната за целосно читање на содржината на доказите во случајот „Тенк“


Судот го одби барањето на одбраната во случајот „Тенк“ за целосно читање на содржината на писмените докази како неосновано и рочиштето продолжи со изведување на доказите од одбраната на поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, кои се обвинети за набавката на луксузниот „мерцедес“ […]

Груевски: Ме држат секој ден во судот за да не бидам во парламентот


Судскиот совет денеска постапи сосема спротивно од советот во четвртокот кога адвокатите побараа изземање на судиите, претседателите и нивните заменици на Кривичниот и Апелациониот суд, реагираше денеска поранешниот премиер Никола Груевски, кој е обвинет во повеќе предмети на СЈО. – За иста работа во четвртокот една одлука, денеска во вторник, друга одлука. Во четвртокот се […]

Груевски: Да имаше „Д“ од доказ против мене за 27 април одамна немаше да бидам тука


Да имаше „Д“ од доказ против мене, јас одамна немаше да бидам тука. Што не значи дека тие што ги уапсија се виновни. Апсолутно и тие не се виновни, но го понесоа товарот за овој случај, изјави поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одговарајќи на новинарсо прашање по завршувањето на првото рочиште за […]

Боксерот се врати во ринг


Спикерот на македонскиот парламент Талат Џафери вчера вторпат имаше блиска средба со гневните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, и овој пат со нивниот довчерашен лидер Никола Груевски. Груевски, кој изминатите десет години практикуваше другите да му ги вршат нечистите работи, а тој да седи во свилени ракавици, сега реши со Џафери да се пресмета сам. Што стои […]

Груевски: Против мене се води политички процес


Ова е политички процес против мене како и сите други обвиненија на СЈО, рече поранешниот премиер, Никола Груевски, на денешното рочиште за случајот „Тенк“, односно набавката на „мерцедесот“ од 600 илјади евра, за што покрај него, обвинети се и екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски. Реагираше судијката […]

„Тенк“ продлжува во петок, одбиени сите приговори на одбраната на Груевски


Судечкиот совет ги одби сите приговори на одбраната во случајот „Тенк“, во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, за набавката на луксузниот „Мерцедес“ од 600 илјади евра. Обвинетите нема да ги добијат прислушуваните материјали во аудио форма и тие во овој предмет ќе […]

Интервју на Мицкоски за „Независен“: Со Груевски немам чести контакти


„Низ процесот на мојот кариерен развој, што како професор на факултет, вклучително сега и низ политичките води, природно е да се добие еден комплетен карактер каде со својот авторитет и капацитет на носење на одлуки носам решенија кои се базираат на моја проценка за работите и низ консултација со мојот тим кој го имам. Што […]

Груевски: Тепањето во Собранието беше голема грешка


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во заминување, Никола Груевски, на денешниот конгрес во Валандово зборуваше и за „крвавиот четврток“, кој се случи на 27 април во Собранието, и истакна дека тепањето во Собранието било голема грешка. – Тие луѓе беа поведени од емоции. Но тепањето во Собранието беше голема грешка. Сакаа да создадат перцепција дека зад тоа […]

ВМРО-ДПМНЕ избира нов претседател на партијата


Во Домот на културата во Валандово денеска од 11 часот ќе продолжи со работа 16. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на кој што се очекува да биде избран новиот претседател на партијата по оставката на Никола Груевски. Синоќа, на првиот ден од работата на највисокиот партиски орган присуствуваа 411 од вкупно запишаните 544 делегати со што беше […]

Груевски: СЈО призна дека „бомбите“ се монтирани


Експремиерот Никола Груевски денеска утврди дека Специјалното јавно обвинителство потврдило оти прислушуваните разговори се монтирани. Обвини дека против него се врши прогон, па неделно му се закажуваат и по четири судења, а тоа против Зоран Заев не може да почне две години. Изјавите ги даде пред Кривичниот суд во Скопје каде требаше да се одржат […]

Груевски: Над 150 луѓе под атак на СДСМ


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски заедно со членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев и Александар Николоски оствари средба со меѓународниот секретар на Европската народна партија (EPP), Патрик Волер. На средбата стана збор за соработката на ВМРО-ДПМНЕ со семејството на Европската народна партија како и за актуелните случувања во државата. Груевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ […]

Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда


ВМРО-ДПМНЕ и вечерва со протест пред Министерството за правда побара ослободување на приведените пратеници и други лица за учество во настаните во Собранието од 27 април годинава. На протестот присуствуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, а пред насобраните граѓани се обратија Иван Иванов, Никола Србов, Јасмина Дамчевска и Дарко Костовски. – Целта им е да […]

Мицковски, Милошоски и Петровски во трка за наследник на Груевски?


До правната комисија на ВМРО – ДПМНЕ, односно во архивата на партијата пристигнале првите кандидатури за наследник на Никола Груевски. Како што дознаваме, генералниот секретар Христијан Мицковски, пратеникот Антонио Милошоски и поранешниот директор на Државниот архив на Република Македонија, Филип Петровски, и официјално влегуваат во трка за нов лидер на најголемата опозициска партија во земјава. […]

Се бара лидер за враќање на власта


По официјализирањето на оставката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, започна да тече рокот за пријавување кандидати за негов наследник. Иако во јавноста протекоа имињата на можните наследници, прв кој признава дека ќе се обиде да стигне до челната позиција во најголемата опозициска партија во земјава е Филип Петровски, довчерашниот директор на Државниот архив на […]

Груевски : Не планирам да се мешам во одлуките на делегатите, ниту да им сугерирам кого да поддржат


Во врска со појавените шпекулации дека како долгогодишен Претседател на партијата ќе поддржам или фаворизирам или како што велат „ќе застанам зад“ еден или друг од можните кандидати за претседатели на партијата во очи претстојниот 16- ти вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, сакам да одговорам на овие гласини и шпекулации, се вели во ФБ статусот на […]

Континуитет или промени во „белиот дворец“


Досегашниот развој на настаните околу вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ не ветува поголеми промени во политиките што ќе се кројат во наредниот период во раскошното седиште на сега опозициската партија. Единствената промена што моментно се чини извесна е заминувањето на Никола Груевски по безмалку една и пол деценија на партискиот трон, од кои десет години беше […]

Груевски веќе не е лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Конгрес на 23 декември


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски поднел неотповиклива оставка пред Централниот комитет на седницата која се одржа синоќа. Централниот комитет ја прифати оставката на Никола Груевски од претседателската функција. Сто членови на ЦК гласале да се одржи вонреден конгрес за избор на нов претседател на 23 декември, еден бил против и десет биле воздржани. Генералниот секретар […]

Мицковски: Кој и да биде лидер на ВМРО – ДПМНЕ, сигурно ќе го победи Заев


Членовите на Централниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ почнаа да се собираат во партиската зграда каде што се очекува да разговараат за одтсвката на претседателот Никола Груевски и подготвока на Конгресот закажан за 23 декември, на кој ќе се избира негов наследник. Генералниот секретар на партијата, Христијан Мицковски пред влегувањето во „белиот дворец“ најави дека […]