Груевски бара одложување, Апелација се мисли


И на вториот ден од закажаната јавна расправа во Апелицискиот суд за случајот „Тенк“, отсуствуваат адвокатите на обвинетиот Никола Груевски, кој се појави во судот. Сите четворица негови адвокати писмено го известија судот дека не можат да присуствуваат на расправата, затоа што се ангажирани во други предмети што ги води Специјалното јавно обвинителство. Апелацискиот суд […]

Трка со времето: Груевски на слобода или во затвор?


Поранешниот премиер Никола Груевски денеска би требало да се појави пред Апелацискиот суд во Скопје каде што ќе почне расправата за мајската пресуда за случајот „Тенк“, со која беше осуден на двегодишна затворска казна поради противзаконито влијание во набавката на луксузниот „мерцедес“. Неговата одбрана поднесе жалба со образложение дека нема вина кај екслидерот на ВМРО-ДПМНЕ […]

„Титаник“ заврши за денеска, утре пак


Во Кривичниот суд заврши денешното рочиште на кое беа слушани „бомбите“ за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство во кој се обвинети неколку поранешни функционери за изборите во 2012 година. Во дел од „бомбите“ беа слушнати разговори меѓу поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески, Мартин Протуѓер, шеф на Кабинетот на поранешниот премиер и поранешниот генерален […]

Груевски: Надвор од памет било да се прифати „ерга омнес“, што значи и промена на името во Уставот


Поранешниот премиер Никола Груевски објави реакција за вечерашната изјава на премиерот Зоран Заев дека владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2012 година прифатила Горна Македонија ерга омнес.   -Најдобар демант за она што го говори Заев е факторот време. Тој фактор покажува дека јас и ВМРО-ДПМНЕ разговаравме за надминување на разликите околу името како што не обврзува резолуцијата […]

Заев: Груевски прифати Горна и Северна Македонија ерга омнес во 2012 година


Премиерот Зоран Заев во интервјуто за емисијата „Само вистина“ на Канал 5, рече дека во  преговорите 2012-2013 година, Никола Груевски и ВМРО- ДПМНЕ, прифатиле  Горна и Северна Македонија за севкупна употреба. „Кога судот би ги објавил разговорите за името, ова не е прв пат да биде прифатено име со географска одредница, ерга омнес. Никола Груевски прифати […]

СДСМ: Иванов е политичка дивоградба на Груевски


Ѓорѓе Иванов работи на директна штета на граѓаните, против Македонија и против македонската иднина. Со денешните ставови Иванов самиот потврди дека не е претседател на сите граѓани, туку партиска марионета на ВМРО-ДПМНЕ, политичка дивоградба на Никола Груевски, се вели во реакцијата на СДСМ по обраќањето на Иванов дека нема да го потпише договорот меѓу Грција и Македонија. […]

СДСМ: Мицкоски за советувањата на Груевски добил речиси два милиони денари


Без никаков срам Христијан Мицкоски ги излажа граѓаните дека за периодот додека го советувал Никола Груевски не добивал пари. Јавно објавените документи во медиумите покажуваат дека додека Мицкоски му бил советник на Груевски, за неговиот ангажман граѓаните платиле речиси 2 милиони денари, се вели во соопштението на СДСМ. „Се потврди она што граѓаните веќе го […]

Амди Бајрам: Груевски се тргна, се тргнав и јас


Пратеникот Амди Бајрам на собраниската дискусија за реконструкција на Влада изјави дека го потврдува ставот оти тој е во коалиција со тој што е на власт. – Жал ми е што ве напуштам, но морав, јас сум со тој што е на власт. Така е во политиката, никој со никого не е во брак, маж […]

Интервју со Игор Јанушев: Мицкоски ќе го собори Заев


За подготовките околу саботниот митинг на опозицијата пред седиштето на владата, пораките што ќе бидат испратени, внатрепартиските поделби, политиките на претходниот лидер Никола Груевски и новата програма „Новиот завет“, разговараме со Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Господине Јанушев, до каде се подготовките за саботниот митинг пред седиштето на Владата во Скопје? – Подготовките за […]

ВМРО-ДПМНЕ и дегруевизацијата


Изгледа дека е во право поранешниот премиер Никола Груевски кога вели дека во негово време, мислејќи на десетте години поминати на чело на Македонија, не знаел ниту еден судија. Ако им се верува на „бомбите“ што ги емитуваше тогашната опозиција, а сегашна власт, за судиите биле одговорни некои други лица од неговото најблиско опкружување. Груевски […]

Груевски излета од првиот тим на ВМРО-ДПМНЕ


Шест часа откако експремиерот Никола Груевски беше осуден на двегодишна затворска казна поради набавката на луксузниот „мерцедес“, неговиот наследник на кормилото на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, седна спроти  премиерот Зоран Заев во ТВ-дебата. Во два и полчасовната бледа дебата, во која како да имаше договор за ненапаѓање, ниту во еден момент не беше спомената пресудата на […]

Груевски за Џафери: Ако нема да се дезинфецира, добива апстиненцијална криза


Поранешниот премиер Никола Груевски му врати на парламентарниот спикер Талат Џафери за коментарот оти бил во психолошка криза поради честите судења. На својот профил на „Фејсбук“, Груевски, кој му беше шеф на Џафери кога тој министеруваше со ресорот Одбрана, порача: „Читам Талат изјавил дека сум бил во психолошка криза. Познавајќи го, секогаш кога некој ден […]

Груевски нема да зборува под прозорот на Заев


Во ВМРО-ДПМНЕ ги интензивираат подготовките за престојниот митинг пред седиштето на владата во Скопје. Под мотото „Македонија ќе победи“, се очекуваат десетици илјади граѓани од целата земја да искажат незадоволство од политиките на премиерот Зоран Заев и неговите соработници, нереализираните ветувања од изборната програма, неспроведените реформи, уништувањето на македонската економија и лицитацијата со националните интереси. […]

Груевски ќе ја слушне пресудата за луксузниот мерцедес


Пресудата за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство ќе биде објавена денеска во Кривичниот суд. Специјалното јавно обвинителство на последното рочиште во завршните зборови за предметот „Тенк“ побара Судот да ги прогласи за виновни поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник-министер во МНР Ѓоко Поповски, како и да ги платат судските трошоци во висина од […]

Бранителите бараат ослободителна пресуда за „Титаник“, расправата ќе продолжи на 28 мај


Со воведни говори на останатите адвокати на одбраната на обвинетите во предметот на СЈО „Титаник“ расправата по него ќе продолжи на 28 мај. Денеска воведни говори имаа адвокатите на дел од обвинетите Димитар Дангов, Еленко Миланов, Стерјо Зиков, Дончо Наков. Претпладне во воведниот говор на адвокатот на поранешниот премиер Никола Груевски, Дангов побара ослободителна пресуда […]

СЈО побара Груевски и Поповски да бидат прогласени за виновни


Специјалното јавно обвинителство во завршните зборови за предметот „Тенк“ бара судот да ги прогласи за виновни поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник-министер во МНР Ѓоко Поповски, како и да ги платат судските трошоци во висина од 313.160 денари. Обвинитгелот Гаврил Бубески во завршните зборови побара судот при утврдување на кривичната одговорност на обвинтетите да […]

Заев: Нема живот во Македонија ако нема правда и казни- јас не сум Груевски


Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев  вечерва учествуваше на првата од серијата граѓански трибини што се одржа во Центарот за култура Иљо Антевски Смок во Тетово на тема „Заедно едно општество за сите“. Во обраќањето пред присутните Заев посочи дека трите концепти за унапредување на состојбите во Македонија, се „Едно  општество за сите“, пријателство […]

Груевски не сака да се брани за „мерцедесот“


  Поранешниот премиер Никола Груевски одби да даде одбрана за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство. Екслидерот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека е очигледно оти нема негова вина со набавката на блиндираниот „мерцедес“, односно по изведувањето на доказите на Обвинителството и на одбраната, произлегува дека не го сторил делото за кое што е обвинет. „Согласно поуката […]

СДСМ: Мицкоски е лош актер влезен во филм на Груевски


Христијан Мицкоски целосно е навлезен во промашената матрица на неговиот претходник Никола Груевски кој слично како и Мицкоски со години неосновано и напразно го обвинуваше Зоран Заев за неговата работа во општина Струмица, се вели во соопштението на СДСМ. „Во 2014 година, периодот за кој денеска неосновано обвинува Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ имаше целосна контрола врз институциите […]

Груевски до Заев: Брзо ќе дојдат изборите


Експремиерот Никола Груевски повторно се огласи преку својот профил на „Фејсбук“. Тој пишува за изградбата на Клиничкиот центар. Во продолжение ја објавуваме целата негова порака. „Ова се 10 аргументи зошто владата која ја предводев се определи за градба на сегашната локација во комплексот клиники Мајка Тереза, а не во населбата Бардовци. И зошто ќе беше […]