Софија: Груевски нема бугарски пасош


Бугарија – Министерството за правда на Бугарија ги демантира информациите објавени во некои медиуми дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски избегал во Унгарија со бугарски пасош. – Никола Груевски не е бугарски државјанин и не поднел документи за бугарско државјанство. На Груевски не му е издаден бугарски пасош од Министерството за внатрешни работи, соопшти бугарското Министерство за правда.

Унгарски медими: Контроверзната апликација за азил на Груевски во процедура


Унгарија- Пребегувањето на поранешнот македонски премиер Никола Груевски во Унгарија и побараниот азил и денеска се една од топ темите во унгарските медиуми. Главните дилеми кои ги поставуваат се како Груевски влегол во Унгарија, дали се испочитувани законските процедури, кој му помага во Будимпешта и какви ќе бидат последиците за Владата на Виктор Орбан, со кого, […]

Унгарската опозиција бара Груевски да биде упасен и екстрадиран


Унгарските опозициски партии ја повикаа Владата на Унгарија да го уапси и брзо да го екстрадира поранешниот премиер Никола Груевски, кој побара азил во земјата. Унгарската националистичка партија „Јобик“, како и левичарските партии „Дијалог“ и Демократската коалција, денеска соопштија дека на Груевски треба да му биде одбиено барањето за азил и да биде екстрадиран во […]

Протест пред Владата под мотото “Нема правда нема мир”


Во моментов пред Владата се одржува протест под мотото “Нема правда нема мир”, јавува „Алсат М“. Насобраните реагираат заради бегството на осудениот екс-премиер Никола Груевски во Унгарија и бараат во протестот да се приклучат и владини претставници кои под истото мото протестираа пред падот на власта на Груевски. Присутните побараат и итна оставка на министерот […]

Димитров: Груевски успеа да ја претвори Македонија во заробена држава


Никола Груевски е тој кој што успеа да ја претвори Република Македонија во заробена држава за време на неговото владеење, како што беше посочено и во извештајот на Европската комисија од 2016 година, вели во пишана изјава министерот за надворешни работи Никола Димитров. – Сите ние овде, но исто така и во Европа, ги слушнавме […]

Мицкоски: Бегството на Груевски не го оправдувам, тоа не е опција


Политичкиот прогон и терор станува основен метод на дејствување на оваа власт. Имаме киднапирана држава каде граѓаните се соочуваат со растечка сиромаштија, зголемени даноци, одземено достоинство, промена на име, идентитет. Ова се вистинските теми кои ја разголуваат неспособноста на власта која се дефокусира со други теми и прашања, како што е последните случувања врзани со […]

Заев: Груевски е кукавица, нема договор со него (ВИДЕО)


Премиерот Зоран Заев ги отфрли сите како што рече „шпекулации за каков било политички договор со Груевски“. Заев очекува тој да биде екстрадиран во земјава и да ја отслужи двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО, односно за набавката на „мерцедесот“ од 600 000 евра. „Каков кукавица е тој кој што цело време велеше […]

ЕУ за „Независен“: Да не се политизира бегството на Груевски


Во врска со бегството на Никола Груевски за „Независен весник“ реагираа од Европската унија. -Свесни сме за ситуацијата во врска со Никола Груевски. Европската комисија не ги коментира тековните судски постапки. Владеењето на правото е основен принцип на Европската унија, и за земјите-членки и за земјите-кандидатки. Очекуваме сите заинтересирани страни да дејствуваат строго во согласност […]

Јанева: СЈО побара притвор за Груевски кога некои други не можеа ни име да му споменат


Специјалното јавно обвинителство (СЈО) побара притвор за Никола Груевски уште во февруари 2016 година кога некои други не можеа ни име да му споменат, а до минатиот четврток воопшто не одаваше некои настапи дека нема да се јави на суд за да најдеме причина плус зошто повторно би побарале да биде ставен во притвор, порача […]

Унгарската Влада ниту го потврдува, ниту го негира барањето за азил од Груевски


„Не можеме ниту да ви потврдиме, ниту да негираме. Не сме во можност да коментираме по индивидуални барања за азил кои се уште се процесираат“, одговорија од унгарската Влада на прашањето на  „Телма“ дали Никола Груевски е во Унгарија и дали побарал политички азил.

МНР постапува за верифицирање на информацијата дека Груевски е во Унгарија


Министерството за надворешни работи соопшти дека согласно своите надлежности и во координација со надлежните институции во земјава постапува со цел да се верифицира информацијата во врска со објавата на Фејсбук профилот на поранешниот премиер Никола Груевски, кој објави дека се наоѓа во Будимпешта и дека таму ќе бара политички азил. – Во врска со наводната […]

Проблематичен до крај


Фросина Факова-Серафиновиќ Десет години додека беше на власт секојдневно се појавуваше со изјави во медиумите, одговараше на нарачани прашања и се фалеше со позитивни вести за граѓаните. Сега,пак, медиумите се преполни со вести за експремиерот Никола Груевски чија поента е – дека исчезнал во непознат правец. Кога дојде време да оди во затвор за да […]

Мијалков не знае каде е Груевски


Поранешниот директор на УБК и доскорешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, предмалку на влегување во Кривичниот суд во Скопје изјави дека не знае каде во моментов се наоѓа неговиот братучед и поранешен премиер Никола Груевски, по кого од синоќа со потерница трага полицијата. -Не знам, кусо одговори Мијалков на влегување во зградата на Кривичниот […]

Јанушев: Ако има налог полицијата слободно нека влезе во штабот, Груевски не се крие тука


Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, вечерва обвини дека седиштето на партијата е под опсада а нејзините членови биле легитимирани од полицијата. „Никогаш во историјата на независна Македонија немало примена на ваква сила врз партија во опозиција. Ова е класична злоупотреба на полицијата во партиско-политички цели“, рече Јанушев додавајќи дека вечерашните полициски акции не се во […]

Полицијата го бара Груевски пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ


Полицијата ги претресува возилата кои излегуваат од паркингот на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на градот, пренесува Радио Слободна Европа. Ова е уште еден обид на полицијата да го најде поранешниот премиер Никола Груевски откако претходно вечерва полицајците двапати влегоа во зградата во која живее, но не успеаја да го пронајдат во неговиот стан. Во […]

Заев: Не верувам дека Груевски ќе си дозволи да бега


Премиерот Зоран Заев на вечерашното гостување на МРТВ, на која се дебатира за буцетот, беше прашан во врска со потерницата распишана по екс премиерот, Никола Груевски, за сто тој рече дека не верува дека тој би си дозволил да избега. „Не верувам дека господинот Груевски би си го дозволил тоа, барем според она што тој до сега […]

ВМРО-ДПМНЕ: Се води хајка против Груевски


„Однародената и криминална власт вечерва го допре дното и потврди дека Република Македонија нема институции туку само инструменти на криминалниот картел кои се злоупотребуваат за политички пресметки“, обвини ВМРО-ДПМНЕ. „Единствениот политичар аболициран за тежок криминал, Зоран Заев нарачал медиумите да бидат повикани пред домот на пратеникот и почесен Претседател на ВМРО ДПМНЕ , Никола Груевски […]

Потерницата по Груевски објавена на сајтот на МВР


Откако поранешниот премиер Никола Груевски не се јави на издржување на затворската казна во затворот во Шутка, а судот побара од МВР да распише потерница, полицијата веднаш го стори тоа, а потерницата веќе е објавена и на сајтот на МВР во делот „Потраги“. Никола Груевски, од татко Тало и мајка Надежда, роден на 31.08.1970 во Скопје […]

Ахмети гласаше против Груевски


Али Ахмети го стисна зеленото копче „за“ во Собранието за да му биде одземен пратеничкиот мандат на Никола Груевски, кој правосилно е осуден на двегодишна затворска казна поради случајот „Тенк“. Осумгодишните партнери во Владата неславно ја завршија својата соработка, што почна да се ниша по неуспешниот обид да формираат коалиција по парламентарните избори во 2016 […]

Одбиена и последната жалба на Груевски


Кривичниот совет ги одби жалбите на експремиерот Никола Груевски и на неговите адвокати, кои бараа одложување на затворската казна. Според процедурата, решението ќе му биде испратено. Доколку не го прими на куќната адреса, тогаш ќе му биде врачено во судот. Првото следно рочиште на кое треба да се појави Груевски е закажано в понеделникот во […]