Осудениците бегаат додека ги викнат во затвор


Софискиот медицински центар „Мајчин дом“ му забрани на д-р Николче Дамчевски да ја извршува медицинската дејност, имајќи предвид дека против него постои правосилна одлука за издржување двегодишна затворска казна во Македонија. Пред нашето Министерство за здравство да се обрати до бугарските власти, Дамчевски уредно си ја извршуваше работната задача во главниот град на Бугарија, па […]

Додека бегалецот Груевски ниже притвори: Заев и Спасовски разговарале, ама не договориле оставка


Министерот Оливер Спасовски разговарал со премиерот Зоран Заев за оставка, како чин на морална одговорност по бегството на осудениот поранешен премиер Никола Груевски во Унгарија. Но Заев, како што посочи во интервју за „Дојче веле“, не забележал аргументи за морална одговорност на Спасовски како прв полицаец. „Оливер Спасовски разговараше за тоа со мене. Како колега […]

Заев се виде со Орбан, ама не разговараа за Груевски


Премиерот Зоран Заев се видел, но не успеал да разговара со унгарскиот колега Виктор Орбан, кој му ги отвори вратите на својата земја на експремиерот Никола Груевски, на Самитот на шефови на влади на ЦЕИ, кој се одржува во Загреб. Орбан во Загреб бил дел само од вечерата која ја организирал хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, […]

Заев и Орбан на иста маса во Загреб


Македонскиот премиер Зоран Заев денеска во Загреб ќе учествува на Самитот на земјите членки на Европската иницијатива. На самитот ќе учествуваат и премиерите на Хрватска Андреј Пленковиќ, на Унгарија Виктор Орбан, на Бугарија Бојко Борисов, на Албанија Еди Рама, на Романија Василица Дончила и на Словачка Петар Пелегрини. Најавени се и еврокомесарот за проширување Јоханес […]

Разјаснете дали власта му помогна на Груевски да избега


Ерол Ризаов Првичниот молк на Европа беше погрешно протолкуван во овдешната партизирана јавност како поддршка на гостопримството на идеолошкиот двојник на Виктор Орбан од Македонија. Давањето азил на поранешен премиер осуден на две години затвор, кој лажно е претставен во унгарската јавност како жртва на прогон, а се премолчува дека се во тек повеќе судски […]

Унгарски рулет на Груевски: Кукавицата го стави моќникот зад решетки


Случајно или не, дента кога неговиот прв братучед, Никола Груевски, стана политички азилант во Унгарија, недопирливиот шеф на тајните служби, 53-годишниот Сашо Мијалков заврши во затворот во Шутка, каде што веќе се наоѓа неговиот кумашин Орце Камчев. Со него делеа и веројатно делат многу бизниси. Сега не делат ќелија, ниту кат. Камчев е во „Мериот“ […]

Стејт департмент: На Груевски треба да продолжи да му се суди во Македонија


Американскиот Стејт департмент одблизу го набљудува случајот со Никола Груевски, особено откако му е одобрен азил во Унгарија, пишува денеска унгарскиот весник „Nepszava“. Стејт департментот, на барање на унгарскиот весник, ја повторува својата позиција посочувајќи дека на Груевски му е изречена казна затвор од две години по „темелен и транспарентен судски процес“. Од Стејт департментот […]

На Мицкоски му се исчисти патот


За неполн месец, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се ослободи од двете сенки од минатото што му го попречуваа слободниот хоризонт. По игра на случајноста, во рок од десетина часа до него стигнаа две вести – дека Никола Груевски си најде друга татковина, а Сашо Мијалков физички ќе биде спречен да се плетка околу партијата. […]

Дармановиќ: Црна Гора немаше правна основа да го задржи Груевски


Црна Гора немаше никаква правна основа да го задржи поранешниот премиер Никола Груевски при преминувањето низ територијата на државата. За транзитот на Груевски црногорските слжби ги информирале македонските, рече министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ  на заедничката прес-конференција во Скопје со неговиот домнаќин, шефот на македонската дипломатија Нкола Димитров. -Одговорот е едноставен […]

Владата не се предава: Груевски ќе се врати во Македонија


Иако Унгарија веќе му одобри азил на Никола Груевски, владата во Скопје и натаму тврди дека експремиерот ќе се соочи со правдата во Македонија. Во соопштението од „Илинденска“, се наведува дека Груевски бил под полициска заштита согласно со правата кои му следуваа како поранешен премиер и тој во ниту една ситуација немал пријавено закани по неговиот […]

Груевски ќе му земе на Заев и албански гласови


Да не беа фотографиите објавени на неговата официјална страница на Фејсбук, малкумина ќе знаеја дека албанскиот претседател Илир Мета два дена престојувал во Битола и во Преспа. Освен една куртоазна средба со министерот за култура Асаф Адеми, високиот гостин од Тирана остатокот од времето го поминал во директен контакт со локалното албанско население. Поводот за […]

Бегалците од правдата далеку од правдата: Нема враќање за избеганите


Поранешниот премиер Никола Груевски стана ВИП-бегалец, поранешните разузнавачи Горан Грујевски и Никола Бошкоски, кои се обвинети дека стојат зад масовното прислушување во Македонија, се слободни граѓани во Грција, а слободно се шетаат во Приштина и Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, обвинети и веќе еднаш осудени за петкратното убиство кај Смилковското Езеро. Премиерот Зоран Заев ветува […]

Сијарто: Ниедна земја на ЕУ не го покрена прашањето за Груевски


Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, по денешниот состанок на министрите во ЕУ порача дека ниеден колега не го покренал прашањето за азилот на Груевски. Како одговор на новинарско прашање, Сијарто рече дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски изразил желба да поднесе барање за азил во унгарска амбасада, но владата на Унгарија немала никаква […]

Ќе им се одзема и личната карта на обвинетите?


По бегството на поранешниот премиер Никола Груевски само со лична карта, власта ќе бара начин на обвинетите, освен пасошот да им биде одземен и овој документ, како мерка за обезбедување. Премиерот Зоран Заев вели дека правниот систем работи и бара начин како да се реши ова прашање, со оглед на тоа што личната карта е […]

Албанија ни кажува дека Груевски побегнал преку Дебар


Додека полицијата и Обвинителството истражуваат како побегнал, а Министерството за правда го подготвува екстрадицискиот материјал, службите од регионот и натаму лиферуваат (неофицијални) информации околу рутата по која до Будимпешта се движел Никола Груевски. Повикувајќи се на свои извори во албанската полиција, тамошните медиуми пишуваат дека поранешниот македонски премиер излегол од државава на див граничен премин […]

Македонското тешко оро – од сиртаки па до чардаш


Звонко Давидовиќ   Деновиве во Македонија главна тема или топ-тема, што би рекле новинарите, е бегството на Никола Груевски. Секој има свое видување или свој коментар за настанот, а мене сето ова ме потсетува на она машко перчење за главата на семејството и машката доминација во македонското семејство. Тоа перчење во врска со главниот збор […]

Јакимовски: Да не бидеме наивни околу бегството на Груевски


Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски оценува дека со бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, поразени сме сите: и власта и опозицијата, целото правосудство и самиот тој. Сепак, според него, најголеми виновници се оние кои му ги создадоа претпоставките за бегството. „Кршењето на човековите права, кршење на процесно право, судење без адвокат, судење во енормно кратки […]

Груевски шверцуван низ Балканот како „унгарски дипломат“


Мистеријата што деновиве го запали Балканот делумно е разрешена. Со македонска лична карта во џебот, удобно сместен во дипломатски возила на унгарските амбасади, поранешниот премиер, Никола Груевски, со неколку примопредавања штафетно се прошетал низ три држави во регионот и стигнал во Будимпешта. Филмско бегство кое жанровски се простира од најзамрсен политичко-шпионски трилер до комедија, со […]

Српски и црногорски медиуми: Груевски во Унгарија влегол преку Србија


Србија-Српските и црногорските медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори информираат дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Унгарија влегол преку Србија. Давајќи ја информацијата дека македонските државјани можат непречено да влезат во Албанија, Црна Гора и Србија со лична карта и дека до 13 ноември за Груевски не била распишана меѓународна потерница, според пишувањето на […]

Полицијата мораше да знае каде е Груевски


Основното јавно обвинителство се вклучи во истрагата следејќи ги информациите во јавноста и во интерес на јавноста оформиле предмет по допрен глас. Се сомневаат дека одредени службени лица, злоупотребувајќи ја својата положба и овластување, му овозможиле на правосилно осуденото лице да ја напушти земјава. Во рамки на предистражната постапка, наредени се низа мерки за прибирање […]