Со една година задоцнување ќе почне изградбата на градинка во населбата Пролет


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во денешното гостување на утринската емисија на ТВ Сител, ги презентираше тековните општински активности, но и плановите за работа во претстојниот период. Герасимовски, покрај останатите проекти, ја спомена и новата градинка која ќе се гради во населбата Пролет, која воедно ќе биде и прва детска градинка во ова населено […]

(Видео)„Не е мокро, ова е паднато само од себе“ – Јакимовски провери зошто се урна таванот 


Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска беше на увид во просториите на градинката „Мајски цвет“, клон „Јасмин“, во населбата Тафталиџе 2, каде што во текот на викендот паднал плафон од гипс картон во две простории, а во уште една е оштетен. – Ја утврдуваме причината, најверојатно се работи за технички проблем – вели тој. […]

Падна таванот во градинката „Мајски цвет“ во Карпош, нема повредени


Во градинката „Мајски цвет” во Карпош, Тафталиџе 2, паднал таванот во една од просториите, но за среќа, тоа се случило викендов, кога немало деца и вработени во објектот. Нема повредени во инцидентот. На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од детската градинка каде според нив може да се види дека паднал дел од таванската конструкција. Побаравме […]

Општина Кисела Вода времено ќе ангажира 15 негуватели во детски градинки и 5 негуватели за стари лица


  Општина Кисела Вода упатува јавен повик до сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во проектот “Се грижиме за најмладите и највозрасните”. Истиот е дел од Програмата Општинско – корисна работа, кој се спроведува преку Врз основа на Договорот за соработка со Агенцијата за вработување и Договорот помеѓу Програмата за развој […]

Тренчевска и делегација на Светската банка во посета на градинката во Волково


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска заедно со делегација на Светската банка, предводена од потпретседателката за Европа и Централна Азија, Ана Бјерде и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ја посетија градинката во Волково, изградена преку Проектот за подобрување на социјални услуги финансиран од Светската банка. Во состав на делегацијата на […]

МТСП: Се укинуваат Ковид протоколите во градинките


Владата на редовната 42-ра седница ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб утврдени според препораките на Комисијата за заразни болести. Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување возрасни лица и лица со попреченост. […]

Општина Битола се откажа од изградбата на градинка финансирана и од „Кромберг и Шуберт“


  БИТОЛА – Општина Битола е во постапка на раскинување на договорот со изведувачот на новата градинка што претходната локална самоуправа почна да ја гради во поранешната касарна во Битола. Причината е заради ненавремено извршување на работите од страна на изведувачот, потврдува градоначалникот на Битола, Тони Коњановски. Оваа градинка во Битола се чекаше цели 30 […]

Вооружен напад на градинка во Русија, има мртви


  Во регионот Уљановск, две деца и медицинска сестра загинаа во текот на вооружен напад на граднката. Маж со огнено оружје упаднал во градиката и почнал да пука, вели извор за Интерфакс. Според него, напаѓачот извршил самоубиство. Нотивите за нападот не се познати.

Се гради нов објект во градинката „Орце Николов“, можност за згрижување нови 100 деца


Места за згрижување на дополнителни 100 деца ќе бидат обезбедени со доградбата на нов објект во рамки на детската градинка „Орце Николов“ во Општина Карпош, каде во моментов се во тек градежни активности кои треба да бидат завршени до август годинава. –Со доградбата на градинката обезбедуваме зголемување на опфатот на деца за дополнителни 100 места […]

(Во живо) Тренчевска во посета на градинката „Орце Николов“- објект „Први стапки“ во Карпош


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска ќе ја посети градинката „Орце Николов“- објект „Први стапки“ во скопската општина Карпош. При посетата, како што информира МТСП,  ќе биде направен увид во градежните работи на новиот објект кој се наоѓа до постоечкиот објект. На увидот во градежните работи ќе присуствува и градоначалникот на општика Карпош, […]

Тренчевска: Воспитувачите и негувателите интересот на децата да го стават на прво место, низ социјален дијалог ќе дојдеме до решение


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ги повикува воспитувачите и негувателите да го нормализираат воспитно-згрижувачкиот процес и да ги прифаќаат децата во градинките, бидејќи, како што посочува, секој изгубен час и ден од наставата оди на директна штета на раниот детски развој, кој е основата за понатамошен развој на секоја индивидуа. – Како […]

МТСП: Згрижувањето и воспитанието на децата во градинките продолжува непречено


 Министерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека од вкупно 75 јавни установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст во земјава, во 25 денеска воопшто не се штрајкува, додека пак, во 50 предучилишни установи штрајкуваат само дел од вработените.   Овие податоци, според МТСП, укажуваат дека една третина од вкупно […]

Приведен крадецот што ја ограби градинката во Велес, производите пронајдени и вратени


Полициски службеници вчера привеле велешанец, кој се сомничи дека ограбил магацин на градинка во Велес. Одземените производи биле пронајдени кај него и вратени на градинката, соопшти Министерството за внатрешни работи. – На 23.03.2022 во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.З.(31) од Велес. Тој се сомничи дека на 14.03.2022 влегол во […]

Воспитувачка во градинка во Скопје обвинета за насилство врз дете


По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Насилство врз дете од член 201-а од Кривичниот законик. – На 01.09.2021 година, обвинетата 48-годишна воспитувачка во градинка во Автокоманда извршила физичко насилство спрема дете оставено на грижа и чување во објектот. Додека […]

Реконструирани сите тоалети во објектот Беко на градинката „13 Ноември“


Со завршувањето на реконструкцијата на последните 2 тоалети, се завршува целосната реконструкција на санитарните јазли во детската градинка „13 Ноември“ – објект Беко во Општина Центар. Денес, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со директорката на градинката „13 Ноември“, Ружица Биџовска и раководителката на општинскиот Сектор за јавни дејности, Јагода Јанковска, направија обиколка на […]

Во Бугарија од април бесплатно во градинките


 Од април годинава во Бугарија престојот во градинките и јасли ќе биде бесплатен. Тоа денеска го најави премиерот на таа држава Кирил Петков по денешната владина седница. – Владата ќе инвестира 70 милиони лева за изградба на градинки, рече Петков. Тој најави и дека платите на наставниците ќе бидат125 отсто од просечната плата. – Нема […]

„Детска градинка Волково“ е најуспешно реализирано архитектонско дело во 2021 година


„Детска градинка Волково“ е најуспешно реализирано архитектонско дело во 2021 година Претседателот Стево Пендаровски ја врачи Големата годишна награда за архитектура за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2021 година „Детска градинка Волково“, Скопје на авторите Филип Конески и Даница Спасевска. Големата годишна награда е во организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, а претседателот Пендаровски […]

Шахпаска: Социо-емоционалниот развој кај децата е клучен за понатамошниот развој на личноста


Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска заедно со заменик-амбасадорката на Велика Британија во земјава, Џулија Смит, претставничката на УНИЦЕФ во државата, Патриција ди Џовани и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски присуствуваа на презентација на „Програмата за социјална кохезија и културен дијалог“, во детската градинка „Кочо Рацин“ во Скопје. Препознавајќи ја важноста на […]

Општина Теарце ќе добие прва градинка


Општина Теарце денеска потпиша два договори согласно кои ќе почне да се гради прва градинка во оваа рурална локална самоуправа. Почетокот на изградбата на објектот е предвиден за две недели на локација во селото Пршовце на магистралниот пат Тетово – Јажинце. – Површината е околу 2.100 квадратни метри и капитална инвестиција од околу еден милион […]

Родител пријавил дека детето му било повредено во градинка


Двегодишно дете од Штип било повредено при престојот во градинка, според пријавата на родителот. Како што соопшти МВР, случајот во полиција вчера попладне го пријавил таткото на детето, 23-годишниот Г.З. од Штип. Родителот Г.З. пријавил дека на петти јули го однел неговото двегодишно дете во градинка во Штип и околу 14:30 часот, кога отишол да го земе, забележал дека […]