Кујната се пренаменува во занимални – уште 50 деца повеќе во градинката „Гоце Делчев“ во Илинден


Општина Илинден соопшти дека почнува проект со кој кујната во градинката „Гоце Делчев“ ќе се пренамени за дополнителни простории, со што ќе се создадат услови за згрижување на уште 50 деца и градинката ќе има вкупен капацитет за околу 650 деца. Постојниот кујнски простор во градинката ќе биде целосно реконструиран и пренаменет во две нови […]

Негувателки од градинка во Хром и во Берово пријавени за насилство врз дете


Вчера во 11:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријавила дека на 14.08.2026, откако ја зела нејзината петгодишна ќерка од градинка на подрачјето на населбата Хром, таа ѝ кажала дека била удрена од негувателка. Како што се наведува во полицискиот билтен, мајката пријавила дека нејзината ќерка ѝ се пожалила дека негувателката ја стиснала за ногата. […]

Општина Гази Баба гради четири нови детски градинки: Ќе нема повеќе листи на чекање


Општина Гази Баба продолжува со инвестиции во предучилишното образование преку изградба на четири нови детски градинки, со цел да се обезбедат повеќе места за згрижување на децата и да се намали недостигот од капацитети. Првиот човек на општината Бобан Стефковски информираше дека изградбата на градинката во Трубарево е целосно завршена и веќе згрижува 60 деца. […]

Отворена нова градинка во Трубарево за 60 деца


Во нова градинка во населбата Трубарево во општина Гази Баба од 1 јули ќе бидат згрижени 60 деца. Градинката денеска беше пуштена во употреба во присуство на премиерот Христијан Мицкоски. Инвестицијата изнесува 47 милиони денари обезбедени од општината. Веќе е вработен и персоналот што ќе работи во градинката. -Ова е трета градинка што ја градиме […]

Нова градинка за 200 деца во Бутел, на местото на старата


Нова градинка за 200 деца се гради во Бутел и е речиси во завршна фаза, но без точни информации кога ќе биде завршена и кога првите дечиња же бдат згрижени во неа.  Денеска, на увид во градежните активности за изградба на нова детска градинка во Бутел 2 беа градоначалникот Дарко Костовски и заменик-министерот за социјална […]

Општина Струмица објави јавен повик за ослободување од плаќање за надоместок во градинка за самохрани родители


Општина Струмица и годинава објави јавен повик за ослободување од плаќање на надоместок за престој на деца на самохрани родители во градинките „Детска радост“ и „Виножито“ во текот на целата година. Според повикот, правото на партиципација во детските градинки се остварува за дете од семејство на самохрани родители и дете згрижено во згрижувачки семејства, а […]

Мицкоски: Втор ден, отвораме втора градинка – Владата води јасна просемејна политика


Две градинки отворени во два дена, според премиерот Христијан Мицкоски, се јасен показател дека Владата води просемејна политика. За утре најави отворање градинка во Сопиште. Денеска Мицкоски присуствуваше на отворање градинка во селото Таринци, Општина Карбинци, во која ќе можат да се сместат дополнително 50 дечиња.  „Втор ден во овој дел од Македонија и втор […]

Лондон: Вработен во градинка се изјасни за виновен за 26 сексуални дела против деца


Вработен во градинка се изјасни за виновен за 26 сексуални дела против деца по една од најпотресните и најсложените истраги за сексуална злоупотреба на деца на Метрополитен полицијата во Лондон. Винсент Чан (45) од Финчли, работел во градинка во северен Лондон помеѓу 2017 и 2024 година. Делата вклучуваат пет точки за сексуален напад на дете […]

Стефковски потпиша договор за бесплатна градинка на дечиња Роми – ќе влезат ли и децата од Вардариште?


Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски утрово сподели дека потпишале важен договор за поддршка на проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински детски градинки“, со кој обезбедуваат целосно бесплатен престој и инклузија на овие дечиња во предучилишното образование. „Инклузијата се спроведува во клоновите на ЈУДГ 25 Мај, каде што родителите се целосно ослободени од […]

Почна изградба на градинка во близина на зградата на „Мерцедес“


Почна изградбата на нова детска градинка во Маџари Триангла, општина Гази Баба. Како што беше кажано на настанот, оваа нова градинка ќе има капацитет од 150 деца, што ќе овозможи поголема достапност на предучилишно образование и грижа за најмладите. Објектот ќе биде изграден на површина од 1.360 квадратни метри, сo 10 занимални, две јасли и […]

Пропадна средбата Трамп-Путин, Русите веднаш брутално нападнаа. Погодена е и градинка (Видео)


  Најмалку седум лица, меѓу кои и две деца, се убиени во бран руски напади со дронови и ракети низ Украина, соопштија официјални лица. Нападите погодија градинка во Харков, вториот по големина град во Украина, додека во Киев имаше голема штета, објави Би-Би-Си. Деца се меѓу 27-те повредени лица. Брачен пар на возраст од 60 […]

Децата од градинката „Мајски цвет“ ќе се сместат во барака на Општина Карпош


Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и официјално ѝ ги предаде на директорката на градинката ,,Мајски цвет“ клучевите од монтажната времена барака на локалната самоуправа, во која привремено, околу шеесет дена, ќе бидат сместени дечињата од оваа детска градинка, додека да се направи новиот објект во населбата Тафталиџе 1. – Директорката и вработените во оваа […]

Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе биде готова новата градинка во Драчево со капацитет за 75 деца


За 20 дена ќе биде готова новата градинка во населеното место Потстаница во населбата Драчево, најави денеска градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, откако заедно со премиерот Христијан Мицкоски изврши увид на активностите на терен.  Во објектот со три занимални, со вкупна површина од 300 метри квадратни ќе бидат згрижени 75 дечиња.  – Во општина […]

Герасимовски: 100 деца до 10 години згрижени во градинките во Центар


Општина Центар и ова лето обезбедува згрижување на деца од прво до трето одделение (до 10 години) во детските градинки на подрачјето на локалната самоуправа. Во моментот се згрижени над 100 деца во седум клонови на градинките „13 Ноември“, „Кочо Рацин“ и „Раде Јовчевски Корчагин“. За упис потребни се апликација, доказ за вакцинален статус и […]

Отстранети се недостатоците на новата градинка во Кочани, Општината бара согласност од МФ за новите вработувања


 По неколкумесечни активности санирани се сите недостатоци при градбата кај новиот објект „Детелинка“ на Детската градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани и со потпис од официјалниот надзор подготвен е да почне со работа. Општина Кочани испрати известување до Министерството за финансии за новата состојба, а в.д. градоначалникот Венко Крстевски бара средба со министерката Гордана Димитриеска Кочоска, […]

Струмица сама ќе си бара негувателки за градинките – надлежните министерства не даваат согласност


Поради недостаток на негувателки во градинките под надлежност на општина Струмица, градоначалникот Костадин Костадинов упати силна порака до јавноста: „Бидејќи дечињата згрижени во градинките под надлежност на општина Струмица имаат потреба од негувателки, а Министерството за финансии на Гордана Димитриевска-Кочовска и Министерството за труд и демографски политики на Фатмир Лимани одбија да ни дадат согласност […]

Место по седум месеци, градинката во Точила отворена по четири години


Новата детска градинка „Бајка“, сместена во урбаното јадро на населбата Точила во Прилеп денеска беше официјално отворена, како дел од Јавната општинска установа „Детски градинки – Наша Иднина“. – Овој капитален проект, со капацитет за над 200 дечиња, е од непроценливо значење за младите семејства во нашиот град. Со неговото пуштање во употреба, конечно ставаме […]

Отворена градинка „Пролет“ во Општина Центар


Во населба Пролет во Општина Центар денеска беше отворен објект „Пролет“ на градинката „Раде Јовчевски-Корчагин“ во кој во модерни услови се згрижени 173 деца. Објектот кој се градеше неполни три години се простира на 3200 квадратни метри.   Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на отворањето истакна дека „Пролет“ е најубава градинка во целиот регион, […]

Се запали градинка во Загреб – пожaрот избил од инсталацијата


Денеска избувна пожар во градинка на улицата „Супилова“ во Загреб. Пожарот избувнал 10-тина минути откако наставничката им го предала и последното дете внатре на нивните родители. Подрачјето зафатено од пожарот е целосно опожарено. Фотографиите покажуваат остатоци од мебел и играчки. „Опожарена беше просторија од 60 квадратни метри, беше целосно изгорена, со мебел и детски играчки. […]