Словенија ќе добива гас од Алжир, потпишан е тригодишен договор


  Трговецот на големо со гас Геоплин денеска во Алжир потпиша договор за снабдување со природен гас со локалната државна енергетска компанија Сонатрах. Договорот е потпишан на три години и предвидува испорака на 300 милиони кубни метри гас или околу една третина од годишните потреби на Словенија. Испораката ќе започне на 1 јануари 2023 година. […]

Пет големи компании побарале да користат дизел во случај на недостиг на гас


  Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини смета дека компаниите треба да продолжат да користат гас, а не да се оди на понееколошки варијанти како дизел и мазут. Тој тврди дека гас има. – Има гас, јас го кажувам тоа бидејќи доаѓам од сектор инвестиција, сите знаеме дека има гас, рече Нуредини. […]

Фон дер Лајен ја обвини Русија дека гори гас


Русија е позаинтересирана да го користи својот гас како оружје – дури и ако тоа значи да го уништи наместо да го продаде – како одговор на западните санкции против нејзината инвазија врз Украина, обвини денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен. Москва ја прекина испораката на гас за ЕУ претходно оваа година како одмазда за санкциите воведени поради инвазијата врз […]

АД ЕСМ обезбеди гас за топланите Исток и Запад за до крајот на ноември


АД ЕСМ ја обезбеди потребната количина природен гас за работење на топланите Исток и Запад за периодот 16-30 ноември 2022г. Гасот е обезбен од Макпетрол по цена од 1.345 евра за 1000 нм3. АД ЕСМ и натаму ќе продолжи да врши набавки на гас за покуси временски периоди со цел да се искористи финансиската поволност […]

Почнаа сеизмичките истражувања за наоѓалишта на природен гас во Грција


 Бродот за сеизмички истражувања за наоѓалиштата на природен гас југозападно од Пелопонез и Крит, тргна. Ги поставува каблите со подводните слушалки, од кои добива информации за брановите за да може да ги одреди геолошките структури, откри министерот за животна средина и енергетика на Грција Костас Скрекас во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, јави дописничката на […]

Турција почна да го плаќа со рубљи рускиот гас


  Турскиот министер за енергетика Фатих Донмез денеска изјави дека Турција почна да плаќа дел од руските испораки на природен гас во рубљи. Анкара и Москва во септември се договорија гасот да се плаќа во рубљи. Донмез најави и конкретни планови за спроведување на рускиот предлог Турција да стане база за снабдување на Европа со руски гас и до […]

Двојно се зголемија сметките за гас и струја во европските метрополи


  Трошоците за енергија за домаќинствата низ Европа се речиси двојно зголемени во споредба со пред една година. Сметките за гас се зголемени за 111 отсто, а за струја за 69 отсто, покажуваат најновите податоци од Индексот на цените на енергијата. Во просек, овие две бројки значат зголемување на сметките за енергија за 90 отсто, […]

Америка е вториот најголем снабдувач на гас во ЕУ


  Норвешка сега е најголемиот снабдувач на природен гас за земјите од Европската унија, а зад неа се САД. САД станаа вториот најголем снабдувач на гас во ЕУ поради зголемената испорака на ЛНГ по намалувањето на испораките од Русија, изјави заменик-шефот на Европската комисија Валдис Домбровскис на економската конференција во Летонија. „Успеавме целосно да ја […]

Холандски регулатор предупредува дека ограничувањето на цените може да предизвика недостиг на гас


Обидите да се ограничат цените на гасот во терминските договори може да имаат негативни последици, вклучително и физички недостиг на гас, предупреди холандскиот регулатор, одговорен за главниот европски пазар ТТФ. И по рускиот напад на Украина, цените на гасот во Европа се одредуваат според понудата и побарувачката, а немаше знаци на манипулации или прекумерни шпекулации, и покрај нивниот остар […]

На Европа следната година ѝ се заканува сериозен недостиг на гас, предупреди Меѓународната агенција за енергија


Европа следната зима би можела да се соочи со сериозен недостиг на гас, предупреди денеска Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Ако увозот на руски гас преку гасоводите биде целосно суспендиран, а Кина продолжи со увозот на вообичаените количества течен природен гас, Европа би можела да се соочи со ситуација да не може да обезбеди половина […]

„Макпетрол“ значајно ја намали цената на природниот гас и на метанот (ЦНГ)


Компанијата „Макпетрол“ соопшти дека значајно ја намали цената на природниот гас и на метанот (ЦНГ).  „Согласно договорот помеѓу ‘Макпетрол’ АД Скопје и ‘Гаспром експорт’, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, ‘Макпетрол’ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец ноември ќе се […]

ЕСМ на периоди ќе набавува гориво чекајќи да падне цената, но парно ќе има


АД ЕСМ ќе набави природен гас од Макпетрол за топланите Исток и Запад за периодот 01-15 ноември и за КОГЕЛ во подружница Енергетика за периодот 01-30 ноември. Со оглед на тоа што приватната гасна електрана ТЕ ТО има обезбедено гас за својот режим на работа за месец ноември, за истата не е извршена набавка од […]

Зошто паѓаат европските цени на гасот?


  Европа годинава се соочи со отежнато снабдување со енергија бидејќи Русија го намали протокот на гас откако Западот воведе санкции како одговор на инвазијата на Украина кон крајот на февруари.   Зошто деновиве паѓаат цените на гасот? И покрај намалените испораки на рускиот гасовод, холандскиот месечен гас, европскиот репер, падна за 67% откако го […]

Складиштата за гас во Европа се полни


  Европа во моментов има полни складишта на гас поради комбинацијата на топлото време и успешната набавка. Значителен пад имаше и на цените на бензинот, кои сега се помалку од една третина од она што беа за време на летниот врв. Сè на сè, Европа сега има повеќе гас отколку што може да користи, според […]

Би-Би-Си: Бродови полни со гас чекаат покрај брегот на Европа


Огромни танкери полни течен природен гас (LNG) се во близина на бреговите на Шпанија, Португалија, Велика Британија и други европски земји во моменти кога Европа се обидува да се ослободи од зависноста од рускиот гас што се испорачува преку гасоводи и се врти кон увоз на течен гас, пишува Би-Би-Си. Западот воведе опсежни санкции кон […]

Ковачевски: Србија ќе ја изземе Северна Македонија од забраната за извоз на природен гас


  Србија ќе ја изземе Северна Македонија од забраната за извоз на природен гас, соопшти вечерва премиерот Димитар Ковачевски. – Ветив дека ќе направиме се и дека ќе работиме секојдневно за никој да не мора сам да се справува со оваа криза. Струја, енергенси и храна мора да има за сите. Токму затоа, по интензивна […]

Бугарија и Северна Македонија ќе склучат договор за гасна интерконекција


Операторите на македонскиот и бугарскиот гасовод ГА-МА АД и Булгартрансгаз ЕАД имаат намера да склучат договор за меѓусистемско поврзување меѓу двете земји, јави дописникот на МИА од Софија. Според информациите објавени на веб-страницата на бугарската државна компанија Булгаргазтрансгаз, точката за интерконекција ќе биде Ќустендил/Жидилово. Двата јавни оператора ги повикуваат корисниците на мрежата да се произнесат […]

Мицкоски очекува ЕСМ да потпише договор со неговите „позиции“, Бектеши чека конкретна понуда


Серијалот за „позициите“ на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, односно неговите „контакти“ кои можат да помогнат во набавка на гас и мазут, продолжи и денеска, со различни гледишта на опозицијата и на власта. Мицкоски очекува позитивен исход и „испораката да почне во ноември“, додека министерот за економија, Крешник Бектеши, вели дека станува збор за договор […]

Ќе се либерализира пазарот на природен гас, се ослободуваат капацитети што ќе бидат достапни за сите трговци


  На денешната седница на Владата ќе се донесат одлуки со кои ќе се либерлизира пазарот и во делот на природниот гас, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Колку што сум информиран, ЕСМ достави писмо до „Макпетрол“ и до другите компании кои покажале интерес да го снабдат ЕСМ и топланите со природен гас до […]

ЕСМ бара гас до април од „Макпетрол“ и од други две фирми


АД ЕСМ соопшти дека денеска испратиле допис до „Макпетрол“, и до уште две други фирми кои покажале  интерес да обезбедат гас за потребите на АД ЕСМ. „Во дописот од истите е побарано до 20.10.2022 година да достават понуда за гас за периодот ноември-април“, се вели во соопштението од ЕСМ, при што се додава дека понудата […]