Бродови поврзани со грчката компанија „Дајнагас“ испорачале руски ТНГ во вредност од 2,35 милијарди евра во ЕУ


Грчката бродска компанија „Дајнагас“ (Dynagas) испорачала руски течен природен гас (ТНГ) во вредност од 2,35 милијарди евра  до клиенти од ЕУ во првите седум месеци од 2026 година, објави невладината организација за следење на санкциите „Ургевалд“ (Urgewald). Анализата доаѓа неколку недели откако лидерите на ЕУ се согласија да и дадат на „Дајнагас“ ослободување од санкциите, […]

Германија прави резерви на гас за „црни денови“


Германското Министерство за економија подготвува планови за воспоставување државни стратешки резерви на природен гас што би се користеле во вонредни ситуации, чие формирање би чинело до 1,5 милијарди евра (1,72 милијарди долари). Според интервјуираните од Ројтерс, резервите би биле наменети за заштита од екстремни ситуации, како што се саботажа на клучна енергетска инфраструктура или сериозен […]

Германија во проблеми со гасот. Складиштата се полнат побавно од очекуваното


Германските капацитети за складирање гас не се полнат доволно брзо, предупреди државната енергетска компанија „Унипер“, нагласувајќи дека се потребни стимулации за да се избегнат недостатоци следната зима. „Нивото на зафатеност на складиштата се зголемува од март, но сепак премногу бавно“, изјави извршниот директор на „Унипер“, Мајкл Луис, за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Според податоците од „Гас […]

Центрите за податоци во Велика Британија остануваат без струја: Ќе користат фосилни горива


Повеќе од 100 нови центри за податоци во Велика Британија планираат да користат гас за производство на електрична енергија, некои од нив трајно. Според британските претставници, ова е неизбежна последица од годините чекање да бидат поврзани со националната електрична мрежа, што покренува „интересно прашање“ за климатските цели на земјата, пишува Гардијан. Голем интерес за приклучоци […]

Војната во Иран ги празни складиштата за нафта. Европа се соочува со енергетска криза


Цените на гасот во Европа се зголемија за 70%, складиштата се речиси празни, а прекините во снабдувањето, зголемената инфлација и можноста за затегнување на монетарната политика од страна на Европската централна банка (ЕЦБ) ги зголемуваат стравувањата од повторување на енергетската криза од 2022 година. За само неколку недели, конфликтот во Иран ја промени енергетската пресметка […]

Цените на гасот во Европа скокнаа 115 отсто за една недела


  Цените на гасот во Европа го забележаа својот најголем пораст од енергетската криза во 2022 година. Зголемувањето од крајот на февруари е 115 отсто, вклучувајќи го и скокот од понеделникот на 68,8 евра/MWh (скоро 835 долари за 1.000 кубни метри). Иако Европа не добива многу гас од Катар, кој ги прекина испораките на течен […]

Кумановци можат да аплицираат за субвенции за гасификација


Кумановци можат да аплицираат за субвенции за гасификација во 2026 на јавниот оглас што го објави Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини соопштија на денешната прес-конференција надлежните од ЈП „Куманово-Гас“. Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за приклучок на дистрибутивна гасоводна мрежа или за набавка на гасен котел е објавен пред неколку дена, а […]

Турција се противи Грција да истражува јаглеводороди во близина на Крит


Турција  се спротивставува на одлуката на Грција да истражува јаглеводороди јужно од Крит, соопшти Министерството за одбрана во четврток, нарекувајќи го потегот на Атина повреда на турско-либискиот договор за поморските граници. Конзорциум предводен од американскиот нафтен гигант „Шеврон“ потпиша договор во понеделник за пребарување на природен гас во длабокото море во четири блока, јужно од […]

Австрија сака да ја намали зависноста од американскиот течен природен гас со увоз од Африка


Австрија се стреми да го прошири производството на обновлива енергија и да увезува повеќе гас од Африка за да избегне прекумерна зависност од американскиот течен природен гас (LNG) во контекст на промените во снабдувањето со енергија на ЕУ, изјави државната секретарка за енергетика Елизабет Зехетнер. Европската унија ќе престане да увезува руски течен природен гас […]

Светската банка заинтересирана за финансирање гасни проекти во Србија, фокус на државата е гасна интерконекција со Северна Македонија


Српската министерката за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, изјави дека Светската банка е заинтересирана за поширока програма за поддршка на гасниот сектор во Србија, во рамките на која би можеле да обезбедат финансирање во фази за изградба на гасни интерконекции, зајакнување на постојната гасна инфраструктура во земјата, како и изградба на нови капацитети за […]

Унгарија и Словачка покренаа тужба против Европската Унија поради забраната за руски гас


Унгарија и Словачка ќе ја тужат Европската Унија поради нејзиниот план за забрана на целиот увоз на руски гас штом законот официјално стапи во сила, објавија денес министрите за надворешни работи на тие земји. Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, напиша на мрежата X во понеделник дека земјата ќе ги искористи сите законски средства […]

Унгарија склучи договор со американски „Шеврон“ за снабдување со гас


Унгарија денеска соопшти дека потпишала петгодишен договор за снабдување со гас со американската енергетска компанија „Шеврон“. – Новиот договор, склучен меѓу „Шеврон“ и унгарската јавна електроенергетска компанија МВМ, предвидува испорака на 400 милиони кубни метри ТНГ (LNG) годишно во следните пет години, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на заедничка прес-конференција со заменик-министерот […]

Снимен момент од ужасна експлозија на гас во Калифорнија, куќи срамнети со земја


Надзорните камери го забележаа моментот на огромна експлозија што го потресе градот Хејвард, Калифорнија, во четврток, оставајќи зад себе урнатини и најмалку шест повредени лица. Се верува дека причина за несреќата е оштетен подземен гасовод, објавија американските медиуми, повикувајќи се на информации од Пацифик Гас енд Електрик. Видео од камера на ѕвончето на една од […]

Хрватска откри ново наоѓалиште на гас во северен Јадран


Хрватска откри ново наоѓалиште на гас во Јадранското Море со потенцијал кој се проценува на околу 220 милиони кубни метри гас, што е околу 1,3 милиони барели нафтен еквивалент, објави tportal. Тест-производството започна два месеци пред предвидениот рок, а дневното производство изнесува 120.000 м³ природен гас, што потврдува дека бунарот IKA A-1 R DIR е […]

ИЕА: Глобалната побарувачка за нафта и гас може да расте до 2050 година


Глобалната побарувачка за нафта и гас може да расте до 2050 година, соопшти денеска Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), отстапувајќи од своите претходни очекувања за брз премин кон почисти горива и предвидувајќи дека светот веројатно нема да ги исполни климатските цели. ИЕА, западната агенција за надзор на енергетската безбедност, во последните години е под притисок […]

Македонија и Србија сакаат гасниот интерконектор да стане реалност што побрзо


Изградбата на гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија, проект од стратешко значење за енергетската безбедност и диверзификација на снабдувањето со гас во регионот, беше во фокусот на денешната средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со Јована Јоксимовиќ, помошничка министерка за рударство и енергетика на Србија, задолжена за меѓународна соработка и […]

Божиновска не очекува проблем во снабдувањето со гас, ќе има решение на ниво на Европската унија


 Министерката за енергетика, рударство и минерални суровии Сања Божиновска не очекува проблем во снабдувањето со гас откако Советот на ЕУ вчера постигна договор за преговарачката позиција на земјите членки за Предлог-регулативата за прекин на увозот на руски енергенси. Божиновска, денеска на новинарско прашање рече дека до 2027 година треба да биде готов гасоводот со Грција […]

По украински напад прекинато снабдувањето со гас во Русија од Казахстан.


Голема руска фабрика за преработка на гас во Оренбург, најголемата во светот, беше принудена да го запре снабдувањето со гас од Казахстан вчера, потврди Министерството за енергетика на Казахстан. Прекинот се случи по украинскиот напад со беспилотни летала врз објектот, објавија украинските медиуми. Украинската војска претходно соопшти дека објектот, кој се наоѓа во југозападниот регион […]

(Фото) Почна изградбата на гасниот интерконектор со Грција вреден 60 милиони евра


Стартуваше изградбата  гасниот интерконектор со Грција во должина од 66,7 километри на потегот од Гевгелија до Неготино, со почетен капацитет од 1,5 милијарди метри кубни годишно.  Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, на означувањето на почетокот на градежните работи посочи дека проектот ќе донесе нови извори на природен гас, стабилно стабдување, пониски цени за граѓаните, поголема конкурентност […]

Цените на гасот нагло паѓаат во Европа


Цените на природниот гас во Европа денес нагло паднаа, бидејќи трговците беа уверени од знаците за намалување на тензиите на Блискиот Исток откако американскиот претседател Доналд Трамп прогласи прекин на огнот во војната меѓу Израел и Иран. На референтната холандска дигитална берза TTF, цената на еден мегават-час гас со датум на испорака во јули падна […]