Австрија ја прифати новата руска шема за плаќање на гасот во рубли


Виена засега се согласи со австриската компанија за нафта и гас ОМВ да ги плати испораките на руски гас во рубли со отворање сметка во руска банка. Ова го соопшти австрискиот канцелар Карл Нехамер. Според новата руска шема, купувачите од земјите што Москва ги идентификува како непријателски ќе ги префрлат своите средства за купување во […]

Дали гасното ембарго на „Гаспром“ за Бугарија ќе ја погоди и Македонија


Прекинот на испораките на руски гас за Полска и Бугарија, засега, нема да ги погоди третите земји кои го добиваат овој енергент преку гасоводите кои што минуваат низ двете држави за кои Русија ги затвори вентилите. Тоа значи дека и Македонија ќе може да го користи рускиот гас, иако единствената цевка преку која доаѓа гасот […]

Газпром: Прекинати се испораките на гас за Бугарија и за Полска


Рускиот гигант Газпром денеска соопшти дека се прекинати сите испораки на гас за Бугарија и за Полска, откако двете земји одбија да плаќаат во рубли, јави Би-Би-Си. Полските и бугарските добавувачи на гас претходно информираа дека примиле официјални известувања од Газпром за прекинот на испораките. Изјавата на Газпром дојде откако податоците утринава покажаа дека испораките […]

Продолжуваат испораките на руски гас за Полска


Испораките на руски гас за Полска сега се обновени откако беа прекинати рано утринава, јави Би-Би-Си. Во еден момент рано утрово, физичките текови на гас долж гасоводот Јамал-Европа од Белорусија до Полска паднаа на нула, но потоа испораките на гас продолжија. Полска вчера објави дека добиле порака од Русија дека од денеска ќе го прекинат […]

Велика Британија одобри плаќања за рускиот гас преку Гаспромбанк до крајот на мај


Велика Британија овозможи до крајот на мај плаќање на гас наменет за Европската унија во трансакциите со руската Гаспромбанк и нејзините подружници, се наведува во документот на Министерството за финансии. Дозволата им овозможува на физичките и правните лица да продолжат со плаќањата според договори кои почнале до 21 април и активности како што се отворање […]

Данска привремено ќе го зголеми производството на гас од Северно Море


Данска– Данската Влада денеска соопшти дека значително ќе го зголеми домашното производство на гас во полињата во Северното Море за што поскоро да се ослободи од зависностите од снабдувањето од Русија. „Ќе го зголемиме производството на природен гас во Северното Море за ограничен временски период“, изјави пред медиумите данската премиерка Мете Фредериксен. „Убедени сме дека […]

Ерменија почна рускиот гас да го плаќа во рубли


 Ерменија почна со плаќање на рускиот гас во рубли, изјави за РБЦ, министерот за економија Вахан Керобјан. – Колку што знам, последните неколку плаќања беа во рубли, но, по соодветен курс, појасни министерот. Керобјан истакна дека цената се одредува во долари, но плаќањето е во рубли. Премиерот на Белорусија, Роман Головченко уште на 3 април […]

Путин се жали дека западните банки не го плаќале рускиот гас


Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги обвини западните банки дека не извршиле плаќања за рускиот гас, само две недели откако побараа таквите плаќања да се вршат во рубли. – Постојат неисполнети обврски при извозните испораки на руските енергетски ресурси, рече Путин за време на состанокот за развојот на рускиот енергетски сектор, чии делови беа емитувани […]

Путин ѝ порача на Европа: Не можете да го отфрлите рускиот гас, а ние се вртиме кон исток


  Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот рече дека Москва ќе работи на пренасочување на својата енергија кон исток додека европските земји се обидуваат да ја намалат зависноста од рускиот извоз, додавајќи дека Европа нема да може целосно да го избегне рускиот гас веднаш. Русија воспоставува поблиски врски со Азија и Кина, најголем потрошувач на […]

Грција ги интензивира истражувањата за природен гас на шест локации


Денеска најавуваме забрзување на истражувањата за природен гас, за кој знаеме дека нашата земја можно е, нагласувам, не сме сигурни, но можно е да го има во значителни количини врз основа на прелиминарните студии, како на копно, така и во море, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на состанокот во грчката Компанија за управување со јаглеводород, […]

Гасот во БиХ поскап за 22 отсто


Цените на бензинот во Босна и Херцеговина се зголемија за 21,7 отсто во тримесечниот период, за што властите како причина ја посочија војната во Украина. Директорката на „Енергоинвест“ Бисера Хаџиаљевиќ изјави дека од денеска поскапуваат бензините за граѓаните и стопанството поради севкупните случувања на пазарите на нафта, гас и горива. – Цената на горивото е […]

Италија од Алжир ќе увезува дополнителен природен гас


  Премиерот на Италија Марио Драги во понеделник ќе го посети Алжир во рамки на напорите Италија да ја намали зависноста од руски гас. Според извори блиски до премиерот, Алжир ќе се сложи извозот во Италија да го зглоеми за 50 отсто. Алжир ќе се обиде да го зголеми извозот на гас во Италија за […]

Скапата енергија ја „исцеди“ Европа, но Русија ризикува да го загуби главниот извор на приход


Во четвртокот Путин потпиша декрет со кој им наредува на странските купувачи да го плаќаат гасот во рубли од 1 април, во спротивно ќе се соочат со прекини во снабдувањето. Ако Русија остане на ова, и тие и Европа ќе бидат во голема загуба. Европските претставници го отфрлија ултиматумот, а во петокот портпаролот на Кремљ […]

Русија продолжува да испорачува гас преку Украина


Руската државна енергетска компанија Гаспром објави дека продолжува со големите испораки на гас преку Украина до западните земји. Компанијата соопшти дека денеска низ гасоводот на Украина ќе поминат 108,4 милиони кубни метри гас, додека вчера биле испорачани 108,1 милиони кубни метри. Русија продолжи да испорачува гас и во текот на викендот и покрај барањето на […]

До 15 април е осигурено снабдувањето со природен гас, тврди Бектеши


До 15 април е осигурено снабдувањето со природен гас во земјава, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, кој не верува дека би имале некаков проблем во делот на топлинската и електричната енергија при евентуална одлука на Руската Федерација да се плаќа природниот гас во рубли од страна на „непријателските држави“. – Во случај да […]

Како ќе се плаќа рускиот гас – Путин вели во рубли, западните лидери не прифаќаат


Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека потпишал указ со кој се бара од странските купувачи да плаќаат за рускиот гас во рубли од 1 април, во кој се наведува дека постоечките договори ќе бидат суспендирани доколку уплатите не бидат извршени. – За да купат руски природен гас мора да отворат сметки во рубли во […]

ЕК изврши инспекција во неколку компании за гас во Германија


Европската комисија денеска ги потврди ненајавените инспекции во неколку компании за гас во Германија, како дел од истрагата за можни прекршувања на прописите за еднаква конкуренција на европските енергетски пазари. Комисијата се сомнева дека компаниите за снабдување, дистрибуција и складирање гас ги прекршиле правилата на ЕУ кои „забрануваат злоупотреба на доминантна позиција“ на пазарот, се вели во соопштението. Инспекциите беа извршени […]

На купувачите на гас од ЕУ им требаат сметки во руски банки за да плаќаат во рубли од април


Русија– Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека „непријателските“ земји, вклучително и сите членки на ЕУ, ќе треба да отворат сметки во руски банки и да плаќаат во рубли за испорака на гас од април. „Тие мора да отворат сметки во руските банки за да плаќаат во рубли. Токму од тие сметки ќе се вршат […]

Германска Влада: Путин рече дека Европа може да продолжи да плаќа за гас во евра


 Германската Влада денеска соопшти дека Русија гарантира дека Европа нема да мора да плаќа за испораките на руски гас во рубљи. Кабинетот на германскиот канцелар Олаф Шолц објави соопштение во кое се вели дека рускиот претседател Владимир Путин и му рекол на германскиот канцелар дека европските компании можат да продолжат да плаќаат за гас во евра. Во телефонскиот разговор […]