(Видео) Полн воз од Сплит до Загреб заглави во снегот во Лика: „Чекаме два часа“


Денеска нешто по 15 часот воз на Хрватски железници тргна од Сплит за Загреб, а потоа заглави во снегот во Лика. Како што јави Далмација Данас, возот бил полн во моментот кога се заглавил во снегот бидејќи врз него паднала гранка при што се скршило стаклото на локомотивата. „Два часа чекаме замена, авотбус или воз“ […]

(Фото) Воз излета од шините во Норвешка. Едно лице загина, четири се повредени


  Едно лице загина, а четворица се повредени денеска кога воз излета од шините на северот на Норвешка, соопшти полицијата. Камења паднаа на возот што ги поврзува градовите Трондхајм на запад и Бодо на северот на земјата, по што излета од шините, изјави полицаецот Арилд Волдмо за норвешката радио и телевизија NRK. PHOTOS: Norway train […]

Воз удри во автомобил во Србија, три лица загинаа, меѓу нив и две деца


Во Србија се случи тешка железничка несреќа кога воз удри во автомобил при што смртно настрадаа три лица. Како што јави „Блиц“ меѓу загинатите се и две деца, момче на 12 годишна возраст и девојче (14). Сообраќајната несреќа се случила на премин во Лазаревац кога во автомобил ауди“ удрил воз кој сообраќал на линијата Пријепоље […]

Загина човек од удар од воз кај бул „Србија“


На железничката пруга кај булеварот „Србија”, синоќа воз удрил човек на возраст од околу педесет години. Од ударот, тој починал на местото на несреќата, потврдија утрово за МИА од Итната медицинска помош во Скопје.

Возот од Велес утрово не тргна за Скопје


Утрово голем број патници кои од Велес со воз патуваат до Скопје останаа без превоз. Возот што тргнува од Скопје за Гевгелија и обратно, а по возен ред од Железничката станица во Скопје поаѓа  во 16,55 часот синоќа по тргнувањето се расипал. Поради тоа утрово истиот воз во 4.40 часот не тргна од станицата во Гевгелија, […]

Поради модернизација утре ќе биде исклучен од редовна работа автоматскиот пружен блок помеѓу станиците Романовце и Миладиновци


Поради модернизација на пружни блокови, автоматскиот пружен блок помеѓу станиците Романовце и Миладиновци ќе биде исклучен од редовна работа во 10 часот во текот на утрешниот ден, информираа од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.  Сообраќајот помеѓу овие две станици ќе се одвива во станично растојание, бидејќи патните премини Агино Село-Поле и Дељадровци – Поле ќе бидат исклучени […]

Србија купува девет возови од Кина за ЕКСПО 2027 година


Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ и претседателот на Управниот одбор на кинеската компанија CRRC, Лиу Чанчинг денеска потпишаа Протокол за разбирање и соработка за набавка на девет нови електрични возови за брзини на 120 километри на час. По потпишувањето на документот во Владата на Србија, Весиќ рече дека набавката на […]

Голем штрајк во Грција: Не возат бродови, возови, автобуси…


Бродовите се закотвени во грчките пристаништа, а железнички услуги нема денеска, бидејќи транспортните работници штрајкуваат за да бараат повисоки плати за да се справат со зголемените животни трошоци. Дури и автобусите и таксистите денеска не работат, па многу патишта во центарот на Атина се пренатрупани бидејќи жителите сами се возат на работа. Возачите се приклучија […]

Воз со фосфорна киселина излета од шините кај Рума


Воз на железничката станица во Рума утрово излета од шините. Како што се дознава, четири вагони што превезувале фосфорна киселина излетале од шините. Засега не се знае колкава е штетата, а во тек е истрага за утврдување на сите детали од несреќата. Полицијата и пожарникарите се на терен, пишува „Курир“.

Избеган воз во Индија поминал 70 километри без машиновозач, запрен од трупци


Индиските железници наредија истрага откако товарен воз поминал повеќе од 70 километри без машиновозач. Снимките на социјалните мрежи покажуваат дека возот со голема брзина поминува покрај неколку станици. Извештаите велат дека возот вчера сообраќал без машиновозач од Катуа во Џаму и Кашмир до областа Хошиарпур во Пенџаб. Од железницата велат дека возот е запрен и […]

Тридневниот синдикален штрајк го запре железничкиот сообраќај низ цела Германија


Синдикатот на германските машиновозачи (ГДЛ) денеска го продолжи штрајкот на работниците, кој влегува во третиот ден, и го прошири од патнички до товарен. Државната железничка компанија Дојче Бан соопшти дека само околу 20 отсто од нејзините возови функционираат, а приградските возови во градовите како Берлин се во застој. Германските машиновозачи бараат намалување на работното време […]

Компанијата која имаше намера да изгради брза транспортна врска меѓу Европа и Кина се гаси


Компанијата Hyperloop One, која меѓу своите цели имаше изградба на брза товарна врска меѓу Европа и Кина, која може да превезува товар од еден до друг крај за само еден ден, објави дека се гаси. Hyperloop One е основан во 2014 година по објавувањето на работата на американскиот бизнисмен Илон Маск за неговата визија за […]

Патувањето со воз и за време на празниците е поскапо од патувањето со авион


Според еколошката организација Гринпис, патувањето со воз е генерално поскапо од патувањето со авион. Како што покажа анализата, системот поттикнува и користење на авиони за време на празниците, иако, според нив, тоа е спорно од еколошки аспект. Тие ја повикаа и Европската комисија да преземе мерки. Во декември, Гринпис ги спореди трошоците за железничко и […]

По поплавите, по неколку месеци, повторно сообраќа воз меѓу Атина и Солун


По неколку месечен прекин поради штетата предизвикана од поплавите, се обновува железничката врска меѓу Солун и Атина, првично за товарните возови, а од сабота и за патничките, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција соопштија дека доцна синоќа бил пуштен во сообраќај првиот товарен воз, а од 16 […]

Штрајк ги сопре возовите во Франција


Вчерашниот штрајк на француските железничари го прекина железничкиот сообраќај низ цела Франција, објави BFMTV. Возовите на северот на Франција не сообраќаа на релација Кале-Данкерк, додека железничкиот сообраќај во Нормандија беше ограничен на линиите Париз-Трувил и Авр-Фекан, како и од насоката Рајна. Една четвртина од возовите се запрени на југоистокот на земјата. Штрајкот го зафати и […]

Несогласувања во италијанската влада за продажба на акции во државните железници


-Италијанската влада не треба да го продаде својот удел во државната железничка групација Ферови дело Стато, како што предложи министерот за економија во планот за намалување на државниот долг, изјави денеска министерот за инфраструктура Матео Салвини. За да го намали јавниот долг, Владата планира да собере околу 20 милијарди евра од 2024 до 2026 година […]

Две лица полесно повредени при удар на локомотива и комбе кај кумановско Лопате


Две лица се полесно повредени и примени се во Општата болница – Куманово откако локомотива удрила во патничко моторно возило – комбе во кумановското село Лопате, соопштија денеска од ЦУК. Несреќата се случила завчера, во село Лопате кај железничкиот премин. – Несреќата се случила во 5:50 часот, кога локомотива удрила во патничко моторно возило комбе. […]

ЦУК: Со автобус место со воз, од Градско до Криволак, поради напукнат столб на мост на железничката пруга


Согласно информациите од Македонски железници, поради напукнат бетонски столб на мост на Црна Река, на линијата Гевгелија – Велес, поточно помеѓу железничките станици Кукуричани – Градско, во близина на Стоби, железнички сообраќај на овој патен правец целосно е во прекин од 15:25 часот – и патнички и товарен. Но, патничкиот сепак се одвива со „премостување“ […]

Воспоставен железничкиот сообраќај во земјава, не сообраќа возот Скопје – Битола


По четири дена целосен прекин на железничкиот сообраќај во земјава од вчера доцна попладне повторно сообраќаат патничките и транспортни возови. Поради расипана локомотива, вчера во 14:30 часот од Скопје за Битола не замина единствениот воз на оваа релација. Поради тоа и утрово немаше воз на релација Битола – Скопје преку Прилеп и Велес. Неизвесно е […]

Нормализација: Попладнево тргнува возот за Битола


Од попладнево треба да биде нормализиран железничкиот сообраќај во земјава кој од петокот беше во прекин поради бојкот на машинскиот и извршен персонал на Железници Транспорт.  Претседателот на Синдикатот на машиновозачи и претставник на машинскиот извршен персонал Тони Димовски рече дека бојкотот прекинува затоа што е исполнето нивното барање за исплата на патните трошоци.  – […]