Се судрија возови во Хрватска – машиновозачот потешко повреден (видео)


Во 10:05 часот наутро, во близина на Крижевци, се случи судир помеѓу товарен и патнички воз на Хрватски железници. Има повредени, а според првичните информации, машиновозачот на патничкиот воз е тешко повреден. Во моментот на судирот во патничкиот воз имало околу 20 патници. Полицијата и брзата помош се на местото на настанот. Линијата е затворена […]

Урнебесно видео од интервју на Мицкоски: „Нема воз за ЕУ. Сега има воз и вагон кој сами го ‘клатиме’“


  Тешко може да се објасни делот од интервјуто на премиерот Христијан Мицкоски за поткастот „Риштази“ на весникот Коха, каде што тој дава изјави кои се „спектакуларни“. А за некого и неразбирливи, затоа што се контрадикторни. Кога новинарот Назим Рашиди го прашува дали ако Македонија не ги направи уставните промени, ќе изгуби уште еден воз […]

Од утре патнички возови Скопје – Битола и Битола – Скопје


ЖРСМ Инфраструктура информира дека по завршените градежни работи на пругата Скопје – Битола – Жабени, во делот од станица Бакарно Гумно до товариште „Никола Карев“, од утре, 15 јули 2026 година, ќе почнат да сообраќаат патничките возови на релација Скопје – Битола и Битола – Скопје. На релација Скопје – Битола ќе сообраќааат возовите: 641 […]

Следната година првите километри од автопатот Тетово-Гостивар, се работи и на железничко поврзување со Албанија


Следната година ќе бидат готови првите километри од автопатот  Тетово-Гостивар, којшто според сегашната динамика ќе биде целосно готов во 2028 година, а се работи и на  железничко поврзување Скопје со Албанија, како продолжение на активностите од проектот „Градски воз“, информира денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.  – Добро оди изградбата на автопатот Тетово […]

Реконструираната пруга за товарен железнички сообраќај Драчево – Илинден ќе профункционира за дваесетина дена


Преку тест возење министерот за транспорт и врски, Александар Николоски и директорот на ЈП Железница Инфраструктура Синиша Ивановски, направија увид реконструираната пруга од Драчево до Илинден, по која сообраќаат товарни возови. Според Николоски оваа делница е предвидена исклучиво за товарниот железнички сообраќај со цел подобра организација и развој на целокупниот транспорт. Според министерството за транспорт […]

Од денеска, повторно сообраќаат возови, но само од Скопје до Гевгелија и до Велес – до Битола нема


ЈП Железници инфраструктура соопшти дека од денеска ќе бидат пуштени во сообраќај патничките возови кои беа запрени поради изведување  градежни работи на пругата Скопје – Велес, како дел од активностите за проектот „Градски воз“  во делот од станица Скопје до станица Зелениково. Прекинот во сообраќањето на возовите траеше од 22. минатиот месец, од кога се […]

Градскиот воз ќе биде алтернатива за граѓаните за побрз и поеколошки превоз


Реализацијата на проектот „Градски воз“ ќе значи нов еколошки транспорт за голем дел граѓани коишто имаат дневна рутина да се движат кон центарот на градот, на потегот од Зелениково, преку Драчево, Лисиче, Аеродром до Транспортен центар. Одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен – темелник на доградба на ООУ „Јоаким Крчовски“ во општина Ѓорче Петров […]

Се запали воз на станица во Хрватска


Воз се запали на железничката станица Велика, соопшти Полициската управа Пожега-Славонија. Пожарникарите беа испратени на местото на настанот и почнаа да го гаснат пожарот. Во моментов нема информации за причината за пожарот или за повредени лица.

Од Скопје до Софија со воз до 2030 година


До 2030 година, Бугарија и Северна Македонија ќе го завршат железничкото поврзување. Тоа било истакнато на состанокот во бугарското Министерство за транспорт и врски меѓу вршителот на должноста министер за транспорт и врски Корман Исмаилов и македонската амбасадорка во Софија Агнеза Руси Поповска, соопшти прес-центарот на бугарското Министерство за транспорт.  По ратификацијата на Договорот за […]

Шпанските железнички работници штрајкуваат по големите несреќи. „Уморни сме од системот“


Шпанските железнички работници денес започнаа тридневен штрајк во знак на протест против наводното влошување на инфраструктурата и недоволното финансирање што го обвинуваат за две железнички несреќи во кои загинаа 47 лица во јануари. „Со години бараме подобро одржување на железниците“, изјави за АФП Даниел Идалго, портпарол на синдикатот CGT. „Железничките работници велат „доста е“, уморни […]

Шпанските машиновозачи ќе стапат во штрајк по тешките несреќи


Шпанскиот синдикат на машиновозачи (СЕМАФ) денеска најави генерален штрајк во железничкиот сообраќај во Шпанија по несреќите на возовите во Каталонија и Андалузија во кои загинаа најмалку 43 лица, а повеќе десетици се повредени. – Ќе повикаме на генерален штрајк во целиот сектор за да се загарантира безбедноста и довербата во железничката мрежа, соопшти СЕМАФ без […]

Кран падна врз воз во движење: Десетици повредени, има и мртви


Најмалку 22 лица загинаа кога градежен кран падна врз воз во движење во Тајланд денес, соопшти тајландската полиција. Според извештаите, 79 лица се повредени, од кои осум имаат сериозни повреди. „Инцидентот се случил околу девет часот наутро, по локално време, додека се работело на изградба на брза железничка линија. Градежен кран се урна врз воз […]

Воз од Загреб тргна за Сплит вчера во 13:49 часот. Утрово сè уште беше во Книн


Воз кој тргна од Загреб вчера во 13:49 часот, а вообичаено сообраќа осум часа (!), сè уште беше во Книн утрово. Беше запрен во Книн повеќе од 12 часа, а очајните патници се пожалија дека тоа време го поминале без храна и пијалоци. Синоќа во Книн, бидејќи беше празник, сè беше затворено и не можеа […]

Грција ќе набави 23 нови возови до 2027 година


Набавка на нови 23 возови и инвестиции во нови депоа, како и во надградба и дигитализација на системите, предвидува ревидираниот договор меѓу Грција и компанијата „Hellenic Train“ во вредност од 420 милиони евра, со период на реализација до 2027 година, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за транспорт и инфраструктура на Грција соопштија […]

Брз патнички воз уби седум слонови на пруга во Индија


Седум диви азиски слонови загинаа, а еден мал е повреден кога брз патнички воз се судрил со крдо кое ја преминувало пругата во североисточната индиска сојузна држава Асам, соопштија локалните власти. Машиновозачот забележал крдо од околу 100 слонови и ги употребил сопирачките за итни случаи, но возот сепак удрил во дел од животните, изјави портпаролот […]

Измени во сообраќајот на два воза до крајот на февруари поради реконструкција на пругата Скопје-Зелениково


Поради реконструкција на пругата на делницата Скопје-Зелениково, од 2 јануари 2026 година до крајот на февруари 2026 година ќе има измени во сообраќајот на два воза, информираат од Железници Транспорт АД-Скопје. Како што се наведува во соопштението, возот број 642 кој ќе сообраќа на релација Битола-Велес време на тргнување предвидено со возниот ред (време на […]

Возовите за Битола нема да запрат, туку ќе бидат редуцирани


  Редовниот железнички сообраќај на релација Битола-Скопје и обратно ќе има една рестрикција, но не и целосно запирање во периодот на најавената реконструкција на пругата Скопје-Зелениково. Од битолската Железничка станица потврдија дека секојдневно и без пречки од Битола за Скопје ќе се поаѓа во 03,10 часот наутро и во 18,22 часот попладне, додека од Скопје […]

Се укинуваат сите патнички возови меѓу Скопје и Битола до јуни 2026


Поради реконструкција на пругата на делницата Скопје – Зелениково, од 11 декември 2025 до 10 јуни 2026 година нема да сообраќат повеќе возови, информираат од Железници. Нема да сообраќаат следниве возови: возот број 601 на релација Скопје – Велес, со време на тргнување во 8 часот, возот број 2081 на релација Скопје – Велес со […]

Тридневен штрајк во Белгија – возовите откажани


Поради тридневниот штрајк што започна денес, јавниот превоз во Белгија е нарушен, а од синоќа, низ целата земја сообраќаат помалку возови со голем број откажани поаѓања, што ќе продолжи, како што е најавено, до крајот на денот во среда, 26 ноември, објави Белгиската национална железничка компанија (SNCB). SNCB ги советуваше патниците да се консултираат со […]

Во Словачка се судрија возови, повредени 79 патници


  Во судар на два патнички автобуси, повредени се 79 патници, во близина на словачкиот главен град Братислава, соопштија властите во понеделник. Николму од повредените живтот не му е загрозен, а тие се сместени во болница, велат од итната медицинска служба. Прелиминарните извештаи упатуваат на тоа дека регионалниот воз го занемарил знакот за запирање и […]