Пендаровски вози „југо“, сопругата „меган“, а заштедиле 15.000 евра


Претседателскиот кандидат на владејачката коалиција Стево Пендаровски, во анкетниот лист што го пријавил како национален координатор за подготовка на земјава за членство во НАТО, вели дека како свој имот има „југо темпо“ старо дваесет години, проценето на илјада евра, а нема недвижен имот. Сепак, Пендаровски како негов личен имот, пријавил дека има заштеда од 12.230 […]

Кај Маврово запленети 30 килограми марихуана


Три јутени вреќи со околу 30 килограми марихуана се пронајдени и одземени вчера во патничко моторно возило „Цитроен“, со скопски регистарски ознаки на регионалниот пат Дебар – Маврово, а приведени се три лица. МВР денеска соопшти дека синоќа околу 20,00 часот, на регионалниот пат Дебар – Маврово, во близина на Мелнички мост, сопрено е патничко […]

Руската амбасада ќе го санкционира нивниот возач кој непрописно паркира возило


Возило на руската амбасада вчера беше фотографирано како е непрописно паркирано, а денес амбасадата на Твитер се огласи дека ќе покрене интерна постапка за ова непримерно однесување . -За жалење и срамење е сликава. Наше е возилото. Покренуваме интерна постапка за ова непримерно однесување.

Скопјанец повреден откако бил нападнат од непознати лица


Непознати лица вчера нападнале 66-годишен скопјанец и притоа му го оштетиле возилото.  Во полицискиот билтен се наведува дека инцидентот се случил вчера околу 14 часот на улицата „Шуто Оризари“ кога Р.А (66) додека бил во неговото возило „Пежо 308“ заедно со сопругата Џ.А. (55) и ќерката Н.А (29). Се преземаат мерки за целосно расчистување на […]

Кривична пријава против струмичанец кој не вратил изнајмено возило


Кривична пријава е поднесена против 22-годишен жител на Струмица кој изнајмил возило од рент-а-кар агенција и не го вратил. Пријавата е поднесена против Н.П. за „затајување“. Тој на  18 февруари изнајмил „фиат 500” и според договорот требало да го врати на 20 февруари. Откако истекол рокот за враќање, тој не го вратил возилото, ниту пак одговарал на […]

(Фото) Ново возило за заловување и транспорт на бездомните кучиња


ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје денеска го стави во употреба новото возило наменето за заловување и транспорт на бездомните кучиња од скопските улици. Ова е второ возило на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје што ќе се користи од специјализирана Служба за хуман третман и контрола, при секојдневните акции за заловување на бездомните кучиња коишто ќе […]

Кривични против три лица во Прилеп поради измама околу регистрација на возило


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против три лица од Прилеп осомничени за поднесување лажни докази и употреба на исправи со фалсификувани содржини. Кривични се поднесени против Ј.Н. (42) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „поднесување на лажни докази“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, против […]

Кратовец прегазен од сопственото возило


Во кратовското село Којково синоќа починал С.С.(51) откако бил прегазен од возило „Застава 750“. Според пријавата во полицијата, С.С. бил на гости кај Б.И. од село Којков, тргнал да си оди и влегол во своето возило „Застава 750“, го стартувал, но веднаш излегол од возилото и тргнал кон куќата на Б.И. Во тој момент, возилото […]

Украдено возило од двор на улица „Франце Прешерн“ во Скопје


Непознат сторител вчера во двор на улица „Франце Прешерн“ влегол во патничко моторно возило „Југо Флорида“ кое било незаклучено и со клуч на бравата го стартувал и заминал. МВР информира дека кражбата синоќа околу 20 часот во Полициската станица Карпош, ја пријавил С.Д. (52) од Скопје. Сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 60.000 денари. Се […]

Му го одзел возилото и побегнал


Утрово во 07,30 часот во Полициската станица Бит Пазар, Љ.К. (72) од Скопје пријавил дека во периодот од 14,30 часот на 24.04.2018 до времето на пријавување од улицата „Џон Кенеди“ непознат сторител го одзел неговото патничко возило „Фиат Пунто“ со скопски регистарски таблици. Сторителот влегол во возилото, го стартувал и заминал во непознат правец  стекнувајќи се […]

Опожарено „БМВ“ во Скопје


Патничко моторно возило „БМВ“ е опожарено утрово околу три часот на улицата „Мирослав Крлежа“ во Скопје. Возилото, како што е наведено во полицискиот билтен, е со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Н. од Скопје. Пожарот е изгаснат од Противпожарна екипа, а опожарен е предниот дел на возилото. Увидот е во тек.

Возило удри во жена на крстосница во Кисела Вода


Триесет и петгодишната Г.Б. денеска била удрена од возило на крстосница во населбата Кисела Вода. Како што информира за МИА од МВР, сообраќајката се случила во 16 часот и 50 минути на крстосницата од булеварот „Борис Трајковски“ со улицата „Народни херои“ кога патничко возило „опел корса“ удрило во скопјанката Г.Б. (35). Повредената со возило на […]