Возило удри во автобуска постојка на Бит Пазар


Според фотографиите од местото на настанот, во несреќата учествувал патнички автомобил кој претрпел големи оштетувања, особено во предниот дел. Возилото подоцна било подигнато со шлеп-служба. Од силината на ударот била урната и конструкција на автобуска постојка поставена покрај улицата, а на тротоарот и околу местото на несреќата останале расфрлани делови од возилото и од оштетениот […]

Швеѓанец добил сообраќајна казна од 920 евра од Италија, а никогаш не бил таму


Во сообраќајот, речиси сè е можно, вклучително и да бидете казнети за прекршок што не сте го направиле – во земја во која никогаш не сте биле. Токму тоа му се случи на Швеѓанецот Олоф Францен, кој пред две години доби казна од 920 евра за сообраќаен прекршок наводно направен во италијанско крајбрежно одморалиште. Проблемот? […]

За влез во Грција од јуни ви треба нов сет прва помош во возилото, плус термално ќебе


Од 18 јуни 2026 година, сите возила што влегуваат во Грција мора да носат нов, построг комплет за прва помош, кој содржи 16 специфични предмети, меѓу кои и специјализирано изотермално спасувачко ќебе и облози за изгореници. Во спротивно следуваат казни. Според новата регулатива, листата од 16 предмети се: -Изотермално (термо) спасувачко ќебе: минимални димензии 210 […]

Малолетници се возеле со автомобил, па излетале од коловоз – двајцата се повредени


  Во неделата, двајца тинејџери возеле автомобил, па излетале од патот, при што совозачот е тешко повреден, а возачот, полесно. На 28.09.2025 во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат с.Кривогаштани- Крушеани, патничко возило „дфск“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од с.Трновци, општина Могила, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки […]

Од мај ќе се наплаќа движењето со возила низ Национален парк Шар Планина


 Од 2 мај 2025 година, Јавната установа Национален парк Шар Планина почнува со систем за наплата на влез на моторни возила на територијата на паркот, преку праќање на СМС порака или скенирање на QR код. Треба да платат сите посетители кои со моторни возила се движат по дозволените патишта низ паркот, а ослободени од наплата […]

МВР објави видео од одземеното возило во Кавадарци поради создавање бучава (видео)


Министерството за внатрешни работи објави видео од одземеното возило во Кавадарци поради создавање бучава. Во Кавадарци синоќа во 22.40 часот полициски службеници од ПО БПС Кавадарци сопреле патничко моторно возило „бмв“ со кавадаречки регистерски ознаки, сопственост и управувано од Р.С. од Кавадарци, а во врска со претходна објава на социјалната мрежа инстаграм, на која се […]

Пакети со храна најдени во возило кај Танушевци – без документи требало да влезат во Косово


Сто и осумдесет пакети со по 11 килограми прехранбени производи, кои биле без соодветна документација, открила полицијата во комби во близина на скопското село Танушевци.  Како што соопшти денеска МВР, завчера (25 февруари) во 14.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци пресретнале возило комби со косовски национални ознаки, кое се движело […]

Извлeчено возилото што падна во Вардар кај Рашче – во него има три тела, по четвртиот човек се трага


Возилото кое излета во Вардар во близина с. Рашче е извлечено. Од него се извадени телата на три лица. Потрагата по четвртото лице продолжува, соопшти вечерва ЦУК. Како што појасни директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, од возилото извадени се телата на три женски лица. Потрагата по четвртото машко лице кое најверојатно од возилото излетало во […]

Скопјанец со возило поминал преку ногата на малолетничка и побегнал


Вчера во 12.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, З.Г.(64) од Скопје, со патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки поминал преку ногата на малолетничка од Скопје и со возилото го напуштил местото. По преземени мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го […]

Дел од ограда и рекламно пано паднале врз возила во движење во Автокоманда (видео)


Дел од оградата заедно со рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда паднале врз две возила во движење, информираат од Центарот за упревување со кризи. Нема имформации за повредени лица, соопшти ЦУК. По невремето кое вечерва го зафати Скопје, има бројни пријави за паднати дрвја, поклопени автомобили, одвеани покриви… – Од невремето кое вечерва го […]

Поскапе осигурувањето на возилата при регистрација


Осигурителните компании зголемија цените на полисата за автоодговорност за 15,4 отсто. Така, наместо досегашните 5.453 денари за полиса за осигурување за 44 до 55 киловатно возило, сега треба да се издвојат 6.292 денари или 893 денари повеќе. Досега 6.166 денари чинеше полиса за автоодговорност за возила од 55 до 66 киловати. Со промените на цените […]

Осум загинати во сообраќајка во Албанија, бегајќи од полицијата паднале во река


Осум лица загинаа утрово во Албанија во сообраќајна несреќа што се случи кога возило полно со мигранти се обиде да ѝ побегне на полицијата. Седум од загинатите се мигранти, а осмиот возач на возилото, по националност Албанец. Возачот изгубил контрола над возилото кај Пермет, на неколку километри од границата со Грција и истото паднало во […]

„Дрекселмајер“ подари специјално возило за лицата со попреченост во Прилеп


Специјално возило со автоматска рампа за лицата со попреченост како донација доби прилепската локална самоуправа од компанијата „Дрекслмајер Македонија“. Возилото е опремено за непречен пристап на инвалидска количка, како и простор кој е соодветно наменет за транспорт на опремата на лицата со попречености. Како што информираат од Општината, целта на донацијата е на граѓаните со […]

Тројца разбојници со закана одзеле возило од Швајцарец во Скопје


Едно лице од Швајцарија синоќа останало без својот автомобил. – На 10.01.2023 во 21.15 часот во Полициската станица Бит Пазар, Р.Н.Б.М.(33) од Швајцарија пријавил дека на 09.01.2023 во 21.30 часот на ул.„Перо Наков“ во Скопје, три лица со закана му го одзеле патничкото возило „тојота“ со швајцарски национални ознаки, информира МВР. Се преземаат мерки за […]

Уапсена жената што запалила автомобил во Делчево


Шеесет и две годишна жена од Делчево е приведена по опожарување на возило кое утрово се случи на булевар „Македонија“ во Делчево. По опожарувањето на возилото, до полицијата доставена е видео снимка од надзорна камера, по што е приведена шеесет и двегодишната (Н.Д), која била забележана на снимките од камерата во близина на возилото, кое […]

Запалено уште едно возило во Прилеп


Утрово во СВР Битола – ОВР Прилеп било пријавено дека околу 1 часот по полноќ на улица „Киро Нацевски Фетак“ било опожарен автомобил „пежо“, со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Р.Н.(65) од Прилеп. Пожарот, како што велат од СВР Битола бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а нема повредени. Увид извршила увидната […]

Казнет гостиварец кој со возило се движел по Камени мост


Вчера е санкциониран И.А. (68) од гостиварското село Чегране, кој со патничко возило се движел по Камениот мост во Скопје. Како што информираа од МВР, изречени му се мерки поради движење спротивно на сообраќаен знак, паркирање во пешачка зона и истечена важност на сообраќајна дозвола. 

Пронајден мртов маж во возило во Велес


Во Велес утринава е пронајден мртов маж во возило. Брзата помош констатирала смрт, а увид извршиле екипа од СВР Велес и јавен обвинител од ОЈО Велес.  – Денес во 9:10 часот на улицата „4- ти јули“ наспроти местото викано „Авона“ во Велес бил пронајден мртов маж. Била повикана Брза помош која утврдила смрт кај лицето В.Т. Екипата […]

Ако одите во Германија со дизел возило, внимавајте!


На старите патнички возила, во повеќе градови во Германија, забранет им е влез, а казната предвидена за тоа изнесува и до неколку илјади евра. На некои места дури, нема да поминете неказнето ни ако имате нов дизел автомобил. Во главниот град Берлин има места на кои е потполноз абрането да се вози дизел, а за […]

МВР: Да се одјават возилата чија сообраќајна дозвола не е продолжена повеќе од две години


Министерството за внатрешни работи ги информира и апелира до граѓаните дека согласно одредбите од Законот за возила сите оние кои се водат како сопственици на возила за кои не ја продолжиле важноста на сообраќајната дозвола повеќе од две години, законски се должни да го одјават своето возило во МВР односно во регистрационото подрачје каде возилото […]