Утре без вода половина „Партизанска“ и дел од Општина Карпош


Утре, од 09:00 часот, вода нема да имаат корисниците од улиците „Демир Трајко“ и „Партизанска“, крак 1,3,5,7,9 и 11.  Според ЈП „Водовод и канализација“, причина за прекинот е изведување водоводен приклучок ф-100 мм на улицата „Демир Трајко“ 51. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

Без вода делови на Кисела Вода, Карпош, Бутел и Центар


Прекин во водоснабдувањето поради изведување на различни интервенции денеска ќе има во неколку скопски општини – Кисела Вода, Карпош, Бутел и Центар. Како што информираа од ЈП Водовод и канализација поради изведување на водоводен приклучок на ул. „Борис Трајковски“ 212 во општина Кисела Вода прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место […]

Прекин во водоснабдувањето за корисниците на ул. „Максут Садик“ и „Пере Тошев“


 Прекинато водоснабдување денеска од 9:00 часот ќе имаат корисниците од ул. „Максут Садик“ и „Пере Тошев“, информираат од ЈП Водовод и Kанализација-Скопје. Прекинот е поради уличен дефект ф 80 мм на ул.Максут Садик“ бр.69 во Чаир. Како што наведуваат од ЈП Водовод и Kанализација-Скопје прекинот ќе трае до до завршување на зафатот. 

Поради дефект без вода корисниците од Стајковци


Поради дефект на приклучна цевка на улица 25 бр.15 Стајковци, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Стајковци. Како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:40 часот до завршување со санација на дефектот. 

Без вода дел од Ново Лисиче


Без вода денеска од 10:30 часот се дел од корисниците лоцирани на булевар „Видое Смилевски – Бато“ број 55, од ниска зона. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект на приклучна водоводна цевка Ф-80 милиметри на истата адреса. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

Обвинителството отвори предмет за енормното загадување на водата за пиење во Струга


  Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот Струга, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата. „Во координација со МВР – ОВР Струга, издадена e наредба за правосудната […]

Прекин на водоснабдување во Карпош 1 поради дефект на водоводна цевка, во Шуто Оризари нема струја


Прекин на водоснабдување во Карпош 1 поради дефект на водоводна цевка, најавен и прекин на електрична енергија во дел од Шуто Оризари. Дел од жителите на Скопје денеска ќе останат без вода и електрична енергија поради дефекти и технички интервенции. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф-80 мм […]

Директорот на „Водовод“ Струга поднесе оставка: Водата 30 пати над дозволената заматеност


По пет дена криза со загадена вода во Струга, директорот на ЈП „Водовод“ Меџијаит Јусуфоски денеска поднесе оставка од морални причини. Градот останува со целосна забрана за користење на водата поради екстремна заматеност, пренесува Ohrid1.   Од чешмите во Струга тече темнокафеава вода, а анализите покажаа дека заматеноста е дури 30 пати над дозволеното. Водата […]

Без вода хотелот Континентал и трговскиот центар Ист Гејт


Поради промена на затворач на бул. „Александар Македонски“ бб (кај Континентал), денеска прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и трговскиот центар Ист Гејт. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

Најдобриот пијалок за хидратација не е водата


Истражувањата покажуваат дека составот на пијалокот игра важна улога во тоа колку добро телото ќе остане хидрирано, а не само количината на консумирана течност. Водата често се смета за најдобар избор за хидратација, но научниците откриле дека одредени пијалоци можат да задржат течности во телото подолго. Студијата покажува дека составот на пијалокот игра клучна улога […]

Поради дефект без вода неколку улици во општина Кисела Вода


Поради уличен дефект на ул.„Коперникова“ бр. 17, денеска од 9 часот без вода се корисниците од улиците „Коперникова“, „Јанко Мишиќ“, „Жарко Зрењанин“, „Малешевска“ и „Славка Динкова“ во општина Кисела Вода. – Водоснабдувањето ќе биде прекинато  до завршување со санација на дефектот, најави ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Прекинато водоснабдување во населбата 11 Октомври во општина Кисела Вода


Корисниците од населбата 11 Октомври во општина Кисела Вода, вечерва, се без водоснабдување поради уличен дефект на водоводна цевка на улица „Лазар Димитров“. Како што информираат од ЈП Водовод и канализација, водоснабдувањето е прекинато од 19:40 часот и ќе трае до завршување на работните активности. – Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 100 на […]

Поради дефект без вода дел од Тафталиџе


Поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 100 милиметри на улица „Хелсинки“ 54 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата „Нобелова“ и дел од улиците „Хелсинки“, „Виенска“ и „Лондонска“. Како   што информираат од ЈП „Водовод и каналиација“ – Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:15 часот до завршување на работните активности.

Без вода „Илинденска“, од Градски парк до Влада


Поради дефект на улица „Ристо Шишков“ во Општина Центар, без вода од 14:15 часот се корисниците на потегот од булевар „Илинден“ до Градски стадион и до зградата на Владата, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Велика Британија го реформира управувањето со водите заради загаденост


Ненајавени инспекции, редовни тестови за исправност на возилата и задолжителни ознаки за ефикасност на водата на апаратите се меѓу клучните мерки во реконструкцијата на водниот сектор што ја објави британската влада. Владата ги опишува овие мерки како најголемо реструктуирање на водната индустрија во Англија и Велс од приватизацијата, а тие доаѓаат како одговор на широкото […]

Поплавени ниви и живеалишта, но реките се повлекуваат – патот до Герман е непрооден


 Центарот за управување со кризи во информација за состојбата по обилните врнежи на територијата на државата, заклучно со 8 часот изутринава, информира дека  во Пелагонискиот Регион (Битола, Могила и Новаци), во подрачјата во кои имаше излевање на реките, водата постепено се повлекува од поплавените површини. Нивото на реката Црна кај селото Новаци во 18 часот […]

Без вода дел од Карпош


Поради уличен дефект, без вода од 09:00 часот се корисницоте од улиците „Дрезденска“, „Њуделхиска“, „Алжирска“, „Каирска“, „Бахар Моис“, дел од „Атинска“, „Римска“, „Панче Пешев“, „Наум Евро“ и дел од „Багдатска“, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до санација на дефектот.

Во Ресен препорачно да не се пие водата заради нарушен квалитет


Поради интензивните врнежи и огромниот природен прилив на вода, моментално е нарушен квалитетот на водата во делови од водоводниот систем. Заради безбедност на граѓаните, водата привремено не се препорачува за пиење, соопштија од ЈКП „Пролетер“-Ресен. Од Јавното комунално претпријатие „Пролетер“-Ресен појаснија дека нарушениот квалитет на водата е последица на екстремните временски услови, а не на […]

УХМР предупредува: Не шетајте преблиску до Охридското Езеро, има високи бранови


Во текот на денешниот ден, како и за време на претсотјнаа ноќ се очекуваат врнежи од дожд на целата територија на земјата кои пообилни се најавува да бидат во западните делови од земјата. Исто така, за време на денешниот ден се очекува прилично топло време за овој период од годината со јужно струење и прилично […]

Попладнево без вода дел од Гази Баба


Ве известуваме дека на ден 02.01.2026 год. поради уличен дефект ф-100 мм на ул.Жан Жорес бр.59, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Жан Жорес, ул.Благоја Стефковски и населбата Хиподром. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 15:00 часот до завршување со санација на дефектот.