Дел од општина Карпош без вода


Поради дефект на водоводна цевка со пречник од 100 милиметри на крстосницата меѓу улиците  „Милан Марковиќ“ и „Брадфордска“ денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Милан Марковиќ“, „Крчин“, „Пијанец“, „Копачка“, „Илија Павлев“, „Стрезово“ и дел од улиците „Леринска“ и „Братфордска“ во општина Карпош. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, […]

Без вода викенд населбата Моране


Поради водоводен приклучок, без вода од 07:40 часот се корисниците во викенд населбата Моране, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до завршување на работите.

Дел од Ѓорче Петров без вода


Поради дефект на ул. „Ѓорче Петров“ бб до „Вардар Мебел“ во населба Ѓорче Петров, без вода од 19:15 часот се корисниците од ул. „Ѓорче Петров“, „Алексо Демниевски“, „Браќа Чакреви“, „Никола Пушкаров“, „Смољане“, „Јосиф Ковач“ и „Мечкин Камен“, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Загубите на вода во државата лани изнесувале 63,05 проценти


Загубите на вода на национално ниво во 2025 година изнесувале 63,05 проценти и се помали за 0,16 проценти во споредба со 2024 година – покажуваат податоците од годишниот извештај за 2025 година за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).  Намалување од 0,33 кубни метри има […]

Повеќе делови од Скопје утре ќе бидат без вода


ЈП „Водовод и канализација“ за утре најави повеќе прекини на водоснабдувањето низ главниот град. Поради промена на вентил од 2.5“ на улицата „Јани Лукровски“ бр.8, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности. Поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата „Франце […]

Трубарево без вода


Поради изведување на водоводен приклучок, без вода од 10:00 часот ќе бидат корисниците од Трубарево, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

Два булевари и повеќе скопски улици утре без вода


ЈП „Водовод и канализација“ извести дека дел од корисниците од булеварот „Партизански одреди“ утре ќе бидат со прекин во водоснабдувањето, а исто така прекинато водоснабдување ќе имаат и дел од корисниците од општина Чаир. Од таму информираат дека поради промена на затворачи ф 5/4 на булеварот „Партизански Одреди“ бр.48а, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од […]

Дел од Центар без вода


Поради дефект во шахта и монтажа на водомер за паркови без водоснабдување денеска од 09:00 часот до завршување на работните активности ќе бидат дел од корисниците на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во Општина Центар. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, по добиено известување од ЈП Водовод и канализација – […]

Ѓорѓиевски со бунари ќе ја намалува загубата на питка вода во Скопје


На повеќе места во Скопје, почнувајќи од Градскиот парк, се копаат бунари за вода, која би се користела за наводнување, со што се очекува да се намали огромната загуба на питка вода во главниот град, што изнесува до 60 отсто. – Во Градскиот парк се користела питка вода, а сега на повеќе места почнуваме со […]

Без вода скопската улица „Мавровска“


Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улицата „Мавровска“ бр.15 во Општина Карпош. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на улицата „Мавровска“ бр.15.

Без вода дел од село Бардовци


Поради дефект на приклучна цевка на ул.10 во Бардовци, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од с.Бардовци. Како што информираат од Дежурно-информативен центар на ЈП Водовод и канализација, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:10 часот до санирање на дефектот.

Без вода неколку улици и училиштето „Димитар Влахов“


Без вода од осум часот се неколку улици на скопска територија, како и училиштето „Димитар Влахов“, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Како причина е наведен уличен дефект на улицата Венијамин Мачуковски. Водоснабдувањето е прекинато за корисниците од оваа улица, како и улиците „Анастас Митрев“, дел од „Петар Ацев“ и училиштето […]

Состојбата со Рашче е стабилна, се испитуваат три позиции во Скопје, кои би биле алтернатива


Почнати се испитувања на три нови позиции во Скопје, кои би била алтернатива за изворот Рашче, а Владата, во соработка со општина Јегуновце и Град Скопје, работи на отстранување на проблемот со дивата депонија, која се наоѓа над изворот – истакна денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на седницата на Советот посветена на советнички прашања. […]

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива


Заматена е водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива, соопштија од јавните комунални претпријатија од двете општини. – Поради обилните дождови на изворите Лукар, известуваме дека водата во градскиот водовод е заматена и пред консумирање, потребно е да се преврива. ЈП „Комуналец“ Кавадарци ја следи состојбата и дополнително […]

Без струја делови од Кисела Вода, Карпош и Гази Баба, без вода корисниците од една улица во Нерези


Делови од Кисела Вода, Карпош и Гази Баба денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, додека без вода поради уличен дефект ќе биде една улица во населбата Нерези.  Според информациите од ЕВН Македонија, од 8 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот „Борис Трајковски“ и фирмите „Милсон“ […]

Без вода дел од Центар


Без вода од 9 часот ќе имаат корисниците од улиците Истарска и Маџирмаало во Општина Центар. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со водоснабдувањето е поради изведувањето на водоводен приклучок на ул. Кеј 13-ти Ноември бб и ќе трае до завршувањето на интервенцијата.

Маџир Маало и Стајковци без вода


 Поради уличен дефект ф-150 мм на улица „Периша Савелиќ“ 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Поради изведување на водоводен приклучок ф -100 мм на Кеј „13 Ноември“ бб, пак, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Истарска“ и Маџирмаало. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектот. Денеска, исто така поради реконструкција […]

Без вода дел од „Перо Наков“ кај Годи


Поради уличен дефект, прекинато водоснабдување од 08:30 часот ќе имаат корисниците на дел од улицата „Перо Наков“ кај Годи, информира ЈП Водовод и канализација Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до отстранување на дефектот.

Поради дефект без вода корисниците од улица „Славејко Арсов“ во Центар


Поради дефект во шахта на улица „Славејко Арсов“ број 21, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со санација на дефектот. 

Стружани денеска од цистерна полнат чиста вода, матноста на водата од градскиот водовод втор ден во граници на нормала


 Граѓаните на Струга денеска имаат можност да наполнат чиста и безбедна вода за пиење од цистерна, која јавното претпријатие „Водовод и Kанализација“ во различен временски интервал ќе ја постави на неколку локации. Директорот на претпријатието Јованчо Мечкароски оцени дека има голем интерес кај граѓаните да наполнат вода. – Во моментот имаме само една цистерна која […]