Нови извори на вода во Крушевско, се растоварува „Студенчица“


Се зафаќаат нови извори на вода кои ќе обезбедат дополнителна вода за с. Норово, а тоа ќе го намали притисокот врз Студенчица и пумпната станица.   Започна процесот на зафаќање на нови гравитациони извори и истите денес ќе се поврзат со резервоар во Норово. Како резултат се очекува недостатоците од вода во Норово да се […]

Дури 72,4 отсто од водите биле испуштени непречистени во 2022 година


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година во јавниот водовод биле зафатени и преземени 300 116 илјади м3 вода за снабдување, што е за 2.0 % помалку во однос на 2021 година. Од вкупното зафатено количество вода, најмногу вода, 63.8 %, е зафатено од изворски води, а најмалку, 0.9 %, од езера. […]

Без вода улиците „Козара“ и „Перо Наков“


 Без вода денеска ќе бидат улиците „Козара“ во Центар и „Перо Наков“ во Гази Баба, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје. Прекинот на водоснабдувањето на дел од „Козара“, како што информираат од претпријатието, е поради скината цевка од страна на приватна фирма на улица „Козара“ број 26, а водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување […]

Делови од Аеродром утре без вода


Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека на ден 20.06.2023 година ( вторник ) поради изведување на водоводен приклучок Ф 200 мм на улица „Венијамин Мачуковски“ 36 . Со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улица „Венијамин Мачуковски“ и „Анастас Митрев“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување на работите.

Корисници од неколку улици во Центар утре од 9 часот ќе немаат вода


Корисниците од улиците: „Диме Аницин“, „Костурски херои“, „Васил Стефановски“, „9 Мај“, „Петар Поп Арсов“, „Христо Смирненски“ и „Роза Луксембург“ во Општина Центар утре ќе немаат вода поради  дефект на ул. „Диме Аницин“ 6. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје, прекинот во водоснабдувањето ќе почне  во 9 часот и ќе трае до отстранување на дефектот. 

Без вода утре дел од корисниците на улицата „Џон Кенеди“


Поради дефект на затворач Ф-300 мм. на улицата „Џон Кенеди“ број 25 во општина Чаир, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица – непарни броеви од број 1 до број 29, соопштија утрово од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од девет часот, па сѐ до санирање на дефектот.

Поради дефект утре без вода делови од Карпош


Поради уличен дефект на булевар „8-ми септември“ во Општина Карпош, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците потегот од Бул. „Партизански Одреди“ до „Митрополит Теодосиј Гологанов“, и дел од ул. „Варшавска“. Како што информираат од ЈП Водовод и канализација, прекинот во водоснабдувањето ќе биде од 9 часот до санирање на дефектот.

Без вода дел од населба Пролет


 Поради дефект на приклучна цевка на ул. „Страшо Пинџур“ во населба Пролет,  утрово од 9 часот ќе има прекин во снабдувањето со вода во дел од населбата.  Водоснабдувањето ќе биде прекинато  до санирање на дефектот, најави ЈП „Водовод и канализација“ Скопје. 

Без вода дел од булеварот „Македонска Косовска Бригада“


 Поради изведување на водоводен приклучок на бул. „Словенија“ бб, во близина на ресторан „Аванти“, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од бул. „Македонска Косовска Бригада“. Како што информираат од ЈП Водовод и канализација –  Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:10 часот до завршување со завршување со работните активности.

Поради дефект без вода дел од корисниците од булеварот „Јане Сандански“


Поради дефект на затворач од Ф-80 мм на булевар „Јане Сандански“ бр. 103 во населба Аеродром, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од број 83 до 107 на Булеварот и Градинката. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:30 часот до санирање на дефектот. 

Ќе се гради водовод преку кој од југот на Албанија со вода ќе се снабдува регионот на Пуља во Италија


 Старата италијанска идеја за изградба на водовод што ќе ги поврзе водните извори на југот на Албанија со регионот на Пуља, се чини дека наскоро ќе стане реалност, пренесуваат албанските медиуми повикувајќи се на Corriere.it. Весникот се повикува на изјавата на претседателот на регионот на Пуља, Микеле Емилијано, кој изјавил дека албанската влада и дала […]

Арачиновци останаа без вода поради долгови стари 17 години


Жителите на Арачиново веќе три дена немаат вода затоа што ЕВН ја исклучи струјата на пумпите за вода на општината поради долг стар 17 години. Градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибрахими се пожали на „неправда“ од ЕВН, кој досега го толерирал неплаќањето на сметките за електрична енергија за пумпите за вода. -Имаме комуникација со ЕВН и […]

Поради дефект дел од Чаир без вода


Поради дефект на водоводна цевка Ф 125, без вода од 9 часот ќе бидат корисниците на улица „Отокар Кершовани“ во Чаир. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до отстранување на дефектот.

Колерата се врати на југот од Африка, граѓаните повикани да не пијат вода од чешми


Најмалку 12 лица починаа од колера, а 95 се хоспитализирани во општината Чвана во главниот град на Јужна Африка, Преторија. Само годинава од оваа болест починаа стотици лица во Малави и Мозамбик, а мал број случаи беа пријавени претходно во Јужна Африка. Како што потсетува Блумберг, колерата е болест слична на дијареата и е предизвикана […]

Без вода две улици во Центар


Поради уличен дефект од Ф-150 мм, без вода од 9.30 се корисниците на улиците „Самоилова“ и „Банатска“ во општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Дел од Карпош без вода


Без вода денеска од 9:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Будимпештанска“, „Осло“, „Лубица Горгиева“, „Урош Ѓорѓевиќ“, „Софиска“, „Бриселска“ и „Његошева“ во Општина Карпош. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради водоводен приклучок од ф 100-мм на ул.„Будимпештанска“ бр.17а. Жителите ќе бидат без вода до завршување на интервенцијата. 

Без вода Реонски центар во Ново Лисиче


Поради дефект на затворач на бул. „Видое Смилевски Бато“ бб (во близина на маркет Рептил), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Реонски центар (висока зона) во населба Ново Лисиче. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до санација на дефектот.

Без вода улиците „Челопек“, „Аврам Пислевски“ и „Ордан Чопела“


 ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека денеска од  9.40 часот, без вода ќе бидат  улиците „Челопек“, „Аврам Пислевски“ и „Ордан Чопела“ во Чаир.  Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради дефект на П.П. Хидрант од ф 80 мм на улица „Челопек“, бр. 4. Корисниците ќе бидат без вода до санирање на дефектот. 

Анализа на меѓународни отпадни води покажува присуство на 18 нови психоактивни супстанци


Резултати од тригодишна меѓународна програма за истражување отпадни води укажува на постоење на десетици нови психоактивни супстанции, јави ДПА. Примероците земени од 47 градови во 16 земји, вклучувајќи ги Шпанија, САД и Австралија, покажаа присуство на 18 нови психоактивни супстанции, според студијата објавена од списанието Water Research X. Новите психоактивни супстанци се лекови чии ефекти […]

Без вода селата Глумово, Шишево и Матка


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од селата Глумово, Шишево и Матка поради дефект на водоводна цевка Ф200 милиметри на улица 1 во Глумово кај гробиштата. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:15 часот до завршување на дефектот.