Берово цел месец ќе биде без безбедна вода за пиење – ќе им се носи со цистерни


 Во Берово започнува имплементацијата на проектот реконструкција на филтер станица, кој е инвестиција на Министерството за животна средина и просторно планирање. Поради градежните зафати кои треба да бидат реализирани, како што информираа од Општината во наредниот период, ќе се направи прекин на третманот на водата, со неможност да се достави безбедна вода за пиење, за […]

Без вода дел од населбата Пролет во Центар


Без вода денеска од 9 часот ќе бидат корисниците на дел од населбата „Пролет“ во општина Центар, во Скопје. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека причина за прекинот на водоснабдувањето е дефект на улицата „Светозар Марковиќ“, кај Феријален дом во Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Поради дефект без вода дел од корисниците во Гази Баба


Корисниците од улиците „520“, „512“ и „515“ во населба Ќерамидница во општина Гази Баба од 9.45 часот утрово немаат вода. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација, прекинот во водоснабдувањето е поради дефект на приклучна водоводна цевка на ул. „520“ бр. 15 и ќе трае до неговото отстранување. 

Поради дефект утре без вода дел од Нерези


Поради уличен дефект ф-125 мм на улица „Ванчо Мицков“ 22 во населба  Нерези утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот. 

Штипските населби во високите зони над 24 часа немаат вода за пиење


Граѓаните во високите зони на Штип немаат вода веќе над 24 часа. Станува збор за населбите Пребег, Баби, Три Чешми, Карорман и индустрискиот дел на градот. Според соопштението на ЈП „Исар“ – Штип, причината што населението од високите зони немаат вода за пиење е тестирање на системот за ултрафилтрација. Граѓаните од населбите во високите зони […]

Утре без вода делови од Скопје


Од ЈП „Водовод и канализација“-Скопје информираат дека утре (вторник) поради затворање вода поради менување на вентил во АД „Просветно дело“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. „Даме Груев“ и дел од ул. „Кирил и Методиј“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8.30 часот до завршување со работните активности.

Од денеска Дебар по три часа во денот ќе нема вода


Од денеска се воведува тричасовна  рестрикција во водоснабдувањето во Дебар, и тоа во периодот од 13 до 16 часот. Според Бурим Каба, директор на Јавното комунално претпријатие “Стандард” кое стопанисува со водоводот Росоки-Дебар, тоа поради нерационално користење на водата. –  И покрај нашите апели за рационално користење на водата за пиење, корисниците продолжија со старата […]

Oпштини ќе добијат до милион евра за подобрување на водната инфраструктура – ќе се намали ли загубата што оди до 60 отсто?


Секоја од општините и општините во градот Скопје ќе добијат по 200.000 евра подеднакво од заемот од ЕИБ , а дополнително и според индексот на развој, бројот на жители и населени места за да ја подобрат водната инфраструктура. Но, дали тоа ќе биде доволно за да не намали загубата на вода што само во Скопје […]

Без вода дел од населбата Бутел 2, Поликлиниката „Чаир“ и Економското училиште „Арсени Јовков“


Поради уличен дефект ф 300 мм на улица „Кемал Сејфула“ бб  денеска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Бутел 2, Поликлиника „Чаир“ и Економското училиште „Арсени Јовков“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до негово завршување. 

ГТЦ утрово без вода


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека поради промена на вентил од ф 20 на улица „11-Октомври“, утрово од 9.30 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ГТЦ. Дефектот, како што наведува ЈП „Водоводи канализација“, е во Стопанска банка, а прекинот ќе трае до неговото санирање. 

Без вода дел од корисниците на улиците „Јани Лукровски“ и „Лазар Поп Трајков“


 Корисниците на дел од улиците „Јани Лукровски“ и „Лазар Поп Трајков“ денеска ќе немаат вода поради дефект на приклучна цевка ф-1 на ул. „Јани Лукровски“ бр. 9. ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека прекинот во водоснабдувањето ќе почне во 9 часот и ќе трае до  санација на дефектот.

Без вода улиците „Спиро Црне“, „Сава Миахилов, „Тодор Чопов“, „Томас Минцер“ и „Радован Ковачевич“


Поради дефект ф.80 на ул.„Спиро Црне“ 80, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул „Сава Миахилов, „Тодор Чопов“, „Томас Минцер“ и дел од улицата „Радован Ковачевич“. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје,  прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 8:00 часот до санацијата на дефектот. 

Без вода дел од улица „Орце Николов“


Прекин на водоснабдувањето денеска, од 8 : 15 часот, ќе имаат корисниците на дел од ул. „Орце Николов“, на потегот од бензиската пумпа Макпетрол до Клуб на новинари. Од ЈП Водовод и канализација информираат дека причина за прекинот е дефект во шахта на бул.„Илинден“ бр.3.

Без вода дел од Чаир и дел од Центар


 ЈП „Водовод и канализација“ –  Скопје известува дека денеска,  од 08:40 часот, без вода ќе бидат дел од корисниците на улиците „Методија Митевски“ и „Лазар Трповски“ во општина Чаир. Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради уличен дефект на улицата „Методија Митевски“ 6/2. Од 09:15 часот утрово вода нема да имаат корисниците од улиците „Дебарца“, „Никола Тримпаре“, […]

Без вода дел од општина Бутел


Прекин во водоснабдувањето денеска од 9 часот ќе имаат дел од корисниците лоцирани на улиците „Груица Војвода“ и „Црвени Брегови“. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка ф-1 на улица „Груица Војвода“ 14 во населба Бутел 2.  Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Без вода утре дел од корисниците на бул. „АСНОМ“ во Ново Лисиче


Корисниците од бул. „АСНОМ“, од зграда бр.110 до зграда бр.180, утре од  9 часот ќе немаат вода, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето е поради промена на затварачи ф 80 мм на бул. „АСНОМ“ 128 во населба Ново Лисиче и ќе трае до завршување на интервенцијата.

Утре ќе нема вода кај Зелен пазар


Утре поради уличен дефект од Ф-80 мм на булевар „Кочо Рацин“ бб (пред влез на зелен пазар) во населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Булевар Кочо Рацин. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.

Без вода дел од Визбегово, индустриската зона и центарот за дијализа


Поради уличен дефект на „Јадранска Магистрала“ бб, во близина на Комодита, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Индустриска зона Визбегово, вклучително центарот за дијализа „Диаверум“. Од ЈП Водовод и канализација –  Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:45 часот до завршување со санација на дефектот.

Нема вода на ул „Богомилски поход“ и на дел од ул „Тодор Чангов“


Од 16 попладнево прекинато е водоснабдувањето на корисниците од улицата „Богомилски поход“ и на дел од улицата „Тодор Чангов“.  Прекинот е поради дефект на хидрант на улицата „Богомилски поход“ бб, а ќе трае до завршување на интервенцијата.

НАСА претвора 98 отсто од урината и потта на МВС во вода за пиење


Американската вселенска агенција НАСА достигна технолошка пресвртница која еден ден би можела да игра важна улога во мисиите на Месечината и пошироко. НАСА откри дека системот за контрола на животната средина и поддршка на животот ECLSS на Меѓународната вселенска станица постигнал 98 проценти рециклирање на водата што ја носат астронаутите на МВС. Овој систем користи […]