Јанева оди во аут сосе тајните од „Рекет“?


Разрешувањето на специјалната обвинителка Катица Јанева е закажано за в четврток на програмата во парламентот. Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ќе се состане утре во 12 часот за да го разгледува извештајот од Советот на јавни обвинители, според кој, Јанева својата функција ја извршувала незаконски, несовесно и нестручно, алудирајќи на аферата „Рекет“. […]

ВМРО сака да ја предложи новата Катица


Дваесетина амандмани ќе поднесе ВМРО-ДПМНЕ на предлог-законот за обвинителство, кој денеска е на дневен ред во собраниската Комисија за европски прашања. Од опозициската партија велат дека не им е целта да го блокираат законот со стотина амандмани, а и не сакаат да ѝ дадат повод на власта да прифати процентуално голем број, но не и […]

Јанушев: ВМРО ги немаше снимките за „Рекет“


Како реакција на аферата „Рекет“, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ниту еден начин на делување не се исклучува, меѓу кои и протести и блокади. Партијата ги немаше снимките додека не ги објави италијанскиот весник, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Тој нагласува дека имаат заеднички точки со партиите […]

Катица го закопа и новото СЈО?


Следната недела ќе има нова средба меѓу работните групи на власта и на опозицијата за да се испеглаат разликите околу законот за обвинителство. По паузата поради летните одмори, претставниците на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе седнат на маса, но сега во уште потешка политичка атмосфера отколку пред дваесетина дена. Аферата „Рекет“ и улогата на […]

„Рекет“ ќе нѐ однесе на гласање


Дали ќе има предвремени избори напролет или на почетокот од летото в година ,зависи од тоа дали во октомври ќе добиеме датум за преговори за членство во Европската унија, односно дали до крајот на годинава ќе заврши процедурата за влез во НАТО. Вакви се предвидувањата на аналитичарите, но и размислувањата во владејачките кругови во однос […]

Мицкоски до Заев: Ајде на избори, па да видиме колку блескаш


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски понуди два термини за предвремени парламентарни избори. Според него, тие би требало да се одржат на почетокот на април или кон крајот на мај другата година. „Предвремените избори се одлична можност Зоран Заев да провери дали навистина блеска или блеска само во друштво кога е со неколкумина негови обожаватели. Ние […]

Мицкоски: Со Груевски немам контакт откако Заев го пушти да си оди


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера се врати од дводневната посета на Будимпешта и Виена. Во главниот град на Унгарија имаше средба со тамошниот премиер, Виктор Орбан, додека во Австрија беше поради размена на искуства и информации поврзани со неговата професорска дејност на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Веќе утре во петок, ќе присуствува на […]

По Илинден, Мицкоски на одмор во Хрватска, Заев во Грција


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се враќа од дводневната посета на Будимпешта и во Виена. Во главниот град на Унгарија имаше средба со тамошниот премиер, Виктор Орбан, додека во Австрија беше поради размена на искуства и информации поврзани со неговата професорска дејност на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Веќе во петок, ќе присуствува на […]

Беса му намигна на ВМРО, ама далеку се од љубов


ВМРО-ДПМНЕ и Беса си намигнаа и го воспоставија првиот чекор кон соработка, но дали таа ќе се преточи во коалиција пред или по парламентарните избори e прерано да се разговара. Ова се коментарите во двете партии што доаѓаат по превласта што ја презедоа во собраниската Комисија за избори и именувања на сметка на владејачкиот двоец: […]

СДСМ и ВМРО повторно на маса: Нови средби за пописот и законот за СЈО


По неколкумесечна пауза, на заедничка маса повторно ќе седнат тимовите на власта и на опозицијата. Работните групи на владата и на ВМРО-ДПМНЕ, во текот на неделата ќе се обидат да ги доближат ставовите за пописот и новиот Закон за јавно обвинителство. Ставовите на двете страни досега беа дијаметрално спротивни, па со внимание се чека исходот […]

Русковска не може, компромис за друго име, па избор од Советот


Ниту последната изјава на американската амбасадорка во земјава, Кејт Брнс, која побара да се зачуваат капацитетите на СЈО и да се поддржи силно и независно обвинителство, не допреа до опозицијата, од каде што сметаат дека ова обвинителство, вакво какво што е, е компромитирано и урнисано и не може да опстане во никаков облик. Од ВМРО-ДПМНЕ […]

Покрај Русковска, и „Талир“ се испречи пред Законот на Заев


Откако го прочитаа предлог-законот за Обвинителство што го објави премиерот Зоран Заев, во ВМРО-ДПМНЕ излегуваат со низа забелешки и најавуваат оти не постои шанса да го прифатат во оваа форма. Од партијата велат дека единствено со што се согласуваат е Специјалното јавно обвинителство да се инкорпорира во Основното јавно обвинителство. „Тоа е појдовна точка од […]

Коневски го честита роденденот на ВМРО: Посакувам партијата да зачекори по европски пат


Поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски го честиташе роденденот на ВМРО-ДПМНЕ, која слави 29 години од формирањето. „Од срце посакувам партијата да зачекори по конструктивен, европски пат, трасирајќи успех за идните генерации. Честит 29. роденден ВМРО-ДПМНЕ“, нагласи Коневски. Тој во минатото често пати знаеше критички да настапи кон раководството на партијата, но веднаш по претседателските […]

Во ВМРО искрени или пресметани: И ние сакаме датум, Заев и онака е готов


Раководството на ВМРО-ДПМНЕ се врати од Брисел и од Берлин каде што имаше средби со челните луѓе на Европската народна партија и со соработниците на германската канцеларка Ангела Меркел. Разговорите биле искористени да се лобира нашата земја да добие почеток на преговори за членство во Европската Унија, но воедно беа упатени и низа критики за […]

ВМРО доби нова шанса да се откаже од Груевски


ВМРО-ДПМНЕ сè уште се двоуми како да постапи при повторното гласање за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски поради тоа што повеќе од шест месеци неоправдано е отсутен од работа. Новата шанса што најголемата опозициска партија ја доби да се откаже од наследството на поранешниот премиер ги стави во ситуација да размислува што да […]

ВМРО ќе соработува со Пендаровски само ако мора


Подадената рака кон опозицијата од страна на новоизбраниот претседател на земјата се прима со резерва во „белата палата“. ВМРО-ДПМНЕ не верува дека пораките на шефот на државата Стево Пендаровски се искрени посочувајќи дека во спротивно претседателот Христијан Мицкоски, како за почеток, ќе добиел покана да присуствува на инаугурацијата во неделата. И не само тоа, најголемата […]

Бојкотичарите за повикот на Силјановска: Нека дојде, да видиме дали ќе нѐ разубеди


Во изборната ноќ кога резултатите од гласањето покажаа израмнета битка меѓу двајцата кандидати поддржани од власта и опозицијата, професорката Билјана Ванковска, која важи за жесток поддржувач на колешката Гордана Силјановска – Давкова, реши да се пресмета со бојкотирачите во десникот кампус. Според неа, бојкотирачите станале фуднаметалисти, кои нѐ понудиле понудија ништо освен пизма, завист, суета, […]

Контроверзен видеоспот на ВМРО-ДПМНЕ: Не делат со наши пари


Додека претседателските кандидати сè почесто ги повикуваат гласачите активно да се вклучат во изборниот процес, на телевизиите почнаа да се вртат пропагандни спотови платени од џебот на граѓаните во кои се фрла кал врз противникот. Ширењето негативни информации за да се наруши јавната слика за политичкиот противник, според експертската јавност, може да претставува мултивитаминска инјекција […]

ВМРО-ДПМНЕ не открива колку се скапи лустерите


Власта бара ВМРО-ДПМНЕ да каже колку чинат лустерите што ги донираше партијата во црква во село Љубанци, а опозициската партија тврди дека тие воопшто не се луксузни, но не кажуваат колку чинат. „Јас не би рекол дека се луксузни предмети кога станува збор за донација. Тоа е доброволен прилог за кој не е убаво да […]

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува со свој кандидат во трката за градоначалник на Дебар


ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува со свој кандидат за градоначалник на Дебар на предвремените избори во оваа општина, што ќе се одржат на 21 април заедно со претседателските. Ова за МИА го изјави Афет Авмедоски, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Дебар. -Нема да имаме наш кандидат во трката за градоначалник на Дебар. Засега немаме […]