СДСМ: Заради ВМРО-ДПМНЕ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра


Опозициската СДСМ во соопштение до медиумите обвини дека поради политиките на владејачката ВМРО-ДПМНЕ државата губи милијарди евра. „ВМРО-ОКГ повторно плаши дека граѓаните ќе изгубат 4,2 милиони евра од ЕУ поради Изборниот законик. Заради политиката на изолација држава, ВМРО-ОКГ, Македонија не губи 4 милиони, туку милијарди евра“, се вели во соопштението од СДСМ.  Од СДСМ додаваат […]

Музика, патриотизам, вештачка интелигенција… Гламурозна прослава на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица


Владејачката ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Струмица со гламурозна сценографија одбележува 36 години од основањето на партијата. На сцената провејуваат патриотски песни, а беа прикажани и сцени од историски личности анимирани со алатките на вештачка интелигенција, како и документарен филм за досегашниот развој на партијата од нејзините почетоци во независна Македонија. Мицкоски викендов ги повика сите членови, […]

СДСМ: Мицкоски веќе се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот, но тоа го крие од јавноста


Опозицискиот Социјаледемократски сојуз на Македонија (СДСМ) денеска преку писмено соопштение го обвини премиерот Христијан Мицкоски и Владата дека се подготвуваат да ги внесат Бугарите во Уставот на државата, без тоа јасно и транспаретно да го соопштат во јавноста. Во врска со ваквите свои тврдења од опозициската партија се повикуваат на изјава на заменикот-министер за надворешни […]

ВМРО-ДПМНЕ со сериозни обвинувања: Спасовски дозволил незаконски профит и ја загрозил безбедноста на граѓаните објави


ВМРО-ДПМНЕ излезе со сериозни обвинувања на адреса на поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, тврдејќи дека наместо да ја штити безбедноста на граѓаните, тој ја загрозил преку институционална негрижа и непостапување согласно законските обврски. Од партијата наведуваат дека за станицата за технички преглед во општина Сарај постоел официјален извештај со утврдени нерегуларности, но и […]

Од ВМРО-ДПМНЕ објаснуваат зошто ИРД добила тендер: Секоја фирма може да добие


ВМРО-ДПМНЕ во реакција до медиумите објаснува зошто фирмата која што додека беа во опозиција ја напаѓа како криминална, сега добила на тендер.  „Тоа што секоја фирма може да добие тендер говори дека институциите се слободни, а постапките транспарентни, а не наместени како со СДС“, се вели во соопштението до медиумите. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека ИРД […]

Силјановска: Ние доаѓаме, ние сме вистинските Европејци!


  Повикувајќи се на Библијата во која, како што рече, Македонија се споменува на секоја страница, кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, вечерва на масовниот митинг пред зградата на владата ја најави главната поента на својата изборна кампања за претседател на државата – враќањето на изгубената гордост на граѓаните во Македонија.  „Гордоста не се […]

ВМРО-ДПМНЕ бара 61 пратеник, твитерџиите им порачаа – „малку морген“


  Сашо Клековски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, излезе на социјалните мрежи со барање од граѓаните да им дадат 61 пратеник на изборите за да имаат стабилна влада „која ќе ја однесе Македонија во правилна насока“. „Она што ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди е позитивна кампања и сакаме да им понудиме конкретни насоки на граѓаните како […]

Бугарското ВМРО се откажа – нема да учествува на изборите на 2 април


  Партијата на Красимир Каракачанов ВМРО изгледа оди кон неповратно и целосно маргинализирање во Бугарија. Денеска таа соопшти дека нема да се појави на претстојните предвремени парламентарни избори на 2 април, иако се пријави да учествува на нив. Наместо тоа, партијата ќе ги бојкотира со кампања дека учеството во нив е беспредметно, бидејќи „кога странските […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи протест за промени


 Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечер во Скопје ќе одржи протест за промени преку кој повторно ќе испорача барање за одржување предвремени парламентарни избори. Протестот е најавен со почеток во 20 часот пред зградата на Владата. Опозициската партија подолг период инсистира на одржување избори, а во Собранието спроведува и активна блокада на активностите. Одлуката за протестот ја донесе […]

Каракачанов ќе го наследат тројца копретседатели во ВМРО


  По 25 години на чело на бугарското ВМРО, Красимир Каракачанов од денеска не е веќе претседател на партијата. Неговото заминување доаѓа по катастрофалните резулатати на трите избори минатата година кога на ниедно од тие гласања партијата не успеа да го помине изборниот праг. По изборите во ноември кога партијата освои едвај 1 отсто од […]

ВМРО-ДПМНЕ избира нови членови во раководните тела


Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на седница ќе расправа за избор на нови членови во раководните тела на партијата. Партискиот лидер Христијан Мицкоски минатата недела најави дека бројот на потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ од двајца ќе се зголеми на четворица, а ќе се прошири и составот на Извршниот комитет. Седницата на Централниот комитет на партијата се […]

Џафери: Беспредметно е барањето на ВМРО-ДПМНЕ в четврток да има седница на пратенички прашања


Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ в четврток, на 30 декември, да се одржи седница на пратенички прашања е беспредметно. Џафери потсети дека на ова прашање одговорил уште на 23. овој месец, по нивното процедуралното интервенирање. -Според договореното на координација претходно, консензуално беше определно 23 декември да биде денот на одржување […]

Алтернатива: Благодарност до Мицкоски, но ние сме дел од еден друг процес


Предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, лидерот на Алтернатива Африм Гаши да биде мандатар за состав на нова Влада, наместо новиот лидер на СДСМ Димитар Ковечевски, за Алтернатива е неприфатлив од причина како што велат за МИА, партијата е дел од еден друг процес. – Му благодариме на господинот Мицкоски за изразената почит кон […]

ВМРО-ДПМНЕ на редовен конгрес ќе избира лидер на партијата


ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи редовен партиски Конгрес, на кој ќе се избира новиот лидер на партијата. Од партијата по Конгресот најавуваат нова доктрина и сериозни кадровски освежувања. Конгресот ќе се одржи во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје, со присуство на над 500 делегати. Од десет до 12 часот е предвидена регистрација на гостите и […]

Вице Заев: Немам врска со „Рекет“, ВМРО-ДПМНЕ води црна кампања


Вице Заев, брат на експремиерот Зоран Заев и стопанственик од Струмица, денес демантира дека тој или било кој член од неговото семејство има било каква врска со случајот „Рекет“ и вели дека станува збор за лаги и невистини кои ги пласира ВМРО ДПМНЕ против него и неговото семејство, а чија единствена цел е да му […]

Противникот на Јанчев за Кавадарци: Не е сѐ од ВМРО лошо за СДСМ, ниту сѐ од СДСМ лошо за ВМРО


Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го помина вчерашниот ден, правдајќи се за присуството на партиската трибина на СДСМ во неговиот роден град. Тој тврди дека нема намера да го смени дресот, од матичната партија му порачаа оти треба да е свесен за своите постапки, додека власта е задоволна што […]

ВМРО за Јанчев: Секој одговара за себе и треба да е свесен за постапките


ВМРО-ДПМНЕ не сака да прави голема врева од фактот што кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев, кој е од нивните редови, присуствуваше на трибината на СДСМ во Кавадарци. „Секој одговара за себе и треба да е свесен за постапките“, велат од ВМРО-ДПМНЕ за „Независен весник“. Јанчев, кој по ланскиот референдум за името беше разрешен од потпретседателското место […]

Вмровско збогување со Никола без да го повредат


Експремиерот Никола Груевски, сепак, останува почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Најавите на лидерот на партијата, Христијан Мицкоски дека во новиот статут ќе нема место за титулата „почесен претседател“, всушност, нема да го чепнат денешниот азилант во Унгарија бидејќи ниту во сегашниот нема точка која предвидува дали некој ќе стане почесен претседател. За тоа одлучува исклучиво највисокото […]

На избори со и без закон за обвинителство


ВМРО-ДПМНЕ и вчера побара власта да распише предвремени избори. Коментирајќи ги последните јавни настапи на премиерот Зоран Заев, најголемата опозициска партија констатираше дека има само еден начин да се проверат неговите тврдења оти државата блеска: соочување со гласачите. Тие се уверени оти владата на СДСМ и коалициските партнери веќе три години владеат со криминал, корупција […]

Заев предложил опозицијата да ја бира новата Катица, па се пишманил?


Еден куп информации стигнуваат од двата табори по синоќешната неуспешна лидерска средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Седумчасовните преговори завршија без компромис за законот за обвинителство. Власта брифира дека единствена цел на опозицијата била да се допрат предметите на СЈО. Според извори на „Илинденска“, нивната иднина е безбедна со прифаќањето […]