ВМРО-ДПМНЕ ја „окупира“ говорницата во Советот на Скопје


Облечени во маици со натпис „И јас сум теророст“, советниците на ВМРО ДПМНЕ во град Скопје ја напуштија вчера седницата на Советот. Солидаризирајќи се со, како што рекоа, „терористите“ кои се во притвор поради настаните во парламентот на 27 април, опозициските советници ја зазедоа говорницата во градското Собрание, пред да почне расправата за буџетот за […]

Груевски до Сијарто: Членови на ВМРО-ДПМНЕ неправедно се наоѓаат во притвор


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на денешната средба со унгарскиот министер за надворешни работи Петар Сијарто се пожалил дека во Македонија се загрозени основните слободи и права и дека партиски членови и истакнати општествени личности кои не се истомисленици со актуелната власт, се мета на жесток политички притисок и прогон. Како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, Груевски истакнал дека […]

Данев од Шутка: Судиите да ги ослободат нашите браќа и сестри што се на другата страна од оградата


ВМРО-ДПМНЕ и денеска протестираше поради приведувањето за насилствата во Собранието на 27 април. Правда и човечност, побара Драган Данев во обраќањето пред  истражниот затвор во Шуто Оризари. – За седум дена нашите судии пак ќе одлучуваат за правдата, односно за слободата на нашите браќа и сестри кои сега се на другата страна од оваа ограда. […]

Петровски бара да престанат притисоците за Мицковски


Околу Конгресот отприлика вака стојат работите: Членството е многу револтирано. Доколку не престанат притисоците ќе мора да реагирам порадикално“, напиша Филип Петровски на својата страница на „Фејсбук“, под која е закачена фотографија со обвинување од сопартиец кој тврди дека „врвот на партијата дека врши притисок до делегатите за подршка на Хрстијан Мицковски“ за наследник на […]

Груевски: Над 150 луѓе под атак на СДСМ


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски заедно со членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев и Александар Николоски оствари средба со меѓународниот секретар на Европската народна партија (EPP), Патрик Волер. На средбата стана збор за соработката на ВМРО-ДПМНЕ со семејството на Европската народна партија како и за актуелните случувања во државата. Груевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ […]

Пешевски со отворено писмо до идниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ: Подај рака кон СДСМ


Поранешниот вицепремиер во Владата на Република Македонија и поранешен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Пешевски во отворено писмо до идниот претседател на партијата најави повлекување од политиката. Во него испрати и многу пораки до наследникот на досегашниот лидер, Никола Груевски за курсот по кој, според него, во иднина треба да се движи најголемата […]

ВМРО-ДПМНЕ денеска одбива да учествува во работата на Собранието


Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ана Лашкоска, информираше дека Пратеничката група на партијата и коалицијата „За подобра Македонија“ нема да учествуваат на ниту една од денешните седници во Собранието. -Нема да учествуваме поради тоа што парламентарното мнозинство не создава и не сака да создаде демократски услови за работа, затоа што се врши политички прогон на политички неистомисленици, […]

Мицковски претседател, Петровски потпретседател?


Христијан Мицковски ќе биде нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ, гласат последните информации од најголемата опозициска партија во државава. Иако до одржувањето на конгресот во Валандово има уште една недела, името на актуелниот генерален секретар на партијата исплива како најсериозен кандидат за наследување на Никола Груевски. Од тие причини, извесно е само дека негов противкандидат ќе биде […]

Груевски му се враќа на банкарството?


Актуелниот лидер во оставка на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по завршувањето на политичката кариера планира да ѝ се врати на својата прва љубов – банкарството, тврдат негови блиски соработници. Експремиерот, наводно, не сака да да има никаква допирна точка со политичките процеси и, од тие причини, воопшто не сака да се меша во внатрепатриската битка за […]

Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда


ВМРО-ДПМНЕ и вечерва со протест пред Министерството за правда побара ослободување на приведените пратеници и други лица за учество во настаните во Собранието од 27 април годинава. На протестот присуствуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, а пред насобраните граѓани се обратија Иван Иванов, Никола Србов, Јасмина Дамчевска и Дарко Костовски. – Целта им е да […]

Мицковски, Милошоски и Петровски во трка за наследник на Груевски?


До правната комисија на ВМРО – ДПМНЕ, односно во архивата на партијата пристигнале првите кандидатури за наследник на Никола Груевски. Како што дознаваме, генералниот секретар Христијан Мицковски, пратеникот Антонио Милошоски и поранешниот директор на Државниот архив на Република Македонија, Филип Петровски, и официјално влегуваат во трка за нов лидер на најголемата опозициска партија во земјава. […]

Малото Валандово – голем предизвик за ВМРО-ДПМНЕ


Во салата во која секоја година се одржува „Фолк-фест Валандово“, следниот викенд ќе заседава 14. конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, кој се смета за историски, со оглед на тоа што сега опозициската партија треба да го избере својот трет претседател од нејзиното формирање, а по безмалку 15 години неприкосновено лидерство на Никола Груевски. Во очекување на вонредниот […]

Интензивни средби на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со меѓународниот фактор


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, како што соопштуваат оттаму, овие денови е во интензивна комуникација со меѓународниот фактор и со надлеѓните институции, околу судскиот процес за настаните на 27 април. „Би сакал да ве известам дека овие денови имавме интезивни средби со повеќе меѓународни претставници, а воедно и со повеќе лица кои што се директно засегнати […]

Нова енергија за нови победи во новата ера на ВМРО-ДПМНЕ


  Костадин Богданов Помина повеќе од половина година откако јавно ја започнавме иницијативата за внатрепартиска реформа на ВМРО-ДПМНЕ која во основа имаше единствена цел, а тоа е да и помогнеме на нашата партијата, во која сме членови и активисти буквално од деца, да ја пронајде сопствената загубена идеологија и компас и повторно да се врати […]

Се бара лидер за враќање на власта


По официјализирањето на оставката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, започна да тече рокот за пријавување кандидати за негов наследник. Иако во јавноста протекоа имињата на можните наследници, прв кој признава дека ќе се обиде да стигне до челната позиција во најголемата опозициска партија во земјава е Филип Петровски, довчерашниот директор на Државниот архив на […]

ВМРО – ДПМНЕ и денеска протестираше во Скопје


Протест против приведувањата пратеници и други лица за учество во настаните во Собранието од 27 април годинава, се одржа вечерва пред Министерството за правда во Скопје, во организација на ВМРО-ДПМНЕ. Пред насобраните поддржувачи се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев, кој порача дека нема слобода таму каде што во затвор се пратеници, уметници, актери, режисери, […]

Континуитет или промени во „белиот дворец“


Досегашниот развој на настаните околу вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ не ветува поголеми промени во политиките што ќе се кројат во наредниот период во раскошното седиште на сега опозициската партија. Единствената промена што моментно се чини извесна е заминувањето на Никола Груевски по безмалку една и пол деценија на партискиот трон, од кои десет години беше […]

Груевски веќе не е лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Конгрес на 23 декември


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски поднел неотповиклива оставка пред Централниот комитет на седницата која се одржа синоќа. Централниот комитет ја прифати оставката на Никола Груевски од претседателската функција. Сто членови на ЦК гласале да се одржи вонреден конгрес за избор на нов претседател на 23 декември, еден бил против и десет биле воздржани. Генералниот секретар […]

Мицковски: Кој и да биде лидер на ВМРО – ДПМНЕ, сигурно ќе го победи Заев


Членовите на Централниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ почнаа да се собираат во партиската зграда каде што се очекува да разговараат за одтсвката на претседателот Никола Груевски и подготвока на Конгресот закажан за 23 декември, на кој ќе се избира негов наследник. Генералниот секретар на партијата, Христијан Мицковски пред влегувањето во „белиот дворец“ најави дека […]

ВМРО-ДПМНЕ протестираше пред затворот во Шуто Оризари


ВМРО-ДПМНЕ смета дека Македонија го живее еден од најцрните и најнедемокртски периоди од осамостојувањето. Период на политички затварања, монтирани обвиненија и одмазда против секој што гласно се спротиставува на антидржавните политики, велат тие. „Заев и неговата хунта со тоталитаристички методи се пресметуваат со сите оние кои вистински ја сакаат Македонија. Ги злоупотребуваат институциите и неправедно […]