Мицкоски единствен кандидат за претседател на ВМРО – ДПМНЕ


Христијан Мицкоски ќе биде единствен кандидат за претседател на ВМРО – ДПМНЕ на конгресот во Валандово, закажан за утре и за задутре. Само генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, како што дознаваме, денеска до 15 часот поднел кандидатура до седиштето на партијата. Останатите потенцијални наследници на Никола Груевски, чии имиња се споменуваа во јавноста, одбија […]

Попоски: Останувам посветен за единство во ВМРО-ДПМНЕ


Никола Попоски се огласи на социјалната мрежа Фесјбук, по вчерашните написи во медиумите дека поднесол оставки од партиските функции. – Во однос на шпекулациите поврзани со партиските функции, би истакнал дека минатиот месец имам поднесено оставка САМО од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Оставката од ИК ја поднесов поради разликите во видувањата за изборните резултати, разликите […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе организира протестен конвој низ Скопје


Од ВМРО-ДПМНЕ известуваат дека во знак на поддршка на притворените патриоти за настаните од 27 април, денес, со почеток од 18:30 часот пред спортската сала „Јане Сандански“ ќе организира протестен конвој од автомобили, кој ќе се движи по следната делница: Собирно место: Спортска сала Јане Сандански, потоа ќе се движи кон – Железничка станица – […]

Конгрес ќе има, Мицкоски нов лидер на ВМРО – ДПМНЕ


ВМРО – ДПМНЕ, сепак, ќе го одржи вонредниот конгрес во Валандово, закажан за утре и за задутре. Веќе во сабота се очекува Христијан Мицкоски да стане наследник на Никола Груевски. Тоа е заклучокот по вчерашната седница на Извршниот комитет, на која се решаваше по писмото што поранешни и актуелни функционери на ВМРО – ДПМНЕ го […]

Интервју со Филип Петровски: Нема ни „ф“ од фер битка


Писмото што поранешни и сегашни функционери на ВМРО-ДПМНЕ го испратија до извршниот комитет на партијата стигна и до јавноста. Што точно се случува на терен, што ги изреволтира толку? – На терен имаме една буквална пресметка, односно невидена злоупотреба на сите партиски ресурси, на името на Груевски и на името на уште некои негови блиски […]

Уште да падне режимот во ВМРО-ДПМНЕ


Александра М. Митевска Спиро Ристовски и Владо Мисајловски, некогаш високи функционери во владата на ВМРО-ДПМНЕ, патуваа можеби залудно на југоистокот на државата за на самото место да го организираат валандовскиот конгрес на партијата. Последните струења и превирања во и околу „белиот дворец“ во Скопје го доведуваат во прашање одржувањето на конгресот кој беше најавуван како […]

Димовски: Нема да поднесам кандидатура дури и да се одложи конгресот


Илија Димовски вечерва пред одржувањето на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека не планира да се кандидира за претседател на партијата дури и да се одложи конгресот. – Не планирам да поднесам кандидатура дури и да се одложи конгресот затоа што мојот став не е базиран на персонални прашања. Мојот став е базиран на концептуални […]

Мицкоски: Ќе се воздржам од коментар за писмото против мене


Хаос и неизвесност владее во ВМРО-ДПМНЕ, почнувајќи од самото одржување на конгресот, кој е закажан за викендов во Валандово, преку избирањето наследник на Никола Груевски, па сѐ до можноста за внатрепартиски раскол и формирање нови фракции. Извршниот комитет на партијата одлучува дали ќе го прифати барањето на „Иницијативниот одбор“, кој бара одложување на трката до […]

Груевски: Одлуката за Конгрес беше едногласна, нема можност за колективно претседателство


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во оставка, Никола Груевски на својот Фејбук профил во врска со последните случувања во партијата и отвореното писмо од група членови на ВМРО-ДПМНЕ со кое се бара одложување на конгресот и зголемување на бројот на делегати, истакнува дека само на седница на Централниот комитет може да се одлучува за било какви забелешки […]

МВР: ВМРО-ДПМНЕ до петок ќе блокира гранични премини


ВМРО-ДПМНЕ најави дека секој ден ќе одржува јавен собир со блокада на граничните премини, соопшти Министерството за внатрешни работи. МВР добило известување во кое партијата информира за редоследот, по кој ќе се одржуваат блокадите. ВМРО-ДПМНЕ денеска од 16 до 18 часот ќе го блокира ГП „Богородица“. За утре од 17 до 18 е најавена блокада […]

Никола Попоски се повлекува, Конгрес веројатно ќе има


Поранешниот министер за надворешни работи Никола Попоски се повлекол од сите функции во ВМРО-ДПМНЕ, потврдуваат високи партиски извори за Независен весник. Според нив, извршниот комитет на партијата вечерва во 19 часот ќе разговара за иницијативата на поранешни и актуелни функционери на ВМРО-ДПМНЕ за одложување на престојниот конгрес во Валандово и престанување на притисоците во полза […]

Никола Попоски се повлекол од сите функции во ВМРО-ДПМНЕ


Никола Попоски, поранешен министер за надворешни работи и член на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ поднел оставка од сите органи на партијата. Оставката ја депонирал уште пред три недели, пренесе Плусинфо. Никола Поповски, кој пред извесно време беше еден од споменуваните можни кандидати за лидер на ВМРО – ДПМНЕ неизвесно е дали ќе влезе […]

Борба за превласт во ВМРО-ДПМНЕ


Борбата за наследник на Никола Груевски во ВМРО-ДПМНЕ доби драматичен тек откако поранешни и актуелни партиски функционери обвинија за низа нерегуларности, како и за фаворизирање на Христијан Мицкоски од страна на раководството. Се изнесуваат низа примери во кои делегатите на претстојниот конгрес во Валандово биле заплашувани да гласаат за актуелниот генерален секретар, поради што се […]

Петровски: Ако се одржи Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ тој ќе биде нелигитимен


Филип Петровски, член на ВМРО-ДПМНЕ, кој најави дека ќе се кандидира за претседател на партијата, вечерва изјави дека целосно ги поддржува предлозите на група истакнати членови за нефаворизирање на кандидат за претседател, за одложување на Конгресот и за колективно претседателство на партијата. Според Петровски, фаворизираниот кандидат е генералниот секретар Христијан Мицковски и тој нема поддршка […]

Еден приведен по инцидентот меѓу членови на ВМРО-ДПМНЕ и полицијата на Табановце


Едно лице е приведено во инцидент што се случил на граничниот премин Табановце за време на протестот на ВМРО-ДПМНЕ. Портпаролот на МВР Тони Јаневски за МИА кажа само дека во инцидентот е приведено едно лице затоа што нападнало полициски службеник. Дел од медиумите јавуваат дека дошло до буткање меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ и полицијата и […]

Судир на полицијата и демонстрантите на ВМРО-ДПМНЕ на Табановце


Попладнево на граничниот премин Табановце дојде до судир и буткање меѓу полицијата и демонстрантите од ВМРО-ДПМНЕ кои денеска најавија дека ќе го блокираат граничниот премин. Сајтот Република објави видео од инцидентот, и тврди дека еден од демонстрантите е повреден, а еден уапсен.

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО работи надвор од закон


Специјалното јавно обвинителство работи надвор од закон. Катица Јанева и нејзините обвинители единствено што почитуваат се политичките нарачки од хунтата на Зоран Заев за пресметка со неистомислениците, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ. Според него, со денешниот прес, Катица Јанева и нејзините соработници потврдија дека се слепи извршители на желбите на Зоран Заев и СДС во […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе го разгледа барањето за одложување на конгресот


ВМРО-ДПМНЕ ќе го разгледа барањето на дел од членовите на партијата за одложување на конгресот што треба да се одржи викендов во Валандово. -Станува збор за внатрепартиско прашање и партиските органи ќе одлучат дали конгресот ќе се одложи, изјави Дарко Косотовски од ВМРО-ДПМНЕ. Во однос на обвинувањата за фаворизирање и трошење партиски пари за еден […]

Вмровците против притисоците Мицкоски да го наследи Груевски


Зголемување на делегатите на Конгресот од 544 на 5.000 делегати, одлагање на Конгресот во Валандово и закажување на нов во февруари наредната година, колективно Претседателство од три до пет члена, забрана на користење на партиската инфрастуктура за поединци, возможност на делегатите да ја пријават секоја принуда или закана, и забрана на функционери да ја користат […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира „Табановце“


Блокада на граничниот премин „Табановце“, кај Куманово, најави за попладнево ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија веќе неколку седмици блокира крстосници во главниот град и организира протести – како реакција на притворањата на осомничените за настаните во парламентот на 27 април.