Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по пресот на Алаѓозовски: Oваа власт е комплетно безидејна


Јавноста очекуваше Алаѓозовски на денешната прес конференција да каже дека ја повлекува скандалозната годишна програма на министерството и дека заради морални причини си дава оставка од функцијата. Наместо тоа, граѓаните видоа срамен обид да се дефокусира јавноста од катастрофалната распределба на буџетските пари. Алаѓозовски потроши десетина минути на празни зборови без да каже било што […]

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Царовска и одговорност во МВР и во ЈО


  Оставката на директорот на Заводот за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми е замајување на јавноста. Одговорност мора да има и на повисоко ниво. Одговорност мора да има и морална и кривична, сметаат во ВМРО-ДПМНЕ. „Директорот што си поднесе оставка не се поставил сам на функцијата. Тој е назначен и претпоставените во […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема никаков План, туку законски измени од кои ќар ќе имаат неколку фирми


  Граѓаните немаат никаква корист од лагите и празните ветувања на СДСМ. За 8 месеци владеење со државата СДСМ успеа да ја задолжи државата за цела милијарда евра, а притоа има отворено нула инвестиции и нула нови работни места, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Фактите говорат дека компанијата „Костал“ е веќе постоечки капацитет кој работи и извезува […]

Администрацијата на СДСМ е легло на непотизам, обвинува ВМРО-ДПМНЕ


ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека администрацијата е под притисок на владејачкиот СДСМ и на, како што велат од опозициската партија, политиката „ќе јадеме живи луѓе“. „Манчевски јавно призна дека СДСМ ги прекинала сите договори за привремено вработување кои ги затекнале, за сега да склучува нови.Единствената реформа на администрацијата што ја спроведува СДСМ и Владата на Зоран Заев […]

Мицкоски со Вучиќ: Иднината на Балканот е во прогресивни политичари


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски утрово во Белград оствари средба со српскиот претседател, Александар Вучиќ. Разменети биле мислења и ставови за повеќе актуелни теми врзани со регионалните предизвици, начините за интензивирање на соработката и стратешките интереси на двете држави, соопштија од најголемата опозициска партија во земјава. „Водењето на добрососедска политика, меѓусебното разбирање и почитување базирано на […]

Османи: Незрелоста на албанските партии ме зачлени во СДСМ


„Албанските опозициски партии имаат шанса да спасат некој преостанат глас бидејќи, ако продолжат со досегашните чекори, сите нивни гласачи ќе дојдат кај нас. Верувајте дека секој ден во СДСМ се обраќаат Албанци што се повеќе разочарани од опозиција отколку што беа разочарани од ДУИ и ДПА.“ Османи: „Убеден сум дека ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за потребните […]

Се шушка за расцеп во ВМРО-ДПМНЕ. Кој му ги „зготви“ амандманите на Мицкоски


Од една страна конструктивност за постигнување консензус за реформските закони, од друга страна блокада, меѓу другото, и за донесување на истите тие закони. Двојните стандарди што ги применува ВМРО-ДПМНЕ по смената на кормилото во партијата поттикнаа сомневања во политички кругови дека се резултат на разногласијата што дојдоа до израз пред и за време на конгресот […]

Тепачка за соработка со власта, Заев и Тачи договарале ново парламентарно мнозинство?


И ДПА, и двете крила на Беса, и Алијансата за Албанците преговараат со премиерот за поддршка на парламентарното мнозинство, а можеби и за повеќе од тоа. Во период кога во парламентот стојат закони од голема важност за реформите што ги бара ЕУ, во најава е формирање ново и постабилно парламентарно мнозинство. Според пишувањата на албанските […]

Ѓорчев: Македонија да се приклучи на Евроатланската иницијатива „Трите мориња“


ВМРО-ДПМНЕ ќе поведе надворешно политичка иницијатива за пристапување на Република Македонија кон иницијативата „Три мориња“ во која што членуваат дванаесет европски земји во триаголникот на морињата од Балтикот, од Црно Море и од Црно Море до Јадранското море. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги насочи своите надворешно политички ресурси, иницијативи и контакти со цел за обезбедување на Република […]

ВМРО-ДПМНЕ бара Владата да ги објасни тезите на Груби


ВМРО-ДПМНЕ секогаш се залагало и ќе продолжи со заложбите за членство на Македонија во ЕУ и НАТО. Сепак, неуспехот во остварување на двете стратешки цели од страна на Владата предводена од СДСМ и ДУИ може да има сериозни последици. Доколку не се обезбеди решение за спорот за името кое нема да задира во македонскиот национален […]

ВМРО-ДПМНЕ: Кој лаже, Заев и Димитров или Груби кога вели дека се преговара и за идентитетот и јазикот


Владеачката коалиција секојдневно нанесува огромна и ненадоместлива штета на Република Македонија во спорот околу проблемот кој што соседна Република Грција го има со нашето име. СДСМ и ДУИ како да се натпреваруваат кој ќе направи поголема отстапка без да се направи проценка за последиците  врз највисоките национални интереси,  реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавите на пратеникот Артан Груби […]

ВМРО-ДПМНЕ: Повеќе од 3 месеци невини луѓе се жртви на измислен тероризам


„Десетици македонски патриоти повеќе од три месеци се жртви на континуиран политички прогон за измислен тероризам. Невини луѓе, доктори, глумци, режисери, политички без никаква правна основа се држат во привор во Истражниот затвор Скопје. Институциите не смеат да се злоупотребуваат за фабрикување на политички постапки и политички прогон. Конструираните случаи не смеат да станат наше […]

ВМРО-ДПМНЕ со променливо расположение: Ем бојкотираат ем патуваат


Привремениот координатор на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев отпатува во Вашингтон, а неговиот сопартиец и колега во парламентот Антонио Милошоски во Стразбур… До крајот на овој месец, пратеници на најголемата опозициска партија се очекува да учествуваат и на претстојната конференција што ја организира британскиот институт „Вилтон парк“ во Лондон, каде што се расправа вообичаено за битни прашања […]

Николоски: Во Брисел и во Вашингтон не бевме поради името


Речиси истовремено кога премиерот Зоран Заев во седиштето на Владата најави дека прифаќа име со географска одредница за нашата земја, неговиот најголем политички ривал, Христијан Мицкоски, се обраќаше во Вашингтон на Конференција за безбедност организирана од Конгресот на САД. Посочувајќи дека НАТО е клучен столб во современата евроатлантска безбедносна архитектура, додека ЕУ е главна движечка […]

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во тајна мисија за дијалог


Двете најголеми партии – владејачкиот СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ наголемо формираат работни групи кои треба да воспостават дијалог и да ги усогласат ставовите околу носењето повеќе закони за кои е потребен консензус или двотретинско мнозинство. Некои од групите, наводно, веќе и одржале првични средби. Ова го потврдуваат извори од двете партии, иако официјално не можат […]

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев е подготвен и за отстапки за промена на Уставот, јазикот и националноста?


ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на премиерот Зоран Заев. „Премиерот Зоран Заев кажа дека тој е подготвен за име со географска одредница, но за да употреби прво лице множина, треба да ја информира јавноста кое е тоа име, дали ќе има англиска транскрипција и дали истото е само за меѓународна употреба? Дали освен […]

Мицкоски отпатува во Вашингтон


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се обрати на Конференција за безбедност организирана од американскиот Конгресот на САД, во рамки на неговата посетата на Вашингтон На конференцијата се обратил и Сенаторот Роџер Викер, како и конгресмените Роберт Атерхолт и Роберт Питинџер. Во нивните обраќања тие ја нагласиле посветеноста на САД во борбата против теориризмот како и […]

СДСМ: Мицкоски одбива да се спротивстави на политиките на деструкција


  Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со политиките на создавање вештачки поделби, на блокади и на пласирање на лажни вести, коишто се во спротивност со интересите на граѓаните на Република Македонија, сметаат од СДСМ. „ВМРО-ДПМНЕ, партијата со која раководи Мицкоски, 11 години ги задолжуваше и осиромашуваше граѓаните, а парите од скапите задолжувања ги трошеше на […]

Опозицијата на состанок


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес оствари средба со коалиционите партнери од коалицијата „За подобра Македонија“. На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, случаите на политичките притисоци и реваншизам, како и размена на мислења околу актуелните теми врзани со предизвиците на надворешната политика, спорот за името, и евроатланските интеграции. На состанокот беше заклучено дека […]

Тасевски и ВМРО-ДПМНЕ во војна за театарот


Директорот на Драмскиот театар во Скопје, Сашо Тасевски и ВМРО-ДПМНЕ влегоа во војна поради прокиснувањето на објектот при викенд-дождот во главниот град на Македонија. „Не тропајте зелени, душмани мои. Скапаниот кров на ‘Драмски’ ми е наследен и не можам на своја рака да викнам фирма да го поправа… Треба дозвола од министерство, пари и отворање […]