Или расправа за амандманите, или разврска на суд


Следните две недели ќе бидат клучни за евентуалното враќање на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Тогаш се очекува Кривичниот суд во Скопје да донесе одлука дали ќе го продолжи притворот на петтемина пратеници од опозицијата, осомничени за ланските насилства во парламентот. Во „белиот дворец“ очекуваат Крсто Мукоски и Сашо Василевски да бидат пуштени од затворот […]

Георгиевски: ВМРО-ДПМНЕ да го остави СДСМ да го реши името


ВМРО-ДПМНЕ да го остави СДСМ да го реши проблемот со името, е советот што ѝ го упати вечерва поранешниот премиер Љубчо Георгиевски на својата матична партија, на чие чело беше до 2003 година. „ВМРО-ДПМНЕ како опозиција треба, со блага критика, да ги остави СДСМ и другите владејачки партии да најдат решение за спорот со Грција. […]

Предлог во Дојран: Улица да го носи името на Љубчо Георгиевски


Ристо Џинев од Советот на општина Дојран предложи една улица во Дојран да го носи името на поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски. Според Џинов со именување на улица во Дојран ќе се одбележи придонесот на Георгиевски во ревитализација на Дојранското езеро преку проектот кој беше реализиран во 90-тите години, нивото на водата […]

Пратениците и во 2017 „лапнале“ по 12 илјади евра за патни трошоци


Пратеникот на Партијата за европска иднина (ПЕИ), Алија Камбероски, е рекордер според исплатени патни трошоци во Собранието за 2017 година. Тој од март до ноември лани за само девет месеци од Собранието добил 12.847 евра за патни трошоци. Ова значи дека во просек, само за патот до Собранието и назад, месечно добивал дополнително по 1.427 […]

Мицкоски: Поради математички и политички причини не може да учествуваме во работата на Собранието


Со Али Ахмети имавме конструктивна средба, на која што разговаравме за актуелните политички и економски прашања. Се надевам дека во иднина ваквите средби ќе станат почести, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со претседателот на ДУИ, Али Ахмети. – Ние сме ориентирани кон ЕУ и НАТО интеграциите и ќе придонесеме кон поквалитетни реформи, […]

Ахмети и Мицкоски не се договарале, само си честитале


Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети денеска се сретнаа во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, каде што разговарале за актуелната политичка ситуација. Али Ахмети истакна дека ова не било средба за договорање за Законот за употреба на јазиците. – Му го честитав изборот на Мицкоски и на конструктивен начин разменивме мислења, рече Ахмети […]

Мицкоски: Не се пазариме со Законот за јазици


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски тврди дека не се пазареле со власта за одблокирање на парламентот за да се донесе Законот за јазици, односно за ослободување на притворените за настаните од 17 април минатата година. „Такво нешто апсолутно нема. Ние како опозиција мораме да ја релаксираме политичката атмосфера во државата. Но, како што велат дел […]

Џафери: ВМРО-ДПМНЕ да најде сили да се издигне над сопствените интереси


Претседателот на македонското Собрание Талат Џафери очекува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе изнајде сили да се издигне над сопствените интереси и да стане дел од историските решенија што треба да се донесат во следниот период. – Во овој момент сите меѓународни и домашни истанци и експерти укажуваат дека моментумот е историски за Република Македонија да го добие […]

ВМРО-ДПМНЕ повикува да се повлече законот за двојазичност


На работните групи во Собранието во кои учествува ВМРО-ДПМНЕ не се разговара за Законот за двојазичност. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за двојазичност е непроменет. Ние сметаме дека Законот за двојазичност излегува надвор од Уставот, истиот е неприменлив и не само што не придонесува за поголема кохезивност во македонското општество, туку носи и ризици кои […]

ВМРО-ДПМНЕ: Заев со несериозниот пристап ги урива позициите на Македонија во спорот со името


Зоран Заев за реномирани меѓународни медиуми изјавува дека е подготвен за одредени отстапки во однос на грчките барања за менување на Уставот, а потоа владата се обидува да го корегира и да ги појасни неговите позиции. Зоран Заев со несериозниот пристап ги урива позициите на Македонија во спорот и нанесува огромна штета на националните интереси, велат […]

„Крвоток“ ќе го реформира ВМРО-ДПМНЕ


Додека од „белиот дворец“ на ВМРО-ДПМНЕ стигнуваат пораки за обединување, а реформаторите се вклучуваат во телата на организацијата, дел од видните членови на партијата отворено и јавно искажуваат неслагање со водството, што најавува нови интерни судири. Со бебе во рацете, пратеникот Антонио Милошоски преку социјалните мрежи посочи дека спротивно од одлуката на партијата ќе излезе […]

Новиот видеопристап на Мицкоски


Економијата тоне, граѓаните осиромашуваат, БДП е околу нула, девизните резерви опаѓаат, имаме за 100 милиони евра помалку странски инвестиции… предупреди вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од својот кабинет во партиското седиште. Најави средби и со тројцата европратеници: Кукан, Вајгл и Флекештајн. Речиси истовремено, најголемата опозициска партија лиферуваше соопштение во кое се наведува дека дејствијата […]

ВМРО-ДПМНЕ против зголемувањето на старосната граница за пензија


Зголемувањето на старосната граница за пензионирање е неприфатлива и штетна мерка од која ќе загубат граѓаните, но и ќе преставува товар за приватниот бизнис, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Иако тврдиме дека ситуацијата е пресериозна и далеку од розева, од една страна, секојдневно слушаме како владата се фали дека економијата оди добро, од друга страна кога станува […]

Данев: Зголемената старосна граница за пензионирање ќе ја зголеми невработеноста кај младите


Зголемувањето на старосната граница за пензионирање и стапката на придонесите за ПИО, која беше најавена од страна на Зоран Заев е удар врз економијата, работодавачите и работниците. СДСМ ветуваше помали даноци и давачки од опозиција, за сега од позиција на власта го прави спротивното. Зголемувањето на старосната граница за пензионирање ќе го забави економскиот раст, […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ рушат споменици како ИСИЛ


Која е разликата помеѓу Мула Омар, талибанскиот лидер кој даде наредба за уривање на статуата на Буда која е светско културно наследство и вчерашната наредба на СДСМ да се урне споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето? Која е разликата меѓу Ал Багдади, еден од лидерите на ИСИЛ кој даде наредба за уништување на древната Палмира […]

И Ѓорчев се повлече од координатор на ВМРО-ДПМНЕ, доаѓа Данев


Драган Данев е новиот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, на местото на Влатко Ѓорчев, кој ја извршуваше привремено функцијата. Данев, како што соопштија од партијата, е назначен со одлука на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а откако Ѓорчев побарал да се повлече од функцијата, поради, како што е наведено, голем обем на обврски и презафатеност. […]

ВМРО-ДПМНЕ: Само Талибанците и ИСИС уриваа споменици


ВМРО-ДПМНЕ реагира на отстранувањето на споменикот на Ќосето, со констатација дека само Талибанците во Авганистан и радикалите на ИСИС во Сирија и во Ирак уриваа споменици. „Истото што го правеа Талибанците и ИСИС во регионите зафатени од војна, го гледаме денес во Македонија, во срцето на Европа. СДСМ, кукавички во раните утрински часови, решија да […]

Партиите со осуда за изјавата на албанскиот дипломат : Чејку заглавил во 2008 година


Поранешниот амбасадор на Албанија во Македонија предвиде трета албанска држава на наша територија. По изјавата на премиерот на Албанија, Еди Рама, дека Косово и Албанија треба да имаат еден претседател, која покрена остри критики низ земјите на Балканот, по што ретерираше и самиот тој, поранешниот амбасадор на Албанија во Македонија, Арбен Чејку, излезе со слична […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го деградираше македонскиот јазик со годишниот Буџет за култура


Денес е меѓународен ден на мајчиниот јазик. Додека секаде низ светот се негува мајчиниот јазик, во Република Македонија, владата за 9 месеци нанесе непроценлива штета врз македонскиот јазик. СДСМ го деградираше македонскиот јазик со годишниот Буџет за култура за 2018. Нула денари предвидени за унапредување на македонскиот јазик се доволен показател за односот на СДСМ […]

ВМРО-ДПМНЕ: Вкупниот трошок за двајцата нови потпретседатели на Собранието е 8.000 евра


СДСМ го користи Буџетот за коалициски пазарања и делење нови измислени функции на партиските послушници. Изборот на нови 3 потпретседатели на Собранието на Република Македонија е тотално непотребно. СДСМ создава само дополнителен трошок. Месечниот трошок за еден потпретседател на Собранието на РМ по основ на плата, асистент, секретарка, возач, гориво, репрезентации и други трошоци изнесува […]