Путин: Крим никогаш нема да ѝ припаѓа на Украина


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Крим под никакви околности не може да се врати во Украина. – За што зборувате? Такви околности не постојат и никогаш нема да постојат, рече Путин во одговор на прашањето дали некогаш може да се создадат такви околности. Прашањето е поставено во интервју за филмот „Путин“ на Андреја Кондрашова, […]

Путин: Прво да ги видиме доказите на САД против Русија


Русија прво мора да ги изанализира доказите за вината на обвинетите во САД за мешање во претседателските избори во 2016 години, а потоа ќе донесе независна одлука за тоа дали тие се виновни или не, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за американската телевизија Ен-Би-Си. Русија не може да одговори на обвинувања ако обвинетите […]

Путин: Русија создаде нов вид оружје, подобар од ракетен одбранбен комплекс


Русија произведува небалистички систем, кој ниту еден ракетен одбранбен комплекс нема да може да му се спротистави, изјави денеска рускиот претседател во годишниот говор за состојбата на нацијата. – Почнавме да создаваме нов вид стратешко оружје, кое нема да ја следи балестичката траекторија додека се движи кон целта, што значи дека комплексите за противракетна одбрана […]

ЗОИ 2018: Путин „се појави“ во Пјонгчанг


Рускиот претседател Владимир Путин не го следи во живо претставувањето на руската делегација на Олимписките игри во Пјонгчанг, но иако отсутен, тој сепак се појави на трибините на спортските арена, пренесе ТАСС. За време на натпреварот меѓу Словенија и ОС Русија денеска, фанови во еден од аглите на трибините на хокеарската сала кренаа два големи […]

Путин: Експлозијата во Санкт Петербург е терористички акт


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека вчерашната експлозија на рачно изработена бомба во супермаркет во Санкт Петербург, при што беа повредени 13 лица, е терористички акт. – Во Санкт Петербург вчера беше извршен терористички акт, изјави Путин на церемонија во Кремљ, на која се врачени одликувања на руски војници кои учествувале во сириската операција. Тој […]

Путин бара руските власти да следат компании на социјалните мрежи


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските власти треба да ги следат активностите на „некои компании“ на социјалните мрежи за време на претседателската кампања во 2018 година и да се проценува нивното мешање во внатрешната политика. Путин не ги именуваше компаниите, ниту посочи дали се странски или домашни, додека САД и некои западни држави ја […]

Путин: Спречивме 60 терористички напади во Русија


Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека руските безбедносни служби спречиле повеќе од 60 терористички напади во текот на оваа година и нагласи дека Русија ќе продолжи да ги уништува „упориштата“ на меѓународниот тероризам. Тој тоа го истакна за време на свечената академија по повод одбележувањето на Денот на вработените во државните безбедносни агенции. – […]

Вучиќ се среќава со Путин во Москва


Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Москва ќе се сретне со неговиот српски колега Александар Вучиќ, при што, меѓу останатото, ќе разговараат за развојот на економската соработка, зајакнувањето на меѓусебните трговски односи, како и за статусот на српските работници во Русија. Вучиќ посочи дека на состанокот ќе бидат потпишани договор за гас, како и дека […]

Навални: Можам да го победам Путин на фер избори


Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални изјави дека е уверен оти ќе го победи рускиот претседател Владимир Путин доколку има фер избори. Во изјава за американски медиуми, тој рече дека не може да победи сѐ додека Кремљ има контрола врз информациите што се емитуваат на телевизиски станици. Навални додаде дека Кремљ не сака да го види […]

Руските претседателски избори ќе чинат 256 милиони евра


Централната изборна комисија на Русија од владата доби приближно 256 милиони евра за кампањата за претседателските избори закажани за 18 март наредната година, јави ТАСС. Датумот на одржување на изборите го утврди Горниот дом на парламент на седница одржана во петокот. Одлуката е објавена и во службениот весник „Росискаја газета“, со што официјално почна предизборната […]

Путин му заблагодари на Трамп што помогна за апсење на екстремисти


Кремљ соопшти денеска дека претседателот на Русија Владимир Путин му се заблагодарил на неговиот американски колега Доналд Трамп, како и на ЦИА, за информациите кои помогнале за апсење на екстремистите кои планирале да извршат напад врз Казанската катедрала во Сенкт Петербург. – Путин го увери Трамп дека руските безбедносни служби се подготвени да споделат информации […]

Путин не се предава, ќе се кандидира за нов мандат


Рускиот претседател Владимир Путин денеска најави дека ќе се кандидира на претседателските избори во март како независен кандидат и оти очекува широка поддршка од партиите и народот во Русија. На годишната прес-конференција во Москва Путин прецизираше дека се уште не назначил шеф на неговиот изборен штаб и не сакаше во детали да зборува за неговата […]

Изложба „Суперпутин“: Путин јава на мечка, се бори со тигар, пука од минофрлач (ВИДЕО)


На изложбата „Суперпутин“, која е посветена на рускиот претседател Владимир Путин, посетителите ќе можат да видат слики и скулптури кои актуелниот претседател на Русија го прикажуваат како Супермен, јава на коњ, јава на мечка, љубител на животни, дури и како Дедо Мраз. Lukisan ketokohan dan semangat heroik Vladimir #Putin digambarkan dalam pameran “#Superputin” di #Moscow […]

Путин сѐ уште размислува дали ќе учествува на претседателските избори


Рускиот претседател Владимир Путин денеска најави дека наскоро ќе одлучи дали ќе се кандидира на претседателските избори што ќе се одржат следната година. Тој истакна дека ја има предвид јавната поддршка што ја ужива. Путин на собир во Москва, на кој присуствуваа голем број млади луѓе, ги праша присутните дали ја поддржуваат неговата кандидатура на […]

Путин телефонски го брифирал Трамп по средбата со Асад


Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин денеска телефонски разговараа за Сирија, Северна Кореја и Украина, соопшти Белата куќа. Разговорот е реализиран еден ден по средбата на Путин со сирискиот претседател Башар Асад во Сочи. Рускиот претседател го прими сирискиот колега во црноморскиот туристички центар каде што утре ќе има средба на […]