Кисинџер: Путин го изгуби чувството за мерка


  Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер наполни 99 години на 27 мај. Британскиот „Сандеј тајмс“ објави големо интервју со него, направено од историчарот Ниал Фергусон, инаку автор на книга за Кисинџер. Поранешниот американски дипломат оди со бастун и зборува побавно, но неговиот ум е остар како и секогаш, пишува „Тајмс“. Кисинџер како државен секретар […]

Бајден: Можни се санкции лично против Путин доколку Русија ја нападне Украина


Американскиот претседател Џо Бајден  синоќа изјави дека е можно да се воведат санкции лично за рускиот претседател Владимир Путин, доколку Русија ја нападне Украина. На новинарско прашање дали е можно такво нешто во случај на руски напад врз Украина, Бајден одговори потврдно. Американскиот претседател рече дека во блиска иднина би можел да префрли дел од […]

Путин: Нашите играчи се херои


Рускиот претседател Владимир Путин ги опиша фудбалерите на „Зборнаја“ како „херои“. Тие загубија достојно од Хрватска со убава игра, објави неговиот прес-секретар, Дмитриј Песков на брифинг со новинарите по средбата на стадионот „Фиш“ во Сочи.  – За нас момците се херои, со кои се гордееме, категоричен беше Песков. Селекторот на домашниот тим, Станислав Черчесов откри […]

Можна средба Путин – Ципрас во Москва за време на Светското фудбалско првенство


Сценарија за евентуална средба на рускиот претседател, Владимир Путин со грчкиот премиер, Алексис Ципрас во рамките на Светското фудбалско првенство во Русија, објавуваат грчките медиуми повикувајќи се на владини извори. Како што јави дописничката на МИА од Атина, информацијата прва ја објави грчката телевизија Скај, дека не е исклучена можноста Ципрас да ја прифати поканата […]

Четврт претседателски мандат на Путин: Утре ќе положи заклетва


По 18 години на власт, Владимир Путин утре ќе положи свечена заклетва за четврт претседателски мандат, откако на изборите на 18 март убедливо победи, освојувајќи повеќе од 76 отсто од гласовите. Тој ќе остане во Кремљ до 2024 година, кога ќе има 72 години. Путин, поранешен агент на КГБ, дојде на власт во 2000 година, […]

Прва реакција на Путин по нападот во Сирија, ситуацијата ја спореди со Југославија


САД и нејзините сојузници погодија цивилни и воени објекти во Сирија, кршејќи ги Повелбата на ООН и меѓународното право, изјави рускиот претседател Владимир Путин во реакцијата на американско-француско-британската интервенција во Сирија. „Вашингтон започна агресија против суверена држава која е на чело на борбата против тероризмот“, се вели во изјавата на рускиот претседателот. Путин нагласи дека […]

Путин: ИД е поразена во Сирија, но и понатаму може да го нападне светот


Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави денеска дека Исламска држава е поразена во Сирија, но и понатаму поседува деструктивен потенцијал и може да на ги напаѓа земјите во светот. – Јасно е дека и покрај воената ситуација таа терористичка група задржа значителен декструктивен потенцијал и способност брзо да ја менува тактиката и ги напаѓа земји […]

Русија и моралниот банкрот на Западот


Често се вели дека Русија е конкурент на западната демократија, но тоа е погрешно. Оваа земјата се раководи само во интерес на  Владимир Путин и нанеговиот олигархиски круг. Нејзиниот режим е само модел за млади и надежни клептократи. Поголемиот дел од светот не се стреми ниту кон политиката на Русија ниту кон нејзиниот животен стандард. […]

Путин: Причина за пожарот во Кемерово е криминална негрижа


Рускиот претседател Владимир Путин при посетата на Кемерово изјави дека криминалната негрижа е една од причините за пожарот во трговскиот центар „Зимњаја вишња“ (Зимска вишна), при што загинаа над 60 луѓе. – Што се случи овде, а не беше борбена ситуација или неочекувана експлозја на метан во рудник. Луѓето, децата дошле да се одморат. Зборуваме […]

Меркел „средечно“ му го честиташе реизборот на Путин


Германската канцеларка Ангела Меркел му честиташе денеска на рускиот претседател Владимир Путин на добивањето на уште еден шестгодишен мандат. Таа повика на продолжување на дијалогот со цел да бидат пронајдени решенија за билатералните и меѓународните предизвици, се наведува во соопштение од нејзиниот кабинет. „Денес е поважно од кога и да е да го продолжиме дијалогот […]

Путин го сруши рекордот со добиените гласови


Владимир Путин вчера доби највисок резултат во последните неколку претседателски избори во Русија, соопшти заменик претседателот на руската Централна изборна комисија Николај Булаев. За Путин гласале над 56 милиони гласачи, или 76,66 проценти. – Тоа е апсолутен рекорд во последните неколку избори за претседател на Русија, вели тој. Податоците се од преброени 99,84 отсто од […]

Поддршката за Путин станува „севернокорејска“


Еден ден по изборите во Русија никој не ни чека пребројување на гласовите бидејќи нема ни сомнеж дека и овој пат, по четврти пат, Владимир Путин ќе биде избран за претседател. Тоа значи дека и во следните шест години тој ќе ја решава судбината на земјата, а прогнозите беа дека за тоа ќе добие поддршка […]

Путин им се заблагодари на Русите и побара да го одржат единството


Реизбраниот руски претседател Владимир Путин синоќа се појави на концерт во Москва по повод годишнината од анексијата на Крим и им се заблагодари на граѓаните на поддршката што му ја дадоа. Концертот „Русија.Крим.Севастопол“ беше одржан на плоштадот Мањежни во центарот на Москва. – Ви се обраќам вам, кои се собравте тука, но и на сите […]

Русите гласаа и во вселената, излезеноста таму е100 отсто


Руските избори за претседател се во полн ек не само на Земјата, туку и во Вселената. Денеска гласаа и космонаутите, а еден од нив вели дека таму излезеноста е 100 отсто. Космонаутот Антон Шкаплеров гласаше на претседателските избори во Русија и стапи во контакт со Централната изборна комисија во Русија. – Излезеноста на бродот на […]

Путин: Секој глас е успех


Претседателскиот кандидат и актуелен претседател на Русија, Владимир Путин изјави дека го смета за успех секој процент од гласовите кои му даваат за право да ги извршува обврските како шеф на државата. Путин го изјави тоа на избирачко место како одговор на прашање каков е резултатот кој ќе го смета за успешен за себе. – […]

(ФОТО/ВИДЕО) На денешните избори во Русија гласаа и мечка, ракета, и зет и невеста


Русија денеска гласа за претседател, а се уште најголем фаворит се смета дека е Владимир Путин. Денеска на гласачките кутии, Русите уште еднаш ја покажаа нивната креативност и смисла за хумор. Се појави човек кој беше маскиран во мечка, потоа се поајви друг кој беше прерпавен во ракета. На гласањето утрово меѓу првите дојдоа и […]

Путин најголем фаворит за претседател на Русија


Во Русија денеска се одржуваат претседателски избори на кои се очекува победа на актуелниот шеф на државата Владимир Путин. Во трката за претседател на Русија се осум кандидати. Според анкети, Путин има поддршка од околу 80 отсто граѓани, што лесно може да му обезбеди уште еден шестгодишен мандат. Путин за првпат беше избран за претсеател […]

Путин ги повика Русите да гласаат во недела


Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги повика граѓаните на Русија в недела да гласаат на претседателските избори, за кои Кремљ стравува дека ќе бидат со мала избирачка активност. – За кого да се гласа, како ќе биде искористено правото на слободен избор е лична одлука на секој човек. Но, ако одлучите да не донесете таква […]

Путин наредил соборување авион пред Олимпијадата во Сочи


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во 2014 година наредил да биде соборен киднапираниот патнички авион, за кој имаше информација дека ќе исфрли бомба на отворањето на Зимските олимписки игри во Сочи. Во документарниот филм „Путин“, емитуван синоќа на руската државна телевизија, рускиот претседател рече дека на 7 февруари примил повик од безбедносните служби одговорни […]

Путин: На американска ракета од Норвешка до Москва ѝ треба 15 минути


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија го гледа Арктик како регион кој е важен за нејзината безбедност. Тој додаде дека на ракета истрелана од американска подморница кај брегот на Норвешка би и било потребно 15 минути да стигне до Москва. Рускиот претседател тоа го изјави во интервјуто за дел од филмот „Путин“ на Андреј […]