Заев и Џафери го надмудрија Мицкоски: Владата ќе се проветрува додека ВМРО-ДПМНЕ митингува


Расправата за реконструкцијата на Владата ќе почне точно на годишнината од смената на власта, а не е исклучено да продолжи и следниот ден – кога ВМРО-ДПМНЕ треба да го одржи протестниот митинг на „Илинденска“. Проширувањето на парламентарното мнозинство и првиот опозициски митинг по смената на кормилото на ВМРО-ДПМНЕ се наметнаа неочекувано како паралелни политички процеси, […]

Една година влада на Заев, една година економски пропаст


Економијата во Македонија, од водечка во регионот, по само една година е на дното на Европа. Очигледно дека целата влада на Заев нема никаква координација. Владата на Заев не отвора нови работни места, напротив, сведоци сме дека се затвораат фабрики Александар Николоски Изминува една година од формирањето на владата на Заев, а ние сме сведоци […]

„Големата“ реконструкција се сведе на козметика


Тивко незадоволство, според неофицијални информации, владее во СДСМ во врска со претстојната владина реконструкција, која, иако беше долго и бомбастично најавувана, ќе се сведе најверојатно на смена на еден до два кадри, и тоа токму од најголемата владејачка партија. За разлика од претходниот пат, кога СДСМ доби едно министерско место плус – во важниот ресор […]

Формирана работна група која ќе го истражува проблемот со линданот во Охис


Во врска со решавањето на проблемот со линданот во АД Охис – Скопје, Владата на денешната седница формираше работна група која во рок од три месеци треба да ја информира за можните решенија на овој проблем. Во состав на работната група се генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, министерот за животна средина и просторно планирање  Садула […]

Заев до Собранието ќе ги достави предлозите за реконструкција на Владата


Премиерот Зоран Заев денеска до Собранието на Република Македонија треба да ги достави предлозите за реконструкција на Владата. –  Биографиите на новите министри, заменици и директори ќе бидат навреме поднесени до Собранието, со надеж дека до крајот на месецот ќе бидат ставени на дневен ред на пленарна седница за да се докомплетира Владата, изјави Заев […]

Министерот Адеми во дводневна посета на Белград на средби со македонското малцинство


Министерот без ресор во Владата на задолжен за дијаспората Едмонд Адеми од утре ја почнува дводневна посета на Србија, јави дописникот на МИА од Белград. За време на посетата, в понеделник во Белград закажана е средба на министерот Адеми со преставници на македонското национално малцинство во Србија и тоа со Националниот Совет на македонското национално […]

Франција ја предупреди Италија да ги почитува прописите на ЕУ


Стабилноста на еврозоната ќе се доведе во прашање доколку новата италијанска Влада не ги почитува финансиските обврски, изјави францускиот министер за економија Бруно Ле Мер. – Ако новата влада ризикува и не ги почитува обврските во врска со долгот и дефицитот, но и со „чистењето“ на банките, тоа ќе биде закана за финансиската стабилност на […]

Македонската влада не се откажува од „Република Илинденска Македонија“


„Република Илинденска Македонија“ е име со временска одредница кое се повикува на конкретни датуми од минатото и е реална можност за компромис кој ги задоволува двете страни. Очекуваме дека предлогот ќе биде разбран и ќе најде поширока поддршка во Атина, соопшти денеска македонската Влада, се наведува во соопштението што го испрати претпладнево владиниот кабинет, откако […]

Уште ВМРО-ДПМНЕ фали на „Илинденска“


„Кога видов дека бродот на Заев почна да тоне, му се јавив на Мицкоски, му се извинив и еве ме сега повторно во владата“. Вака приближно би рекол Амди Бајрам за некое време кога ќе го прашаат за јубилејниот 155. прелет во владиното јато. Изјавата би ја зачинил со повик до Мијалков и до Груевски, […]

ВМРО-ДПМНЕ на протест пред Влада на 2 јуни


ВМРО-ДПМНЕ на 2 јуни во Скопје пред Владата ќе организира народен протест, најави претседателот на партијата Христијан Мицкоски по седницата на Централниот комитет. „На седницата на Извршниот Комитет и  на седницата на Централниот Комитет ја разгледувавме актуелната политичка и економска ситуација во Република Македонија, ги разгледувавме актуелните теми што живот значат за граѓаните во Република […]

Корисници на социјална помош до 18 години нема да плаќаат партиципација за болничко лекување


Владата на денешната седница ја донесе програмата за измени и дополнувања на програмата за обезбедување средства за болничко лекување без наплата на учество (партиципација) којашто покрај пензионерите ќе ги опфати и лица до 18-годишна возраст на семејства корисници на социјална парична помош во Република Македонија за 2018 година. Од владината прес-служба за инфрмирање соопштија дека […]

Заев го возвраќа ударот: Груевски имал 91 советник, за што трошел по 1,73 милиони евра


Поранешниот претседател на Владата Никола Грувески имал 91 советник и надворешни соработници за кои годишно биле издвојувани 1,73 милиони евра, објави денеска владината прес-служба, по бурата што се крена во јавноста околу советничкиот тим на сегашниот премиер Зоран Заев. – Владата ги следи принципите на отвореност, транспарентност и отчетност во својата работа и во таа […]

Владата уште без потврда дали ДПА и БЕСА ќе добијат министерски места


Од Владата се уште не потврдуваат дали ДПА и БЕСА на Африм Гаши ќе бидат дел од владиниот состав. Дел од медиумите, повикувајќи се на партиски извори, синоќа објавија дека ДПА и БЕСА на Гаши ќе добијат по едно министерско место и оти ова е договорено на средба со премиерот Зоран Заев. Според пишувањата во […]

Касами се откажува, нема да биде дел од Владата


Движењето Беса предводено од Билал Касами соопшти дека од денес ги прекинува сите разговори со премиерот Зоран Заев за влез во Владата. „Овој процес на преговори продолжува повеќе од четири месеци без конкретен епилог, ние го цениме дека сите временски ограничувања се надминати. Движењето Беса не сакаа да остане заложник на техничките календари на парламентарното мнозинство. […]

Реконструкција во 100 чекори – надградена и проширена


Александра М. Митевска Некаде околу 20 февруари годинава премиерот Зоран Заев најави реконструкција на Владата, само два месеци откако ја направи првата интервенција во неговиот кабинет – тогаш поради испразнетите места за време на локалните избори, преземањето на Министерството за здравство и заминувањето на Алијансата на Албанците од „Илинденска“. Од таа негова бомбастична најава поминаа […]

Владата е подготвена за меѓународна експертиза за случајот „Дива населба“


Владата е подготвена за меѓународна експертиза за случајот „Дива населба“, рече премиерот Зоран Заев. – Согласно позитивните прописи во Македонија утврдивме дека таа не може да се вклучи во средината од судскиот процес. Мора процесот да заврши до фаза на правосилност на пресудата за потоа да се внесат меѓународни претставници како коментатори, како луѓе кои […]

Вашингтон загрижен поради Хоџа и Бошкоски


Американските власти се загрижени што две лица што се на нивната црна листа станаа советници на премиерот Зоран Заев. Станува збор за Љубе Бошкоски и за новопечениот советник Џезаир Шакири алијас командант Хоџа. „Ние ја споделивме загриженоста со Владата. Но, ова не е ненадминлива ситуација во односите меѓу амбасадата на САД во Македонија и Владата […]

Времено укината увозната давачка за свинско месо


Министерството за економија предложи, а Владата на Република Македонија на денешната 67. седница ја усвои одлуката за времено укинување на увозната давачка-специфичната и царинската стапка по вредност за замрзнато свинско месо и други производи од свинско, соопшти владината прес-служба. – Предлогот се однесува на временски период од шест месеци, а количините се утврдени на ниво […]

Вработените во „Еурокомпозит“ ќе добијат плата и здравствено осигурување


Владата на денешната  67. седница донесе одлука за исплата на паричен надоместок и обезбедување здравствено осигурување за последните месеци на вработените во компанијата „Еурокомпозит“ од Прилеп, соопшти владината прес-служба. Вработените во прилепски „Еурокомпозит“ минатата недела два часа протестираа на патниот правец Прилеп-Градско на излезот од градот пред Плетвар, барајќи да им се исплати една плата, […]

„Српска листа“ се враќа во владата на Харадинај


По повеќе од еден месец, во Владата на премиерот Рамуш Харадинај се очекува да се вратат министрите од редовите на „Српска листа“, потврдиле партиски извори за приштинскиот весник „Зери“, кои додале дека конечната одлука партијата ќе ја донесе деновиве. – Иако не присуствуваа на седници на Владата, министрите од „Српска листа“ ниту еден ден не […]