Бошњаковски: Историски ден и за Европа


Ова е историски момент не само за двете земји, ова е историски момент и за целиот регион, за Балканот, за Западен Балкан, но и за Европа, вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски за грчката новинска агенција АНА-МПА. – Важно е што гледаме дека прогресивните политички сили во двете земји го решаваат проблемот што 25 години го […]

Владата во Атина го преживеа тестот на доверба


Атина – Со 127 гласа „за“ и 153 „против“, грчкиот парламент ја отфрли иницијативата на опозициската Нова демократија за недоверба на владата на премиерот Алексис Ципрас. Гласаа вкупно 280 од 300 пратеници, а единствено Димитрос Каменос од Независни Грци имаше спротивна позиција од неговата партија и не ја поддржа владата. Потегот на Каменос наиде на […]

Кумуцакос: Владата бараше аргументи што се во прилог на другата страна


Земјата со потпис ќе ја обврзе еден премиер кој е изолиран и од народот и од неговиот владин кабинет, премиер што нема согласност од министерот за одбрана, рече одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос на денешната расправа во грчкиот Парламент за гласање недоверба на Владата. Како што јави дописничката на МИА од […]

Владата го објави договорот со Грција


Владата на денешната седница го декласифицира договорот со Грција за решавање на спорот со името и го стави на увид на јавноста. Договорот, како што информира, вечерва на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски веќе е објавен на веб страницата на Владата. – Владата на РМ едногласно го разгледа и усвои извештајот за решавање на македонско-грчкиот спор […]

Договорот за името ќе се потпише во недела или понеделник


Потпишувањето на договорот за името меѓу Македонија и Грција нема да се одржи во сабота, туку во недела или уште поверојатно, во понеделник, дознава „Независен весник“. Првичниот план беше премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас да стават параф на решението во сабота во 15 часот на грчкиот дел од Преспа, но ќе дојде до одлагање […]

Владата ќе го разгледа и ќе го декласифицира договорот со Грција


Договорот за решевање на долгогодишниот спор за името што го постигнаат премиерите Зопран Заев и Алексис Ципрас денеска треба да се најде на седница на македонската Влада и да биде декласифициран. Вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска синоќа во ТВ интервју изјави дека планот е Владата денеска да го дискутира и одобри договорот и веднаш […]

Одговор од „Илинденска“ до Водно: Иванов нема чувство на одговорност


Претседателот Ѓорге Иванов нема чувство на одговорност и презема дејства на недозволива манипулација, со што им штети на државата, на граѓаните и директно дејствува против јакнењето на македонскиот идентитет, реагираат од владата по денешното обраќање на шефот на државата. Владата, како што е соопштено, констатира со жалење дека претседателот Иванов во своето обраќање до јавноста […]

Не издржа барокот, од дождот прокисна и зградата на Владата


Од вчерашното невреме и силен дожд прокисна и барокната зграда на Владата, објави СакамДаКажам.мк. За нив, информацијата ја потврдил генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски. „Владата прокисна на директно отворените места. И не е првпат, кисне на секој дожд. Таков е квалитетот на изработката. Водата лази по плафоните, под светилките и лустерите, а потоа и […]

Се огласи Владата по шпекулациите во српските медиуми дека пропаднале преговорите за името


Владата на Република Македонија останува посветена на изнаоѓање решение кое го штити и зајакнува достоинството и идентитетот на граѓаните на РМ. Шпекулациите во овие сензитивни моменти не можат да придонесат оваа стратешка цел од национален интерес, велат од македонската Влада во врска со шпекулациите пласирани од регионални медиуми. Најаважно е, како што посочуваат од Владата, […]

(Фото) Заев организираше ифтарска вечера


Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, вечерва организираше ифтарска вечера во честа на светиот месец Рамазан, за Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери и за пратениците, за членови на владата и за советниците на премиерот и неговите надворешни соработници и за градоначалниците, припадниците на исламската вероисповед, како и за поглаварот на […]

Владата сè уште без официјален став за разговорот Заев-Ципрас


Владата се уште без официјален став за тоа кога би се реализирал евентуалниот телефонски разговор или средба меѓу премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас во рамки на процесот на преговорите за решавање на спорот со името. Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски денеска на прес-конференција не прецизира до каде се преговорите и […]

Се множат националните координатори во Владата


Додека вчера новиот министер за култура Асаф Адеми се вселуваше во својот кабинет, за неговиот претходник Роберт Алаѓозовски, кој единствен „настрада“ од „проветрувањето“ на владиниот кабинет, беше соопштено дека е именуван на нова функција. Алаѓозовски се сели неколку стотина метри подалеку од Министерството за култура, поточно во владината зграда, каде што сега ќе работи како […]

СОНК се жали на селективни постапки на судии за наставници


Околу 1.700 наставници, чии договори истекуваат до крајот на август, чекаат да им биде трансформиран работниот однос од определено на неопределено време. Во исто време, преку канцеларијата на адвокатот Ванчо Шехтански се водат 120 судски постапки, тужби, по основ на трансформација, бидејќи по истекот на  договорите, вработени во основното и средното образование но и во […]

Архиепископот г.г. Стефан со амин за годишнината на Владата


Архиепископот на Македoнската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан, упати честитка до премиерот Зоран Заев, по повод годишнината од формирањето на Владата на Република Макеоднија. Во честитката, Архиепископот на МПЦ-ОА Г.Г. Стефан, од свое име и од име на Архиерејскиот синод и свештенството во Македонија, на премиерот Заев и на Владата им посака […]

ВМРО-ДПМНЕ: Јавниот долг за првпат во македонската историја надмина 5 милијарди евра


СДСМ расипнички ја води државата. Нивото на јавниот долг за првпат во македонската историја надмина 5 милијарди евра. 300 милиони евра нови задолжувања само за првите три месеци од 2018 година, а ниту една нова капитална инвестиција. Ова е недозволиво. Задолжувањето како инструмент единствено е оправдано кога тоа се врши за капитални инвестиции, се вели […]

Владата ќе потроши околу 30 илјади евра за сервисирање на „Мерцедесот“


Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија распиша тендер во вредност од 27.559 илјади евра за одржување и поправка на блиндираниот „Мерцедес“. Во огласот за доделување на договор за јавна набавка стои дека е потребно сервисирање на моторно возило марка „Mercedes Benz“ тип S 600 – Blind. Проценетата вредност без ДДВ […]

Една година Влада: Огромните очекувања донесоа огромни разочарувања


Огромните очекувања од новата влада донесоа исто такво разочарување кај граѓаните, кои една година по устоличувањето ѝ доделија жолт картон. Насочувањето на приоритетите кон решавање на спорот за името и допирањето на чувствителните теми за идентитетот и јазикот на сметка на неисполнување на дадените ветувања за економски просперитет се клучниот сегмент во мозаикот незадоволство кај […]

Заев и министрите утре ќе одбележат една година Влада


Утре во 10 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придржуван од министрите во Владата, ќе одржи прес-конференција. Од Владата брифираат дека прес конференцијата ќе биде за една година Влада. Конференцијата за медиумите ќе се одржи во дворот на Владата на Република Македонија, кај споменикот на ослободителите на градот Скопје.  

Кумуцакос: Ако решението не е добро за земјата, ние како влада одново ќе преговараме


Решението што ќе се постигне треба да биде добро решение, бидејќи, во спротивно, ние како влада одново ќе преговараме, вели одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија, Јоргос Кумуцакос. – Ако владата не постигне добро решение, бидејќи ние не веруваме во решение само за да биде решение, туку веруваме само во решение […]

Премиерот Заев во официјална посета на Малта


Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Малта. Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев денеска ќе оствари средба со претседателката на Малта, Мари Луиз Колеиро Прека, со претседателот на Владата Џозеф Мускат, по што ќе биде остварена пленарна средба меѓу двете владини делегации. Македонскиот премиер […]