Производителот од Белгија ќе ги испитува вакцините во Македонија


Инспекторите на Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД ја чешлаат целата документација на компанијата „Македонија лек“, која е увозник и дистрибутер на вакцината МРП до здравствените домови. Инспекторите вршат контрола и во вакциналните пунктови, а до крајот на денот, според министерот за здравство Венко Филипче, ќе се знаат наодите и кој го направил пропустот […]

Вкупно 61 вакцина со погрешни декларации


Во екот на епидемијата на морбили, информацијата за нови заболени во Скопје и кампањата за вакцинација од страна на здравствените власти за да не се прошири заразата, на социјалните мрежи беше споделена кутија од вакцината МРП со декларација на која рокот за траење беше застарен – до октомври 2018 година. Реагирајќи на тоа, министерот за […]

Родителите сè уште не веруваат во квалитетот на вакцините


Прогласената епидемија на морбили (МРП), односно мали сипаници и донесената времена мерка од Министерството за здравство со која се забранува децата што не се вакцинирани за оваа болест да се носат во градинките во главниот град, предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи. Кампањата на здравствените власти да се вакцинираат децата, за да не се […]

Ќе се бара нова формула за зголемување на платите во здравството


Ќе се прави анализа за различна прераспределба на средства, со цел да се смени процентот за зголемување на платите од 2019 година за вработените во Клиничкиот центар. Прераспределбата ќе се прави од парите што се веќе одобрени во буџетот за зголемување на платите. Ова е заклучокот по средбата што се одржа вчера меѓу Самостојниот синдикат […]

Ќе влеземе ли во мрежата за размена на органи од починат дарител?


Во земјава, како и во светот, при секоја мозочна смрт која не е проследена со трансплантација се губат органи. Годинава се направени дваесетина трансплантации на бубрег од жив дарител, но и две кадаверични трансплантации, откако трансплантација на органи од починат дарител повторно заживеа по три години целосен застој. Со ваквата трансплантација двајца пациенти добија шанса […]

Чекаат термин за преглед со месеци, па не доаѓаат


И натаму има проблем со закажување термин за компјутерска и магнетна резонанца, како и рендген-дијагностика, при што пациентите чекаат и по два месеца за преглед на дел од клиниките каде што има ваква апаратура. Но анализата на Министерството за здравство покажала дека голем број од закажаните термини не се реализираат, веројатно бидејќи пациенти што закажале […]

Синусите ќе се лекуваат во Скопје, место во Будимпешта


Систем за навигација, ласер, перфузори, ригидни ендоскопи, е дел од опремата што недостига на Универзитетската клиника за уво, нос и грло во Скопје. Застарени се и оперативните столови, посочи директорот Јане Нетковски додавајќи дека е неопходно да се инвестира во нови столови и опрема. За операција на Клиниката пациентите чекаат од две недели до три […]

Со сериозни повреди, но во стабилна состојба се шестмината македонски граѓани хоспитализирани во нишката болница


Во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот  близу Лесковац во која три лица загинаа, маж и две жени, со посериозни повреди се здобија шестмина македонски граѓани. Тие се хоспитализирани во болницата во Ниш, осуммина  граѓани пак, се со полесни повреди и  се хоспитализирани во болницата во Лесковац. Повредените, кои се хоспитализирани во болницата во […]

За сите со пулмонална хипертензија отсега ќе има лекови на позитивна листа


Министерот задравство Венко Филипче вчера имаше состанок со претставници од Асоцијацијата за пулмонална хипертензија „Момент плус“, на која било договорено за сите пациенти кај кои ќе биде дијагностицирана болеста да бидат достапни лековите на позитивната листа. Ирена Коцев од Асоцијацијата подвлече дека за нив е важно пациентите да не остануваат без лек. „Се договоривме да […]

Се разгледуваат три објекти за Центарот за зависници


Министерот за здравство Венко Филипче тврди дека активно бараат локација да се дислоцира Центарот на зависници, кој се наоѓа во Општина Кисела Вода. Засега во опција се три објекти кои се наоѓаат на периферија на Скопје. Клучно за донесување на конечна одлука е можноста објектот да ги задоволува сите стандарди. Не прецизираше кога ќе се […]

Детската кардиохирургија се сели во приватната болница „Жан Митрев“


Детската кардиохирургија од Нова година, наместо на Клиниката за детска хирургија, ќе се пресели и ќе почне да работи во болницата „Жан Митрев“. Тоа ќе значи дека сите операции на најтешки срцеви маани кај бебиња и деца ќе се прават во Македонија, а на операција надвор ќе се испраќаат само ретки случаи. Министерството за здравство […]

Детска кардиохирургија од Нова година се сели во болницата „Жан Митрев“


Министерот за здравство Венко Филипче, заедно со директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, денеска одржаа прес конференција на која беше презентиран нов начин на функционирање на детската кардиохирургија. – Донесовме одлука договорот на болницата „Жан Митрев“, којшто со години е за извршување кардиохируршки интервенции на возрасни но и на деца, од следната година […]

После три години пауза, успешно трансплантирани бубрези од починат донор


После три години пауза, на Клиниката за Нефрологија во соработка со Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ, во Македонија за првпат успешно се изврши трансплатација на бубрези од  пациент кој доживеал мозочна смрт. Од пациентот кој починал, со дозвола на најблиските членови од семејствто, земени се бубрезите и веднаш се трансплантирани на […]

Сите во здравството сакаат големи плати


Дали Министерството за здравство ќе им излезе во пресрет на здравствените работници и тие, како и лекарите специјалисти, да добијат 10 отсто повисока плата од јануари? Претседателот на Синдикатот на Клинички центар, Горан Беговиќ, вели дека ќе чекаат на средба со министерот за здравство до петок за да добијат одговори за нивните барања. Незадоволни се […]

Филипче ветил дека ќе има решение на проблемите на медицинските сестри


По реакциите на Унијата на ЗМСТАС предводени од здружението „ЗА НАС“, a во врска со прераспределбата на буџетот за 2019-та година во која медицинските сестри не беа вклучени се случи и средба со министерството за здравство. „Во текот на вчерашниот ден бевме повикани на состанок во кабинетот на министерот за здравство, Венко Филипче каде по краткиот […]

Денес истекува рокот за понуди за Брза помош и Домашна посета


Денеска истекува рокот за доставување понуди за распишаната јавна набавка од Министерството за здравство за изработка на физибилити-студија и анализа за можностите и капацитетите на услугите Брза помош и Домашна посета, со цел да се најде најдобар модел за воспоставување јавно-приватно партнерство. Проценета вредност за студијата е 600.000 денари. Отворањето на понудите ќе се одржи во просториите […]

Месноста Веле Поле најпогодна за новиот Клинички центар?


Најповолна локација за изградба на новиот Клинички центар е месноста Веле Поле во Општина Ѓорче Петров – покажале прелиминарните резултати на работната група во која се вклучени и архитекти кои изминатиов период анализирале повеќе локации, меѓу кои и во Петровец. „Неделава ќе се финализира локацијата за изградба на новиот Клинички центар. Големи се шансите да […]

Извршена прва трансплантација на коскена срцевина од несроден дарител во Македонија


Во текот на минатата недела е извршена првата трансплантација на коскена срцевина од несроден дарител во Македонија, за која досега пациентите беа упатувани во странство. Од денеска, лекувањето на тешки малигни заболувања на крвта се врши по еднакви процедури, како во кој било светски или европски современ центар, таа е веќе редовно достапна за сите […]

Дури 40.000 граѓани се на инсулинска терапија, 500 се деца


Дури 40.000 граѓани во земјава се на инсулинска терапија, 500 се дечиња помлади од 14 години од регистрираните 120.000 дијабетичари. Шеќерната болест е во подем, бројот на заболени драматично расте од година во година. Лекарите велат болеста, која се карактеризира со зголемување на нивото на гликоза во крвта, се јавува како последица на вишок килограми, а […]

При абортусот, желбата на жената на прво место


Во предлог-законот за прекинување на бременоста волјата на жената се става на прво место со тоа што ѝ се дава право на слободен избор за абортус до 12. гестациска недела, во консултација со матичниот гинеколог. Слободен избор за прекин на бременоста жената ќе има и до 22. гестациска недела. Наместо комисија, како досега, ќе има […]