Фондот ќе го плаќа и лекувањето во приватни болници


По претседателските избори ќе почнат подготовки за физибилити-студии со кои ќе се анализира дали граѓаните, освен во јавните здравствени установи, можат да се лекуваат и во приватните болници, а услугите да бидат покриени од Фондот за здравствено осигурување. Сето тоа ќе биде спроведено преку јавно-приватно партнерство. За да се спроведе ваквата новина, веќе е разговарано […]

Енигма е од каде ќе се обезбедат пари за изградбата на Kлинички


За изградбата на новиот клинички центар сè уште се водат разговори за законски измени со цел да се овозможи да биде објавен еден тендер, кој ќе вклучува еден пакет и тоа за изработка на проект и за изградба на објектот, да не се објавуваат одвоено со цел се скрати времето потребно за распишување на посебни […]

Мазутот уште ќе се користи за загревање во Гинекологија Чаир


Министерството за здравство ја прекинало тендерската постапка за промена на системот на затоплување во Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, кој е на мазут, енергент кој екстремно го загадува воздухот. Недостигала техничка документација, вели за „Независен весник“ ресорниот министер Венко Филипче. „Постапката за промена на системот на загревање во Гинекологија Чаир […]

Фалат реагенси за испитување алергии на антибиотици, глутен и лактоза


„Имав алергиски реакции на неколку видови антибиотици. Бидејќи бев настината, морав да пијам соодветна антибиотска терапија, поради што матичната лекарка ми препорача да испитам кои антибиотици не ми предизвикуваат алергија. Преку ‘Мој термин’ ми закажаа испитување на Институтот за хумана генетика и имунологија во Скопје“, раскажува 34-годишната Марија од Кичево за „Независен весник“. Земала и […]

Комбиња од Министерство за земјоделство ќе се пренаменат за Брза помош


Осум комбиња од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе бидат доопремени и пренаменети во амбулантни возила, иако се стари неколку години. Министерот за здравство Венко Филипче уверува дека се соодветни и во одлична состојба. Од Министерството за земјоделство велат дека станува збор за осум комбиња кои ги набавила претходната влада. Ги даваат бидејќи не […]

Тендерот за реагенси ќе биде распишан по изборите


По претседателските избори Министерството за здравство ќе го распише тендерот за набавка на реагенси, е најновото ветување на ресорниот министер Венко Филипче. Тој уште на крајот на ноември рече дека се при крај со подготовките за тендерот и дека се надева дека ќе биде распишан за најмногу две недели, односно во декември. Од друга страна, […]

Дијагностичките генетски анализи на наследни болести кои чинат и до 100 илјади денари, отсега на сметка на ФЗОМ


Министерството за здравство соопшти дека заедно со Фондот за здравствено осигурување на Македонија овозможиле анализите за молекуларна дијагностика на наследни болести да бидат опфатени во листата на услуги покриена со средства на ФЗОМ. Станува збор за седум услуги побарани од Медицинскиот факултет (одделите за патологија, патофиза, имунологија, судска медицина), како и од страна на Фармацевтскиот […]

Здравството покажа дека може да функционира


Вероника Мароска-Леова Седми ден по автобуската несреќа кај скопското село Ласкарци, четворица од повредените уште се борат за живот, дишат преку механичка вентилација. Дел од повредените заминаа дома кај своите семејства, дел ќе заминат денеска, други деновиве, меѓутоа 15-те загинати никогаш веќе нема да го пречекорат семејниот праг. Со превртениот автобус како да се превртевме […]

Вакцинацијата оди добро, ама секој ден има нови случаи на морбили


Вакцинацијата се одвива со добра динамика. Околу 50 отсто од вкупниот број невакцинирани деца сега се вакцинирани. Се уште трае тој тренд на заинтереираност кај родителите за да ги вакцинираат своите деца, што е за поздравување, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. За жал, како што рече, секој ден има нови случаи на пациенти […]

Филипче: Новиот клинички центар може да биде изграден за четири години


За изградбата на новиот клинички центар во општина Ѓорче Петров се разгледува можноста да се избере пакет на готов проект со изведба со што тој ќе биде завршен за четири, а не за десет години, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче. – Станува збор за еден модел во кој сакаме да ги обединиме постапките […]

Новиот клинички центар ќе биде на 10 километри од центарот на Скопје


На десетина километри оддалеченост од центарот на Скопје и повеќе од 20 минути возење со автомобил со 60 км на час се наоѓа месноста Веле Поле во Општина Ѓорче Петров, локација за која Владата донесе одлука да се гради новиот клинички центар. Локацијата е околу 200 метри по влезот на обиколницата од десна страна на […]

Прва жртва од морбили, епидемијата не попушта


Шестмесечно бебе од Куманово вчера утрото ја изгуби битката за живот. Починало од компликации предизвикани од морбили, односно мали сипаници. Бебето од почетокот на месецов било хоспитализирано на Институт за белодробни заболувања кај децата КОЗЛЕ, го однеле таму да се лекува од пневмонија, по што било префрлено на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби […]

Гинекологија Чаир сè уште функционира нормално


Трудниците можат да бидат спокојни, Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир функционира нормално, а гинеколошки и акушерски прегледи постојано се извршуваат. Од вторникот до средата биле направени над 100 прегледи, а биле родени 12 новороденчиња, велат за „Независен весник“ од болницата. Јавноста се разбранува по најавата на градоначалникот на Град Скопје, Петре […]

Нејасно е дали Гинекологија во Чаир ќе се најде под клуч


Директорот на Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, Башким Исмаили, повеќе од три години барал да се смени начинот на загревање на болницата. За „Независен весник“, Исмаили вели дека три и пол години раководи со болницата и точно пред толку време со дописи ги информирал Министерството за здравство, Министерството за животна […]

Новиот клинички центар во Ѓорче Петров


Новиот клинички центар ќе се гради во Општина Ѓорче Петров, откако одлуката помина на владина седница. Ова го потврди министерот за здравство Венко Филипче. „Се бодуваа локациите по соодветна методологија и се избра локацијата во Ѓорче Петров, пред сè, поради земјиштето, кое е целосно државно, потоа поради цената на чинење, која е пониска и поради […]

Лани 72 деца заболеле од рак


Расте бројот на заболени од рак во земјава. Само минатата година се регистрирани 9.642 новозаболени лица со малигна неоплазма, од кои 72 деца и 3.122 лица на возраст од 60 до 70 години, покажуваат податоците од „Мој термин“. Точниот број на заболени од рак сепак не се знае, а регистарот на пациенти се подготвува. Жени […]

Учениците од денеска се враќаат на настава


Близу 270.000 средношколци и основци денеска се враќаат на настава, по три недели зимски одмор. Почетокот на второто полугодие Владата го одложи за два дена поради континуирано зголемените концентрации на загадувачки честички во воздухот во повеќе градови во државава. Со одлуката сите учениците беа ослободени од настава, а вработените во образовните установи одеа на работа, […]

Теренска вакцинација во училиштата засега ќе нема


Уште три деца со клиничка слика на морбили во Скопје. Прегледани биле амбулантски во саботата вечерта и пуштени на домашно лекување. Од Министерството за здравство велат дека нема нови хоспитализирани лица на заболени со морбили на Клиниката за инфективни болести. Од почетокот на епидемијата до вчера со МРП вакцината биле вакцинирани 3.202 деца, а до […]

Одложена средбата со производителот на вакцините


Состанокот на министерот за здравство Венко Филипче, закажан за денеска попладне со одговорните претставници на белгиската компанија производител на вакцината „Глаксо Смит Клајн“ од Белград, се одложува. Причината е снегот, бидејќи претставниците на белгиската компанија загравиле на аеродром и утринскиот лет им бил одложен. Средбата најверојатно ќе се одржи вечерва или утре сабајле, дознава „Независен […]

Откриени нови вакцини со декларации со истечен рок


Нови вакцини со декларации со истечен рок се најдени при инспекцискиот надзор на терен во вакциналните пунктови, еден ден пред посетата на претставници од белгискиот производител „Глаксо Смит Клајн“ од Белград. Директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД, Ќахил Ибраими, не открива за колку вакцини МРП со погрешно аплицирани декларации станува збор и […]