Венецуелскиот опозициски лидер ја напушти земјата и побара азил во Шпанија


 Владата на Венецуела соопшти дека опозицискиот претседателски кандидат Едмундо Гонзалез ја напуштил земјата и побарал азил во Шпанија. Гонзалез се криеше откако беше издаден налог за негово апсење во моменти кога опозицијата ги оспори резултатите од претседателските избори во јули – на кои Државниот изборен совет (CNE), контролиран од владата, го прогласи Николас Мадуро за […]

САД го признаваат Едмунд Гонзалес за победник на изборите во Венецуела


САД денеска го признаа опозицискиот кандидат Едмунд Гонзалес, главниот противник на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, за победник на претседателските избори, притоа отфрлајќи ја изјавата за победа на Мадуро. -Со оглед на убедливите докази, САД, а што е уште поважно, на народот на Венецуела, им е јасно дека Едмундо Гонзалес Урутија освои најмногу гласови на изборите […]

Мадуро побара од Врховниот суд да го потврди резултатот од изборите, што опозицијата го оспорува


Венецуелскиот претседател Николас Мадуро синоќа изјави дека побарал од Врховниот суд да ги потврди резултатите од претседателските избори на кои тој тврди дека победил, а кои опозицијата ги оспорува, а имало и барања од ширум светот за да објават деталните резултати од гласањето. Американските медиуми пренесуваат дека Мадуро им изјавил на новинарите дека владејачката партија […]

Во Венецуела врие откако Мадуро прогласи победа без докази. Зошто режимот ја вмеша Македонија?


  КАРАКАС – Додека илјадници луѓе демонстрираа низ Венецуела, опозицискиот кандидат Едмундо Гонзалес во понеделникот објави дека неговата кампања има доказ што треба да покаже оти победил на спорните избори во земјата на кои изборните власти го прогласија претседателот Николас Мадуро за победник. Гонзалес и опозициската лидерка Марија Корина Мачадо им рекоа на новинарите дека […]

Еден загинат во протестите во Венецуела


Најмалку едно лице загина синоќа во Венецуела додека безбедносните сили се обидуваа да ги разбијат протестите предизвикани од жестоко спорниот изборен резултат што му даде трет мандат на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, соопшти невладина организација. Венецуелските безбедносни сили употребија солзавец и гумени куршуми кон разбеснетите демонстранти кои ја оспоруваа победата на Мадуро. Илјадници луѓе ги […]

Венецуела: Хакерски напад од Македонија е причина за бавното броење на гласовите?


Државниот обвинител на Венецуела, Тарек Саб денеска изјави дека нападот врз електронскиот систем, кој го забавил пребројувањето на гласовите на претседателските избори одржани викендов, е извршен од Македонија. Саб не обезбеди никаков доказ за своето тврдење, објави Ројтерс. Венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој според изборната комисија победи на вчерашните претседателски избори во таа земја, претходно […]

Изборен совет на Венецуела: Николас Мадуро е победник на претседателските избори


Николас Мадуро победи на претседателските избори во Венецуела и доби трет шестгодишен мандат со освоени 51,2 отсто од гласовите, објави Изборниот совет, по кампањата извалкана со тврдењата за заплашување на опозицијата и стравувањата од измама. Елвис Аморосо, претседател на Изборниот совет, лојален на владата, изјави дека 44,2 отсто од гласовите му припаднале на опозицискиот кандидат […]

Венецуела го повлече повикот до мисијата на ЕУ за набљудување на претседателските избори во јули


Државната изборна комисија на Венецуела ја повлече својата покана за мисијата на Европската унија да ги набљудува претстојните претседателски избори во земјата што ќе се одржат на 28 јули, на кои претседателот Николас Мадуро бара реизбор. Шефот на Изборната комисија Елвис Аморосо како причина за повлекување на повикот ги наведе економските санкции наметнати од ЕУ, […]

Бразил испраќа војници на границата со Венецуела. Расте стравот од нова војна


Бразил објави дека распоредува војници долж границата со Венецуела, откако венецуелската влада ги објави плановите за инкорпорирање на територијата контролирана од Гвајана на својата територија. Регионот Есекибо богат со нафта е спорен уште од 19 век, кога Гвајана беше британска колонија. Венецуела ги обнови своите претензии на територијата откако пред неколку години беа откриени морските […]

Венецуела се надева дека новата сорта специјално кафе ќе и го олесни излегувањето од кризата


Плантажите со кафе во Венецуела повторно оживеаја благодарение на новата сорта која ги исполнува условите за ознака за специјално кафе и го наоѓа својот пат и до љубителите на кафе во странство. „Сортата Монте Кларо, варијанта Арабика, беше развиена од Националниот институт за земјоделски истражувања (ИНИА) на Венецуела во текот на 40 години истражување“, рече […]

Учителите во Венецуела имаат плата од 20 долари – гладни се!


  Основното училиште „Доктор Енрике Делгадо Палациос“ во главниот град на Венецуела, Каракас, беше присилено да се затоври откако истекување на вода предизвика уривање на ѕидовите и таваните. Речиси пет месеви 612 учениви два пати неделно оди на настава во блискиот магацин. Некои до нив не знаат ни да читаат на возраст од 12 години. […]

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент


Венецуелски суд нареди апсење на тројца членови на новото раководство на паралелниот опозициски парламент, меѓу кои и неговата претседателка Динора Фигуера, која живее во Шпанија. Кривичниот суд во Каракас издаде налог за апсење на Фигуера, која го замени Хуан Гваидо како претседател на собранието, кое САД и десетици други земји го признаваат како последна демократски […]

Венецуелската опозиција го смени привремениот претседател


  Венецуелската опозиција гласаше во националното собрани за смена на владата и привремениот претседател Хуан Гуаидо и за воспоставување на власт која би управувала со државниот имот во странство. Гуаидо беше јавно лице на венецуелската, со фракции на разединетата опозиција од 2019 година, кога се повика на Уставот за да ја заземе позицијата на привремен […]

Венецуела: Власта и опозицијата постигнаа прв договор за помирување, САД ги олабавија санкциите


  МЕКСИКО СИТИ – Владата на Венецуела и нејзината опозиција во саботата се согласија да создадат фонд под раководство на ОН за финансирање здравствени, образовни и програми за храна за сиромашните, додека администрацијата на Бајден ги олесни некои нафтени санкции за земјата во обид да ги поттикне новоотворените разговори меѓу страните. Договорот потпишан во Мексико […]

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати


  Најмалку 43 лица загинаа во големо лизгање на земјиштето во северна Венецуела, а повеќе од 50 се сметаат за исчезнати, соопшти потпретседателката на земјата Делси Родригез. Венецуелскиот претседател Николас Мадуро рече дека потрагата по преживеани од лизгањето на земјиштето во саботата во Лас Техеријас, на околу 50 километри југозападно од Каракас, ќе продолжи, и […]

Најмалку 22 лица загинаа, а 52 се исчезнати во свлечиште во Венецуела


  Најмалку 22 лица загинаа, а 52 се водат како исчезнати по лизгање на земјиште во градот Лас Техеријас во Венецуела, изјави потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез. Лас Техеријас е индустриски град 70 километри југозападно од Каракас. – Се излеаја пет потоци и овде гледаме голема штета, рече таа и додаде дека досега се пронајдени […]

Досега десет жртви на поплавите во Венецуела, тројца се водат за исчезнати


Бројот на жртвите од поплавите што ја зафатија Венецуела пред две недели се зголеми на 10 загинати и тројца исчезнати, откако вчера беше пронајдено телото на млад човек кој бил однесен од поројните води. Телото на 18-годишнио момче беше извлечено од калливата река Ла Вега, во државата Лари, на запад од Венецуела, каде што исчезна […]

По седум години отворена границата меѓу Колумбија и Венецуела


 Колумбија и Венецуела ја отворија границата по тензии што траеја со години и неодамнешната обнова на дипломатските односи. Првиот товарен камион го помина мостот „Симон Боливар“ од Колумбија во соседната земја за првпат по седум години. Ќе бидат обновени и комерцијалните летови. Границата првпат беше затворена во 2015 година поради порастот на криумчарење на евтина […]

Венецуела ја прекина испораката на нафта во Европа


  Венецуела ги суспендираше новите испораки на сурова нафта во Европа според договорот нафта за долг и бара гориво од италијанската „Ени“ и од шпанската „Репсол“ во замена за идните карго пратки, објави Ројтерс, цитирајќи три лица директно запознаени со ова прашање. Венецуелската нафтена компанија ПДВСА повеќе не е заинтересирана за договор „нафта за долг“ […]

Прв случај на мајмунски сипаници во Венецуела, заболениот допатувал во Каракас од Мадрид


Владата на Венецуела соопшти дека е регистриран првиот случај на мајмунски сипаници кај лице што пристигнало во земјата со лет од Мадрид до Каракас. Министерката за здравство Магали Гутиереш во порака на Твитер наведе дека во моментот се истгражуваат контактите што ги имал заболениот. „Тој веднаш беше изолиран, тестиран, и беше позитивен“, се вели во […]