Ричард Бренсон организира хуманитарен концерт за Венецуела


Британскиот милијардер Ричард Бренсон планира хуманитарен концерт во Колумбија со цел да ја подигне глобалната свест за кризата во Венецуела и да собере средства за хуманитарна помош. Бренсон наведе дека хуманитарниот концерт го организира на барање од привремениот претседател на Венецуела, Хуан Гуидо и политичкиот дисидент Леополдо Лопез. Концертот е предвидено да се одржи на […]

Словенија го призна Гуаидо за привремен претседател на Венецуела


Словенечката Влада го призна денеска опозицискиот лидер Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела, со што официјална Љубљана, по двонеделни внатрешни расправии се придружи на групата од 23 европски земји кои го сторија истото. Шефот на словенечката дипломатија Миро Церар изјави дека единствена причина за признавањето е „повикот на слободни, демократски и легитимни избори што […]

Државната нафтена компанија на Венецуела префрлала пари на бугарски сметки


Од американските партнери, како по дипломатски, така и по оперативен пат, имаме информации за трансфери на пари од Венецуела, особено од страна на Државната нафтена компанија (ПДВСА), за што се користени бугарски банкарски сметки, изјави главниот обвинител Сотир Цацаров, пренесе агенцијата БГНЕС. По детална анализа на информациите, утврдена е банката, лицето кое е носител на тие […]

Гутереш: ОН ќе останат неутрални во врска со Венецуела


Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека светската организација нема да учествува во ниту една инцијатива на групите што се формираат во врска со решавањето на кризата во Венецуела, за да ја зачува неутралноста и кредибилитетот како организација која може да им помогне на сите страни во изнаоѓање решение. Гутереш со ова објасни зошто […]

Пуџдемон: ЕУ има двојни стандарди за Венецуела и за Каталонија


Поранешниот претседател на  каталонската регионална Влада, Карлес Пуџдемон денеска ја обвини Европската унија за двојни стандарди, бидејќи сака да го признае Хуан Гуаидо за легитимен времен претседател на Венецуела, а во исто време го игнорирала неговиот обид за прогласување независност на Каталонија. – Јас бев избран за претседател од страна на демократски легитимен Парламент, а […]

Британија, Шпанија, Франција и Австрија го признаа Гуаидо за привремен претседател на Венецуела


Шпанскиот премиер Педро Санчез го призна денеска опозицискиот лидер Хуан Гуаидо како привремен претседател на Венецуела. Тој истакна дека на Венецуела и се потребни слободни и фер избори „колку е можно побрзо“. – Го признавам претседателот на венецуелскиот Парламент, господинот Хуан Гуаидо, како привремен претседател на Венецуела, нагласи Санчез. Велика Британија, исто така, денеска го […]

Мадуро го отфрли ултиматумот за распишување претседателски избори


Претседателот на Венецуела Николас Мадуро го отфрли ултиматумот на повеќе европски земји за распишување претседателски избори. Мадуро за шпанската телевизија Секста рече дека нема да покаже „кукавичлук пред притисок“ од оние кои бараат тој да си замине и го поддржуваат Хуан Гуаидо. Ултиматумот на европските земји истече синоќа. Шест европски земји – Германија, Шпанија, Франција, […]

Ердоган со поддршка за Мадуро


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган му се јавил на својот колега од Венецуела, Николас Мадуро, и му понудил своја поддршка откако венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо се самопрогласи за шеф на државата. „Нашиот претседател имаше телефонски разговор и му изрази поддршка од Турција на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и нагласи: Брате Мадуро! Држи се, ние […]

Мадуро ги брка американските дипломати од Венецуела


Претседателот на Венецуела , Николас Мадуро им дава 72 часа на американските дипломати да ја напуштат земјата, откако претседателот Доналд Трамп го призна Хуан Гуаидо за в.д. претседател на државата. Признавањето на Трамп дојде на само неколку минути откако 35 годишниот лидер на опозицијата и претседател на Националното собрание , се прогласи себеси за лидер на Венецуела на […]

САД го признаваат спикерот на Парламентот за в.д. претседател на Венецуела


Спикерот на венецуелското Национално сοбрание, Хуан Гуаидо денеска се прогласи за вршител на должноста претседател на Венецуела. – Денеска, на 23 јануари, објавувам дека формално ги преземам надлежностите на националната извршна власт како претседател на Венецуела, за да се стави крај на узурпацијата, изјави Гуаидо во обраќање на антивладиниот протест во Каракас. Гуаидо раководи со Националното […]

Мадуро повлекува 14 тони злато од Англија


Двајца високорангирани функционери во Венецуела ќе отпатуваат во Лондон на разговори со претставници на Централната банка на Англија за враќање на златото во вредност од 550 милиони долари, објави „Бизнис инсајд“. Владата на претседателот Николас Мадуро сака во земјата да врати 14 тони злато, бидејќи стравува од меѓународни санкции. Засега нема официјална потврда од Централната […]

САД воведоа санкции за првата дама на Венецуела и соработници на Мадуро


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп  денеска воведе финансиски санкции за лица блиски до претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, вклучително и неговата сопруга и потпретседтаелот на таа држава. Санкциите се воведени поради обвинувања дека тие лица се вмешани во корупција. Меѓу санкционираните четири лица, се првата дама Силија Флорес, потпретседателот Делси Родригес, министерот за комуникации […]

Венецуела ја девалвира валутата за речиси 100 проценти


Централната банка на Венецуела објави објави девалвација на националната валута со над 99 отсто во однос на официјалниот девизен курс. Тоа се случува неколку дена откако Меѓународниот монетарен фонд прогнозираше инфлација од 13.000 проценти во Венецуела во 2018 година. Централната банка соопшти дека првата аукција на новиот систем на ДИКОМ донела девизен курс од околу […]