САД добија 13,5 килограми збогатен ураниум, нк не од Иран


Министерството за енергетика на САД објави дека, од истражувачи реактор во Каракас се отстранети 13,5 килограми високо збогатен ураниум. Операцијата, според соопштението, е спроведена со соработка на САД со Велика Британија и Венецуела и е опишана како „победа за светот“, додека материјалот е префрлен во објектот на Министерството за енергетика на САД во Јужна Каролина, […]

Родригез останува в.д. претседателка на Венецуела по истекот на 90-дневниот мандат


Делси Родригез останува вршителка на должноста претседателка на Венецуела откако денеска истече нејзиниот 90-дневен мандат на функцијата, поставен од Врховниот суд на земјата, по соборувањето и апсењето на Николас Мадуро од страна на САД во јануари. Меѓутоа, не е познато колку долго таа ќе биде уште на функцијата, бидејќи пратениците сè уште јавно не гласале […]

Протести на работници и студенти во Венецуела со барања за повисоки примања


Работници и студенти од Централниот универзитет на Венецуела (UCV) повторно излегоа на протести, барајќи повисоки примања. Тие повикаа и на нов голем протестен собир на 9 април пред зградата на Владата во Каракас. Работниците и студентите се собраа во кампусот на Универзитетот, по што излегоа на протест барајќи зголемување на минималната плата. Минималецот во земјата […]

Венецуела е светски шампион во бејзбол, го шокира Дрим тимот на САД


  Венецуела победи со 3-2 против репрезентацијата на САД во финалето на светското првенство во бејзбол, два и пол месеци по нападите на САД врз таа земја и киднапирањето на претседателот Николас Мадуро. Тимот на САД беше фаворит за освојување на Светскиот бејзбол класик, но нивниот ѕвезден состав беше неефикасен во поголемиот дел од натпреварот. […]

ОН: „Репресивниот режим“ во Венецуела се уште е целосно оперативен


Мисијата на Обединетите нации за утврдување факти соопшти дека „репресивниот државен апарат“ во Венецуела е целосно оперативен и по соборувањето на поранешниот претседател Миколас Мадуро, извршено од страна на американските сили на почетокот на јануари годинава. Во извештајот доставен до Советот за човекови права на ОН се наведува дека „институционалните структури кои овозможуваат кршење на […]

Главниот обвинител на Венецуела поднесе оставка и стана омбудсман


Главниот обвинител на Венецуела, Тарек Вилијам Сааб, кој се сметаше за симбол на репресијата за време на владеењето на Николас Мадуро, поднесе оставка помалку од два месеци по заробувањето на претседателот од страна на американската војска и во контекст на ветувањето на привремената претседателка Делси Родригез за правосудни реформи. И покрај тоа, Сааб беше именуван […]

Кубански советници за безбедност и лекари ја напуштаат Венецуела, додека владата се соочува со притисок од САД


Кубански советници за безбедност и лекари ја напуштаат Венецуела, додека владата на привремената претседателка Делси Родригез се соочува со интензивен притисок од Вашингтон да го распушти најважниот левичарски сојуз меѓу двете латиноамерикански земји, наведоа десеттина добро информирани извори, пренесуваат светските агенции. Според дел од изворите, Родригез ја доверила својата заштита на венецуелските телохранители, за разлика […]

Венецуелскиот опозициски лидер Гуанипа е киднапиран само неколку часа по ослободувањето од затвор


Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гуанипа, поранешен член на Националното собрание, е киднапиран во Каракас околу полноќ по локално време, само неколку часа откако беше ослободен од затвор, објави опозициската лидерка и добитничка на Нобелова награда за мир, Марија Корина Мачадо. „Хуан Пабло Гуанипа е киднапиран пред само неколку минути во населбата Лос Чорос во […]

Венецуелскиот опозициски лидер ослободен од притвор по осум месеци


Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гуанипа денеска беше ослободен од притвор по повеќе од осум месеци, рече тој во видео порака објавена на социјалните мрежи. Гуанипа, еден од најблиските соработници на опозициската лидерка Марија Корина Мачадо, беше во притвор во главниот град Каракас. „Денес сме ослободени. Има многу да се зборува за сегашноста и иднината […]

Националното собрание на Венецуела ја одобри реформата на нафтената индустрија


Националното собрание на Венецуела едногласно ја одобри законодавната иницијатива за зајакнување на нафтената индустрија, пренесе ДПА. Реформата ќе овозможи дополнителни странски инвестиции во енергетскиот сектор. По заробувањето на авторитарниот лидер Николас Мадуро од страна на американската војска на почетокот на јануари, американскиот претседател Доналд Трамп повика на инвестиции во венецуелскиот нафтен сектор. Се очекува ова […]

Полицијата и армијата на Венецуела се заколнаа на „беспрекорна лојалност и подреденост“ на претседателката Родригез


 Армијата и полицијата на Венецуела се заколнаа на „беспрекорна лојалност и подреденост“ на привремената претседателка Делси Родригез на церемонија во Фуерте Тиуна, милитаризирана област во Каракас, каде што американските сили го заробија претседателот Николас Мадуро на 3 јануари. Родригез, која важеше за една од најлојалните помошнички на Мадуро, на 5 јануари положи заклетва како претседателка […]

Рубио: Нема потреба од понатамошни воени дејствија на САД во Венецуела


Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека новите лидери на Венецуела се движат кон поблиски врски со Вашингтон и дека нема непосредна потреба од понатамошни воени дејствија. Претседателот на САД, Доналд Трамп, ѝ нареди на својата администрација да соработува со Делси Родригез, сојузник на уапсениот од САД претседател Николас Мадуро, која дејствува како претседател […]

Нови детали: Како потпретседателката Делси Родригез го предаде Мадуро


  Пред американската влада да го уапси венецуелскиот претседател Николас Мадуро, Делси Родригез и нејзиниот брат Хорхе Родригез ветија дека ќе соработуваат со администрацијата на Доналд Трамп – откако Мадуро ќе си замине. Оваа информација беше потврдена за „Гардијан“ од четири високи извори. Родригез конечно положи заклетва како претседател на Венецуела на 5 јануари, откако […]

Застрашувачки тврдења: Во таа земја нема кучиња скитници, луѓето ги изедоа оти немаат што да јадат


Поранешната американска амбасадорка во Хрватска, Натали Рајес, која е родена во Венецуела, ја анализираше ситуацијата во таа земја по американската операција и апсењето на Николас Мадуро, откривајќи ја фазата на сиромаштија во која се наоѓа Венецуела. Кога ја прашаа дали е изненадена од американската интервенција, Рајес одговори негативно. „Не бев ниту изненадена ниту шокирана. Мадуро […]

Русија: Нема да се откажеме од венецуелската нафта


Откако Доналд Трамп изјави дека САД ќе ја преземат контролата врз извозот на нафта на Венецуела и ги повика американските компании да го обноват својот нафтен сектор, руската државна компанија Зарубежнефть објави дека нема да се повлече. Трамп, исто така, побара од новите власти во Венецуела да ги прекинат економските врски со Русија и Кина, […]

Околу 100 лица биле убиени во американскиот напад врз Венецуела


Венецуелскиот министер за внатрешни работи Диосдадо Кабело доцна синоќа изјави дека околу 100 лица се убиени, а сличен број се повредени во американскиот напад во Каракас за време на викендот, чија цел беше апсењето на авторитарниот лидер Николас Мадуро, јави ДПА. Кабело ја опиша операцијата како „страшен напад“ и рече дека бројот на жртви може […]

Венецуела прогласи седумдневна жалост за загинатите војници во американскиот напад


Времената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, вчера прогласи седумдневна национална жалост за припадниците на војската кои загинаа во американскиот напад за време на операцијата за апсење на венецуелскиот лидер Николас Мадуро, кој се случи за време на викендот. Според венецуелската Влада, во нападот загинале неколку десетици венецуелски офицери. Кубанската влада во неделата соопшти дека во […]

Трамп вели дека Венецуела ќе им предаде на САД од 30 до 50 милиони барели нафта


Претседателот Доналд Трамп изјави во вторник вечерта дека привремената влада на Венецуела ќе им предаде помеѓу 30 и 50 милиони барели нафта на САД по драматичното соборување од власт на авторитарниот лидер на јужноамериканската земја, Николас Мадуро, од страна на САД. Трамп во објава на социјалните мрежи изјави дека нафтата ќе се продава по пазарна […]

Мадуро е во затвор во Њујорк, но неговите милиции ја контролираат Венецуела


  Властите на Венецуела распоредија вооружени милиции за патролирање на улиците, управување со контролни пунктови и проверка на телефоните на луѓето во акција за консолидирање на власта по американскиот напад врз Каракас. Паравојните групи познати како „колективос“ го пресекоа главниот град со мотоцикли и автоматски пушки во вторникот, во знак на демонстрација на сила за […]

Спектакуларен скок на берзата во Венецуела, раст над 70 отсто по апсењето на Мадуро


Главниот индекс на венецуелската берза, IBVC (Índice Bursátil de Caracas), забележа спектакуларен пораст од над 73% од 3 јануари, кога американските сили го уапсија претседателот Николас Мадуро, достигнувајќи нов рекорден максимум од околу 3.878 поени денес. Според податоците на берзата, индексот порасна за 16,45% во понеделник, 5 јануари, за да се затвори на 2.598 поени, […]