Велика Британија со информативна кампања ќе се бори против мигрантскиот бран од Албанија


Британската влада започна информативна кампања чија цел е да го запре мигрантскиот бран кон островот преку Англискиот Канал (Ламанш), јави ДПА. Пораката на иницијативата е дека луѓето кои одат на такво патување „преземаат ризик да бидат приведени и отстранети“, додава агенцијата. Министерството за внатрешни работи не даде детали за сумата потребна за финансирање на кампањата, […]

На мигрантите кои со мали чамци ќе стигнат на Британско тло нема да им се дозволи азил


Долниот дом на британскиот Парламент го одобри новиот предлог-закон со кој се забранува влез во земјата на илегалните мигранти кои пристигнуваат со мали чамци преку Ла Манш. Нацртот е изгласан откако британската Влада направила неколку измени на законот на барање на Конзервативната партија. Одвраќањето на мигрантите кои пристигнуваат со мали чамци е едно од петте […]

Барателите на азил кои пристигнуваат во Велика Британија ќе се преместат во воени бази


 Барателите на азил кои пристигнуваат во Велика Британија ќе се сместуваат во напуштени воени бази, фериботи и баржи, согласно планот на Владата во Лондон за намалување на трошоците за хотели. Британскиот министер за имиграција Роберт Џенрик денеска ќе објави користење на две локации на РАФ, бидејќи се обидува да ги намали 6,8 милиони фунти дневно што Владата вели дека […]

Лондон ги означи Кина за предизвик на светскиот поредок, а Русија за акутна закана


Велика Британија денеска ја означи Кина како предизвик за светскиот поредок што ја дефинира епохата, наведувајќи дека Русија и натаму останува „најакутна закана“. Официјален Лондон во најновата надворешнополитичка рамка наведе дека безбедноста на Обединетото Кралство зависи од исходот на војната во Украина. Британските медиуми наведуваат дека британската Влада во најновиот документ  предупредува на продлабочувањето на партнерството […]

Арктички циклон ја донесе најстудената ноќ во Велика Британија од почетокот на годината


Арктички циклон ја донесе најстудената ноќ во Велика Британија од почетокот на годината и предизвика хаос во транспортот. Ноќеска во Шкотска се измерени минус 15,2 степени Целзиусови.  Телевизијата Скај Њуз информираше за откажани летови на аеродромите во Лондон Хитроу, Лондон Сити и Гетвик, повикувајќи се на специјализираната веб-страница Sky Scan World. Авионите кружат и чекаат […]

Четиридневната работна недела може да стане пракса во Велика Британија


  Повеќе од 3.000 работници во 61 компанија ширум Британија учествуваа во пробна четиридневна работна недела минатата година, а судејќи според првите резултати и реакции, повеќето од нив можеа трајно да ја задржат таа практика. Компании од пиварници до продавници за риби и чипсови и развоен софтвер до фирми за регрутирање, им дозволија на работниците […]

Пабовите во Велика Британија сѐ почесто ставаат клуч на врата


Зголемени трошоци и пад на продажбата – кризата со куповната моќ силно ги погодува британските пабови, при што бројот на банкроти во тој сектор лани скокна за 83 отсто на годишно ниво. Тоа го објави британската сметководствена фирма UHY Hacker Young. „По тешкиот период за време на пандемијата, многу пабови и барови се најдоа со […]

Велика Британија влезе во рецесија


Велика Британија од јануари е во рецесија, но таа ќе биде пократка и помалку тешка отколку што се претпоставуваше, објави денеска Банката на Англија. Се очекува рецесијата да трае нешто повеќе од една година, бидејќи се намалуваат сметките за енергенсите, а цените бавно растат, што може да резултира со помал раст на невработеноста и помалку […]

Тајмс: Постигнат царински договор меѓу Британија и ЕУ


Велика Британија и Европската унија постигнаа царински договор што би можел да го отвори патот за крај на повеќегодишните расправии околу Северна Ирска по Брегзит пред две години. Според Тајмс, Брисел го прифатил предлогот со кој би се избегнала потребата од рутински проверки на производите наменети за Северна Ирска. Соопштено е дека ЕУ за првпат […]

Се откажуваат летови во Британија поради минусни температури и магла


Најголемата авио-компанија „Бритиш ервејс“ во Велика Британија откажа околу 80 летови поради исклучително ниските температури на воздухот и маглата. Авио-компанијата синоќа најави дека ќе мора да го намали бројот на летови за околу 15 отсто поради временските услови и ограничувањата на контролата на летање. Ноќеска, температурата падна на -8,4 степени Целзиусови, што е најниска температура […]

Сѐ повеќе милионери ја напуштаат Велика Британија


  Пред гласањето за Брегзит, Велика Британија регистрираше прилив на богати поединци. Две силни економски сили деновиве се соочуваат со сериозни предизвици, особено Велика Британија. Оваа европска земја наводно го губи статусот на „рај“ за супербогатите, што не е чудно ако се земат предвид претходните настани – од Брегзит до рекордна инфлација. Повеќе од 1.000 […]

Голема огнена топка над Велика Британија (Видео)


  Голема огнена топка, многумина остави во чудо откако осветли делови од ноќното небо над Велика Британија. Метеор синоќа беше забележан над Велика Британија, а воодушевени набљудувачи веднаш почнаа да споделуваат снимки од своите мобилни телефони и безбедносни камери на социјалните мрежи. Луѓето, по пролетувањето почнаа масовнод а споделуваат снимки, а најголемиот дел доаѓаат од […]

Секоја трета британска фирма се соочуваа со недостиг на работници


  Речиси една третина од компаниите во Велика Британија се соочуваат со недостиг од работници, покажуваат податоците од новото истражување на британската Канцеларија за национална статистика (ОНС). Според резултатите од истражувањето, 32 отсто од анкетираните компании со 10 или повеќе вработени изјавиле дека им недостига персонал. Додека компаниите во секторот за здравство и социјални услуги […]

Британците купувале помалку, но потрошиле рекордна сума во шопинг за Божиќ


  Британските домаќинства потрошиле повеќе од 12 милијарди фунти на божиќни намирници, што е највисока сума од почетокот на евиденцијата, покажува истражувањето на компанијата Кантар. Вкупната потрошена сума е поголема пред се поради повисоките цени на храната и пијалоците, а не поради поголемата потрошувачка на граѓаните, покажува месечниот монитор на Кантар. Така, обемот на продажба […]

Велика Британија целосно го прекина увозот на руски ЛНГ


  Велика Британија од денеска го прекинува целиот увоз на руски течен природен гас (ЛНГ), што е нова мерка во одговорот на Лондон на војната на Москва во Украина, пишува Гардијан. Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Твитер објави дека од денеска е прекинат целосниот увоз на руски ЛНГ, „како […]

Во Велика Британија штрајк на вработените во Брзата помош


Илјадници работници од Итната помош во Британија за денеска најавија штрајк, откако синдикатите и Владата не постигнаа договор за зголемување на платите. Синдикатите бараат зголемувањето на платите да биде во чекор со инфлацијата, која во ноември беше 10,7 отсто, додека британската Влада одговори дека двоцифрено зголемување на платите дополнително ќе ја поттикне инфлацијата и нуди […]

Сунак: Заврши „златната ера“ во односите со Кина


Британскиот премиер, Риши Сунак, изјави дека е завршена т.н. „златна ера“ во односите со Кина, објави денеска „Би-Би-Си“. Во своето прво надворешнополитичко обраќање Сунак оцени дека блиските економски врски меѓу Велика Британија и Кина од претходната деценија биле наивни. Според него, Обединетото кралство треба да го замени желбите со цврст прагматизам кон своите конкуренти, нагласувајќи […]

За една година 1,1 милиони луѓе мигрирале во Велика Британија


Рекорден број на луѓе изминатата година мигрирале во Велика Британија, покажуваат податоците на Заводот за национална статистика (ОНС). Во периодот од јуни 2021 до  јуни годинава во Велика Британија пристигнале 504.000 луѓе повеќе отколку што ја напуштиле земјата, со што е соборен рекордот од 390.000 од 2015 година. Во истиот период во Велика Британија мигрирале […]

Октомвриската инфлација во Британија е највисока во последните 40 години


Зголемените сметки за енергија во домаќинствата и цените на храната ја поттикнаа британската инфлација на нов 41-годишен рекорд во октомври, покажаа податоците, кои се обновени еден ден пред презентацијата на министерот за финансии Џереми Хант за зголемување на даноците и намалување на јавните трошоци за да се запре инфлацијата. Потрошувачките цени во Велика Британија минатиот месец се […]

Велика Британија ќе распише избори во Северна Ирска за надминување на политичката криза


Британската Влада ќе распише избори во Северна Ирска за излез од политичкиот ќорсокак поради кој регионот би можел да дојде под непосредна управа од Лондон. „Ќе има избори“, изјави за „Би-Би-Си“ британската министерка за животна средина, Тереза ​​Кофи. Северна Ирска остана без функционална влада во февруари кога пробританската Демократска унионистичка партија го напушти кабинетот во […]