Енди Бернам стана лидер на лабуристите, последниот чекор пред биде британски премиер


  Енди Бернам се изјасни дека е подготвен да „ја победи новата британска десница“ со свеж, обединет пристап, откако стана лидер на Лабуристичката партија пред да ја преземе функцијата британски премиер в понеделник. Поранешниот градоначалник на Голем Манчестер ја доби огромната поддршка од пратениците, синдикатите и партиските ограноци, што го прави единствен избор да ја […]

Стармер поднесе оставка, Бернам го чека крунисувањето за премиер


  Две години по големата изборна победа британскиот премиер Кир Стармер денеска поднесе оставка осрамотен поради драматично големата непопуларност во земјата и неколкуте големи изборни порази на локалните избори. Во емотивно обраќање пред Даунинг стрит 10, на кое не му недостасуваа и солзи, Старемр рече дека ќе се повлече од функцијата лидер на Лабуристите и […]

Што е „манчестеризмот“, визијата на Енди Бернам за Британија?


  Враќањето на Енди Бернам во парламентот го направи градоначалникот на Голем Манчестер фаворит да го наследи Кир Стармер на функцијата премиер, а со него доаѓа и „манчестеризмот“, неговата визија за Британија. Бернам победи на дополнителните избори во северноанглиската изборна единица Мејкерфилд по речиси една деценија надвор од Вестминстер како градоначалник на Голем Манчестер, еден […]

Жолт метеоаларм во Париз поради топлотниот бран, Велика Британија пред соборување три рекорди


Во Франција е прогласен жолт метеоаларм во 18 департмани поради силниот топлотен бран, а истото предупредување од денеска се воведува и за Париз и неговите предградија, додека британската метеоролошка служба предупредува дека топлотниот бран во таа земја денеска би можел да собори три рекорди. „Метео Франс“ соопшти дека оваа година е обележана со рано доаѓање […]

Русија го попречила GPS сигналот на авионот на британскиот министер?


Авион на RAF во кој се наоѓал министерот за одбрана Џон Хили оваа недела имал блокиран GPS сигнал во близина на руската граница. Хили се враќал во Велика Британија во четврток откако ги посетил британските трупи во Естонија, а се верува дека Русија стои зад блокирањето. Прекинот на GPS ги принудил пилотите да користат алтернативни […]

Велика Британија предложи единствен пазар за стоки со ЕУ, Брисел ја одби идејата


Владата на Велика Британија упати официјален предлог до Европската Унија за создавање единствен пазар за стоки, но официјален Брисел ја отфрли оваа идеја, пренесуваат британските медиуми. Според информациите на весникот „Гардијан“, ЕУ наместо тоа предложила Велика Британија да се приклучи кон царинската унија или да прифати подлабоко економско усогласување преку Европскиот економски простор. Ова, пак, […]

Центрите за податоци во Велика Британија остануваат без струја: Ќе користат фосилни горива


Повеќе од 100 нови центри за податоци во Велика Британија планираат да користат гас за производство на електрична енергија, некои од нив трајно. Според британските претставници, ова е неизбежна последица од годините чекање да бидат поврзани со националната електрична мрежа, што покренува „интересно прашање“ за климатските цели на земјата, пишува Гардијан. Голем интерес за приклучоци […]

Нова воена сила се појавува покрај НАТО: Европа гради флота за справување со Русија


Велика Британија постигна договор со девет европски земји за формирање заедничка поморска сила што треба да дејствува како дополнување на НАТО и да одговори на растечката безбедносна закана од Русија, според „Гардијан“. Шефот на британската морнарица, адмиралот Сер Гвин Џенкинс, изјави дека Русија останува „најголема безбедносна закана“, и покрај моменталната криза на Блискиот Исток и […]

Велика Британија претседава со виртуелниот состанок на 35 земји посветен на Ормуска Теснина


Велика Британија денеска е домаќин на виртуелните разговори наменети за формирање на коалиција од земји кои ќе ги разгледуваат начините за повторно отворање на Ормуска Теснина. Состанокот уследи по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека обезбедувањето на Ормуска Теснина треба да го решаваат другите држави. Со состанокот, на кој учествуваат претставници од 35 држави, […]

Велика Британија од денеска ќе бара патни дозволи од 85 земји


Луѓето што пристигнуваат во Велика Британија од 85 земји од денеска ќе мора да добијат електронска дозвола пред да патуваат или ќе се соочат со одбивање за влез, соопшти британското Министерство за внатрешни работи. Системот за електронски патни дозволи бара од сите посетители на кои не им е потребна виза за влез во Велика Британија […]

Велика Британија со нов пакет санкции кон Русија


 Владата на Велика Британија денеска воведе нов голем пакет санкции кон Русија. Санкциите се насочени кон енергетскиот и воениот сектор на Русија, со што се опфатени 300 организации, бродови и физички лица. Санкции се воведени и кон компанијата „Транснефт“ преку која се извезува над 80 проценти од руската нафта. Велика Британија наведе дека санкциите имаат […]

Над 80 нови предупредувања за поплави и обилни дождови издадени во Велика Британија


Над 80 нови предупредувања за поплави се во сила денеска низ цела Велика Британија поради обилни дождови, јави ДПА. Агенцијата за животна средина (EАA) претходно издаде предупредување за поплави за 91 област во јужна и југозападна Англија, како и во Источен и Западен Мидлендс. До утрово, EAA издаде вкупно 261 предупредување за поплави, при што […]

Истражување: Секој десетти Британец живее во длабока сиромаштија


Резултатите од најновото истражување на организацијата за борба против сиромаштијата Фондацијата Џозеф Роунтри (Joseph Rowntree Foundation) покажуваат дека околу 6,8 милиони Британци живеат во „длабока сиромаштија“, што е највисока бројка во изминатите три децении. „Длабока сиромаштија“ се однесува на домаќинство каде што живее двојка со две мали деца и кои, по трошоците за домување, имаат […]

Велика Британија го реформира управувањето со водите заради загаденост


Ненајавени инспекции, редовни тестови за исправност на возилата и задолжителни ознаки за ефикасност на водата на апаратите се меѓу клучните мерки во реконструкцијата на водниот сектор што ја објави британската влада. Владата ги опишува овие мерки како најголемо реструктуирање на водната индустрија во Англија и Велс од приватизацијата, а тие доаѓаат како одговор на широкото […]

Велика Британија и Франција извршија напад врз локација на ИД во Сирија


Авиони од типот „Тајфун“ на британските Кралски воздухопловни сили (РАФ) и француски авиони извршија заеднички напад врз подземен објект во Сирија, кој бил окупиран од таканаречената Исламска држава, соопшти Министерството за одбрана. Во синоќешниот напад биле употребени наведувани бомби за гаѓање на голем број пристапни тунели до локацијата, сместена во планините северно од античкиот град […]

Велика Британија ја намалува помошта за Западен Балкан за одбрана од руски кибер напади


Велика Британија ја намали финансиската поддршка за одбрана од руските напади и дезинформации на Западен Балкан од минатогодишните 45,7 милиони евра на 27,36 милиони евра за периодот 2025 – 2026 година. Фондот за интегрирана безбедност (ISF), кој ја поддржува борбата против кибер нападите, зајакнувањето на демократијата и независните медиуми, е погоден од кратење на официјалната […]

Велика Британија брзо се подготвува за војна: „Сенката на конфликтот повторно тропа на вратата на Европа“


Велика Британија брзо развива планови за подготовка на целата земја за евентуално избувнување војна, изјави британскиот министер за одбрана Алистер Карнс за Скај њуз. Според него, Европа се соочува со сенката на војната, бидејќи непријателските разузнавачки активности насочени против Велика Британија се зголемија за педесет проценти во последната година. „Сенката на војната повторно тропа на […]

Таква тема не е разговарана: Мицкоски за прифаќањето мигранти од Британија, додека е премиер „такво нешто ќе нема“


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека со Велика Британија не било разговарано за прифаќање илегални мигранти, односно баратели на азил кои таму ќе бидат одбиени, истовремено обвинувајќи ја опозицијата во земјава дека присвојува тема која „природно“ ѝ припаѓала на ВМРО-ДПМНЕ. Тој исто така најави дека по урнекот на проектот „Сејф сити“ во Скопје, на […]

Лондон и Скопје преговараат за прифаќање мигранти од Британија, јавија британските медиуми


  Македонија влезе во формални преговори со Обединетото Кралство за можноста да прифаќа мигранти чији барања за азил биле одбиени во Британија, објави „Тајмс“, повикувајќи се на извори од британската влада. Информацијата потоа ја пренесоа голем дел од британските медиуми со свои дополнувања. Според медиумските пишувања, станува збор за нов модел на соработка со кој […]

Воените касарни во Велика Британија ќе се користат за сместување на баратели на азил


Британското Министерство за внатрешни работи потврди дека стотици баратели на азил ќе бидат привремено преместени во воени касарни, додека владата се обидува да го намали користењето на хотелите за азил, објави Скај њуз. Околу 900 мажи ќе бидат сместени во касарната Камерон во Инвернес и во кампот за обука Кроуборо во Источен Сасекс. Владата очекува […]