Османи: Велигден, симбол на солидарноста, добрината и пред се надежта


Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи со видео порака денеска на православните христијани им го честита празникот Велигден. Честитајќи им го Велигден на, како што наведува вицепремиерот, православните Македонци и Албанци и сите други што го слават, во духот на заедништвото ги посакува вредностите на солидарност, на добрина и на надеж, кои овој ден ги симболизира. […]

Честитка на генералниот секретар на СДСМ Кирацовски за Велигден


Честитка на генералниот секретар Кирацовски за Велигден: „Овој голем празник нека го зацврсти духот на заедништво и меѓусебна почит.“ Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, во чест на големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, до претставниците на МПЦ-ОА и до сите […]

Православните христијани го слават Велигден


Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото Воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии. Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, […]

Заев по повод Велигден: Воздржувањето е најголема човечка вредност


Премиерот Зоран Заев по повод големиот христијански празник Велигден упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, до Синодот, свештенството на МПЦ и до сите православни христијани. – Овој голем празник не повикува да ја отвориме нашата волја и да се усовршуваме како луѓе и личности имајќи го предвид подвигот […]

Иванов: Овој светол ден е темелот на нашата вера


Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до сите православни христијани во Република Македонија, како и до сите верници на Евангелско-методистичката црква во Република Македонија. – Денот на Воскресението Христово – Велигден е најголемиот христијански празник. Овој светол ден е темелот на нашата вера. Се […]

Велика Сабота, денот меѓу смртта и воскресението


Сабота, значи покој. Велика Сабота е ден на покојот, ден на Покојникот, ден на Најголемиот покој и на Најголемиот Покојник. Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Денот на Големиот Покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од […]

г.Стефан: Веруваме дека ќе ни се врати местото во сеправославното семејство


Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан и Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА во пасхалното послание по повод претстојниот празник Воскресение Христово – Велигден истакнуваат дека животот на сите вистински следбеници на Христа е исполнет со искушенија, со духовни падови и подеми – со крст, но и со воскресение. – Нашиот народ […]

Велигденски концерт на КУД „Рацин“ во Кичево


Културно уметничкото друштво „Рацин“ ќе одржи велигденски концерт на 9 април, понеделник во Центарот за култура во Кичево. „Повелете,заедно со македонско оро и македонска песна да го прославиме најголемиот христијански празник Велигден“, повикуваат од Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево. Концертот ќе започне во 19 часот, а влезниците чинат 100 денари.

За Велигденските празници сончево и топло


До сабота ќе има врнежи од дожд, а за време на Велигденските празници ќе биде стабилно, суво и релативно топло. Утре сè уште ќе биде топло, но ќе има повремен слаб локален дожд, а во попладневните часови на места врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи. Врнежите ќе продолжат во текот на ноќта во петок […]

(Фото) Велигден во пролетните колекции: Стилизирани јајца


  САД – Мало чудо кое во себе крие голема традиција и историја. Јајцето некој го сака на чинија, некој на лице, како украс или како симбол. Богатство во животот на секој човек или колекционер. Топ-дизајнерите во пресрет на велигденските празници, ги преселија луксузните креации од модните писти во кујните на топ-готвачите и домаќинките. Ги […]

Понеделник, втор ден Велигден неработен за сите граѓани


Понеделник, 9 април, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен за сите граѓани на Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика. – Согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 9 април 2018 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар е […]

Трамп твита и на Велигден


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска заедно со првата дама Меланија присуствуваше на велигденска миса во Епископална црква, што се наоѓа во близина на неговиот дом во Палм Бич. Но, Трамп и на Велигден беше активен на Твитер. Прво им честита Велигден на своите следбеници, а во следниот твит се пожали на „смешните либерални закони“, кои според […]

Иванов им го честиташе Велигден на верниците од католичка вероисповед


Претседателот Ѓорге Иванов упати честитка до Бискупот скопски и апостолски егзарх Киро Стојанов и до верниците од католичка вероисповед по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. „За Христијаните, денот на Христовото воскресение е најголемиот и најзначајниот ден во историјата на човештвото. Празнувајќи ја победата на Исус Христос над смртта, ние со благодарност ја […]

Католиците го слават Велигден


Католиците денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Традиционално во Македонија, централното одбележување по повод празникот се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше велигденска воскресна литургија. Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов им го честиташе празникот на католичките верници и ја прочита велигденската […]