Ковачевски: Ова е посебен Велигден и значаен момент во македонската црковно-национална меморија
Непосредното пренесување на Благодатниот оган во земјава е уште еден значаен момент во македонската национална и црковна меморија, што го прави посебно овогодишното чествување на најголемиот христијански празник, Христовото Воскресение – Велигден, порача премиерот Димитар Ковачевски, кој на скопскиот аеродром ја пречека македонската државна и црковна делегација која директно од Ерусалим го донесе Благодатниот оган. […]