Тренерот на „Вардар“ поднесе оставка по поразот од „Гостивар“, ФФМ ги суспендираше прилепските судии


Тренерското место во најтрофејниот македонски фудбалски клуб „Вардар“ од денеска е испразнето, откако шефот на стручниот штаб Никола Глигоров поднесе оставка по вчерашниот контроверзен пораз од „Гостивар“ (1-2) во рамки на Втората лига – Запад. – Поднесов оставка од најпосакуваната позиција во македонскиот фудбал. Оставката ја поднесов од лични и морални причини, а никако како […]

РФМ: Вардар 1961 парично казнет, суспензија за Стоилов


Актуелниот шампион Вардар 1961 е парично казнет поради слаба организација на саботното прволигашко дерби против Еурофарм Пелистер, а капитенот на „црвено – црните“ Стојанче Стоилов е суспендиран поради неспортско однесување на теренот, одлучи денеска Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Поради пропусти во организација на натпреварот, кој Еурофарм Пелистер го реши во своја корист, Вардар 1961 […]

Еурофарм Пелистер го победи Вардар во големото дерби на македонскиот ракомет


Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва го победија Вардар на гостински терен со 24:23 во големото дерби на македонскиот шампионат. Битолчани во најголемиот дел од натпреварот од 2. коло во Суперлигата имаа контрола врз резултатот и на крајот заслужено ги освоија бодовите. Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ се одигра пред полни трибини со присуство на двете […]

Вардар 1961 во осминафиналето на ЛШ по службената победа над Мешков Брест


Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 официјално обезбеди место во осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), откако Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска му додели службена победа за неодиграниот натпревар против белоруски Мешков Брест. Извршниот комитет на ЕХФ, како што официјално е соопштено, одлучи двата неодиграни натпревари на Мешков Брест против Вардар и Кил да ги регистрира […]

ЛШ: Вардар го победи Загреб во „балканското дерби“


Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 забележа вредна победа во битката за место во нокаут фазата во Лигата на шампиони, откако вечерва го совлада во Скопје директниот конкурент ППД Загреб со 20-19 во рамки на 12. коло во групата А. Со победата, втора во низа по гостинскиот триумф над Монпелје, „црвено – црните“ се искачија на […]

Мајка и дете паднале во Вардар, ги спасија неколку момчиња


Попладнево  мајка со своето дете се лизнала и паднала во реката Вардар, во близина на Музејот, пренесува ТВ Алсат. Мајката и детето биле спасени од неколку млади момчиња кои влегле во реката и успеале да ги извлечат.  Количката останала во реката, а според информациите, мајката и детето не се здобиле со сериозни повреди по падот.

„Вардар 1961“ и „Еурофарм Пелистер“ ги дознаа групите во СЕХА лигата


Актуелниот македонски ракометен првак „Вардар 1961“ и вицешампионот „Еурофарм Пелистер“ денеска го дознаа составот на групите за новата, 11. по ред, сезона во регионалната СЕХА лига. Во сезоната 2021/22 во СЕХА ќе се натпреваруваат десет екипи од седум држави поделени во две групи. Скопски „Вардар 1961“ е во групата Б заедно со украински „Мотор Запорожје“, „Војводина“ од […]

Можно е заезерување на дел од Вардар, Ангелов смирува – немало опасност од поплави


Поради градежен зафат направен е насип со којшто е попречено дел од речното корито на Вардар, доаѓа до подигање на нивото на водата која поради производство на електрична енергија се испушта од системот на мавровските електрани, но и од Козјак, Матка 2 и Матка 1, предупреди директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов […]

БК Вардар со прва победа во Регионалната лига, Железничар совладан во Скопје


БК Вардар го победи Железничар од БиХ во 4-то коло од Регионалната лига во бокс, во групата А, во Скопје црвено-црните победија со 14-6 .   За нашиот тим ова беше прва победа во лигата со која останува во игра за пласман во полуфинале. Боксерите на Вардар победија на седум борби.    Во младинска конкуренција […]

Вардар на врвот, Работнички на дното: Аврамовски против романтика


Вардар како гостин го совлада Работнички со 2-0 (0-0) во првиот натпревар од 12 коло во домашниот фудбалски шампионат. Херој на „црвено-црните“ беше Даниел Аврамовски, кој беше стрелец на двата гола во 77 минута, односно во судиското продолжение. Со овие три бода, скопјани се вратија на првото место со 27 бода, додека „романтичарите“ се на […]

Шкупи ја тресна Шкендија, Вардар се одвои на врвот


Вардар се одвои на врвот од фудбалската табела по осмото коло од домашниот шампионат. Скопските „црвено-црни“ се најголемиот добитник по оваа рунда откако на Градски беа подобри од Академија Пандев, а тетовска Шкендија загуби на гостувањето во Чаир со што заостанува зад лидерот цели девет поени. Најтрофејниот македонски тим стигна и до шестата последователна победа. […]

Вардар се врати од минус два против Шкендија


Вардар и Шкендија одиграа одличен меч во првиот дел од осминафиналната пресметка во Купот на Македонија. Актуелниот шампион водеше со 2-0 на полувреме, но на крајот мораше да биде и среќен што мечот заврши без победник, бидејќи малку недостигаше вардарци да направат комплетен пресврт. Лидерот на првенствената табела, Вардар капитулираше уште во 8. минута, кога […]

Дерби во Скопје: Вардар и Шкендија во битка за Купот уште во осминафиналето


Немилосрдната ждрепка ги спои Вардар и Шкендија уште во осминафиналната фаза од фудбалскиот Куп на Македонија, па скопската Арена денеска ќе биде поприште на првиот нивен дуел. Не само прв во двомечот од Купот, туку и прв сезонава, имајќи предвид дека „црвено-црните“ од Скопје и „црвено-црните“ од Тетово досега не се сретнаа во воведните седум […]

Европскиот првак поразен во Украина: Чупиќ промаши реми


Во второто коло од Сеха лигата во ракомет, Вардар го забележа првиот пораз. Европскиот првак беше немоќен во Украина, каде загуби од Мотор со 32-31. Иван Чупиќ имаше шанда да израмни од пенал во последните мигови од мечот. Украинците водеа во текот на целиот натпревар, во еден момент и со четири разлика. Тимур Дибиров даде […]

Европскиот шампион Вардар стартува со продажба на сезонски билети


Раководството на македонскиот и европски шампион Вардар од утре ќе пушти во продажба сезонските билети. Приоритетната фаза ќе се реализира до 21 август на билетарницата на Тикет плус во СЦ „Јане Сандански”. Од 22 август до 9 септември следи регуларната продажба на сезонски билети на билетарницата на Тикет плус, како и онлајн на www.ticketplus.mk соопштија од РК […]

Почина Слободан Вујчиќ – Брацо


По кусо боледување, денеска во Скопје почина големиот пријател и помагател на македонскиот спорт, Слободан Вујчиќ – Брацо (70). Како претставник на маркетиншкаta компанија УФА МЕДИА од Германија, а потоа и на СВ-РСА и на Спорт 5 ги застапуваше телевизиските права на најпознатите македонски екипи и репрезентации. Вујчиќ беше спонзор на ФК Вардар. Во „негово“ […]

Вардар може да спаси и половина милион евра за данок


По најавената финансиска инјекција од Владата, ситуацијата во Вардар се стабилизира, најавени се спонзорства од државни и од приватни фирми, а на сметката ќе легнат и парите од Европската ракометна федерација за освоеното прво место во Лигата на шампионите. Словенечкиот репрезентативец, Сташ Скубе признава дека газдата Сергеј Самсоненко им исплатил дел од долговите уште пред […]

Вардарци им се заблагодарија на навивачите за неверојатниот дочек


Ракометарите на Вардар доцна синоќа од специјалната бина на плоштадот во Скопје им се обратија на десетиците илјади фанови кои повеќе од три часа ги чекаа своите миленици. Стоилов: Скопски Вардар, европски првак. Моите соиграчи се најголеми амбасадори на нашата држава. Голем дел не се Македонци, ќе си отидат во своите држави, но ќе кажуваат […]

Комерцијална банка: Не влегуваме во Вардар


Комерцијална банка ги демантира гласиштата во дел од медиумите дека влегуваат во ракометниот клуб Вардар, односно дека директорот Хари Костов ќе го преземе управувањето со поранешниот европски шампион. „Информацијата не е точна“, велат од Комерцијална за „Независен весник“. Ракометарите на Вардар се подготвуваат пред фајнл-фоур турнирот во Келн од Лигата на шампионите каде се среќаваат […]

Вардар во Келн ќе брка нова европска титула


Ракометарите на Вардар обезбедија пласман на „фајнл фоур“ турнирот во Лигата на шампионите што на 1 и 2 јуни ќе се одигра во Келн. Пред малку, македонскиот шампион загуби на гостувањето во Унгарија кај Пик Сегед со резултат 29-25 (17-9) што, сепак, беше доволно, имајќи предвид дека предноста на скопјани по првиот меч беше осум […]