Извадено телото на жената која се фрли во Вардар на новогодишната ноќ


Денеска специјалците од полициската единица Тигри во реката Вардар го пронајдоа и извадија телото на жената што се фрли во реката кај Велес. 55-годишната жена која после полноќ на 31 декември се фрли од Малото Мовче во реката Вардар во Велес, а во 2 часот по полноќ, 62-годишниот Д.М од Скопје пријавил во СВР Велес […]

Приватно било земјиштето кај провалијата на кејот на Вардар


Провалијата на кејот на Вардар во Аеродром, за која укажа вчера дирекотор на ЦУК, Стојанче Ангелов, била во приватна сопственост. Имено, таму почнал ископ за да се гради објект, за кој одобрение издала Општина Аеродром. Но, по прекин на работите, земјиштето останува небезбедно, а затревено. „Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е добиено известување […]

СЕХА: Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер ги дознаа противниците во групната фаза


Извршниот одбор на регионалната ракометна СЕХА Гаспром лига донесе денеска одлука како ќе изгледа составот на натпреварување за сезоната 2022/23 во која ќе се натпреваруваат две македонски екипи, шампионот Вардар 1961 и вицепрвакот Еурофарм Пелистер. Еурофарм Пелистер ќе игра во групата А заедно со Нексе и Војводина, додека Вардар е во групата Б заедно со Татран Прешов и Партизан. Актуелниот освојувач на СЕХА лигата, Веспрем, и ППД […]

ЦУК: Опасна дупка на кејот на Вардар во скопски Аеродром


Центарот за управување со кризи бара од градот Скопје и општината Аеродром, итно да постават соодветна заштитна ограда на кејот на реката Вардар во Скопје, на потегот зад хотел Русија во насока на мостот Близнак, каде има провалија, а со тоа и е загрозена безбедноста на граѓаните. Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов денеска соопшти дека […]

(Фото) Спасено лице кое скокнало кај Камен мост во Вардар


Од скалите под Камен мост машко лице утрово скокнало во реката Вардар, а по преземените мерки е извадено живо, информираат од Министерството за внатрешни работи. – Утрово околу 8:30 часот е пријавено дека од скалите под Камен мост машко лице скокнало во реката Вардар. Веднаш по добиената пријава се преземени мерки од полициски службеници од […]

Пронајденото тело во водите на Вардар е лицето што вчера скокна од мостот „Близнак“


  Телото на давеникот кое е извлечено попладнево од водите на Вардар од тим на МВР е идентификувано од страна на роднините на лицето кое вчера се фрли во реката од мостот „Близнак“ на булевар „Србија” и е утврдено дека станува збор за него, информира вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК). – Согласно дојавата […]

Поради густа вегетација на коритото оневозможена потрагата по лицето што скокна во Вардар


Центарот за управување со кризи информира дека продолжува потрагата по лицето што вчера скокна во реката Вардар. – По направената координација од страна на ЦУК со МВР, ДЗС, локалните самоуправи Гази Баба, Аеродром и Град Скопје, како и Црвениот крст, денеска се врши потрага низводно по течението на Вардар во ширина на пресекот на струјата […]

Се трага по човекот што се фрли во Вардар кај мостот „Близнак“


Тим од специјалните сили на Министерството за внатрешни работи со нуркачи, чамци и специјална опрема е вклучен во потрагата по лицето кое утрово од мостот „Близнак“ се фрлило во реката Вардар. Потрагата се врши по течението на речното корито на реката Вардар кај мостот „Близнак“ на булеварот „Србија“ и низводно. Како што соопшти Центарот за […]

Идентификувано телото на 22-годишниот Рамадани, кој падна со автомобил во Вардар


Откако безживотно тело беше најдено утринава околу 10:40 часот во водите на реката Вардар кај касарната Еребино, семејството го идентификуваше и препозна Ердон Рамадани. Тоа е 22-годишникот од Куманово кој на 27 септември со автомобил фолксваген голф излета од автопатот во реката Вардар од мост кај селото Желино. -По наоѓање на телото, извршена е идентификација […]

Возило влета во Вардар кај тетовско Желино, се трага по луѓе


Тетовската полиција информира дека по излетување на возило во реката Вардар кај Желино почната е потрага по луѓе во водотекот. Околу 11 часот и 30 минути во СВР Тетово било пријавено дека патничко возило излетало од коловозот на мостот во тетовско Желино, и паднало во водите на реката Вардар. -Констатирано е дека во реката Вардар […]

Водостојот на Вардар кај Јегуновце намален за 13 пати


 Водостојот на реката Вардар на мерното место кај Јегуновце е за 13 пати понизок во споредба со вчера, а на другите три мерни места е речиси ист со вчерашниот. При тоа нивото на реката е за 28 сантиметри повисоко од просекот за август на мерното место кај Демир Капија, а е исто со просечното на […]

Стоилов: ЕХФ бездушно нè казни


Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов изрази разочарување од одлуката на ЕХФ за исфрлање на македонскиот тим од Лигата на шампионите. – Многу сум разочаран од одлуката на ЕХФ. Бездушно не кзанија кога веќе се гледаше крајот на долговите и кога клубот застана на нога по неколку тешки години. Со добри засилувања за следна сезона и […]

Стојановски: ЕХФ тенденциозно го исклучи Вардар од ЛШ за да се отвори место за Алборг


Извршниот директор на АД РК Вардар, Давор Стојановски денес во обраќање до јавноста објасни како дојде до ситуацијата „црвено-црните“ да бидат исклучени од Лигата на шампионите. Стојановски смета дека Вардар е исклучен тенденциозно со цел неговото место да го добие друга екипа која не избори учество во елитното натпреварување по регуларен пат. Во продолжение во […]

РК Вардар: Понудивме банкарска гаранција, но ЕХФ не ја прифати и не исклучи од ЛШ


 Македонскиот ракометен првак Вардар кој вчера и официјално беше исклучен од Лигата на шампионите преку соопштение ја објасни новонастанатата ситуација и причините поради кои е дојдено до неа. Во продолжение во целост го пренесува соопштението на „црвено-црните“. – По освојувањето на двојната круна во Македонија, со нетрпение го очекувавме почетокот на новата сезона во која […]

ЕХФ го исфрли Вардар од Лигата на шампионите


Се исполнија најавите од пред неколку дена, дека македонскиот ракометен првак Вардар ќе остане без место во Лигата на шампионите поради неисполнети финансиски обврски. Ова денес преку својот сајт го потврди Европската ракометна федерација (ЕХФ). – Извршниот комитет на Европската ракометна федерација на состанокот во петокот, на 17 јуни, одлучи дека македонскиот клуб Вардар 1961 […]

„Балканхендбол“: Вардар го губи местото во Лигата на шампионите


Реномираниот специјализиран за ракомет портал „Балкан-хендбол“ неофицијално дознава дека Европската ракометна федерација (ЕХФ)  донела одлука да му забрани на македонскиот првак Вардар настап во Лигата на шампиони во сезоната 2022/2023. Како причина за ваквата одлука ја наведува несредената финансиска ситуација, која пак го стави под знак прашалник и минатогодишниот настап на „црвено-црните“ во елитното натпреварување. […]

Јубилејна 15. ракометна титула за Вардар


Ракометарите на Вардар 1961 ја одбранија домашната титула, откако попладнево во својот завршен натпревар сезонава во македонската Суперлига го совладаа Тиквеш на домашен терен со 37-25 (18-10) во салата „Јане Сандански“ во Скопје. Ова е јубилејна 15. македонска титула за „црвено – црните“, освоена во неизвесна трка со единствениот конкурент Еурофарм Пелистер, кој повторно мораше […]

Почна чистењето на коритото на Вардар


Согласно со Програмата за одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки, реките Серава, Лепенец, Треска и на отворените канали на подрачјето на Град Скопје за 2022 година, по налог на Градот, екипи на ЈП „Улици и патишта“ Скопје започнаа со спроведување на активности за чистење на коритото на реката Вардар. Деновиве започна чистењето на […]

Вардар го победи Еурофарм Пелистер, на чекор да ја одбрани титулата


Екипата на Вардар 1961 во дербито на македонската ракометна Суперлига во салата „Боро Чурлевски“ со резултат 23:26 (11:11) го совлада Еурофарм Пелистер. Пред овој меч битолчани беа во „пол-позиција“ за шампионската титула, но играчите на Давид Дејвис се надминаа себеси и сега се на пат да го одбранат тронот. Кај стрелците во победничките редови доминираше […]

Скопјанец се удавил во Вардар – телото било извлечено во Гази Баба


Вчера околу 12 часот во СВР Скопје било пријавено дека од реката Вардар, на подрачјето на Гази Баба, бил изваден удавен Р. К. (61) од Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). „Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош, увид извршиле екипа од СВР Скопје и јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било […]