(Видео) Црн чад од Вардариште денеска, друг спроти „Џеваир“


Црн чад се издига од правец на Вардариште во моментов, а друг столб од црн чад има спроти кулите „Џеваир“. Наши читатели ни пратија снимки: Утрово, директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, информираше дека на дивата депонија Вардариште нема горење ниту чадење,а  и денес продолжува затрупувањето на критичниот канал во кој се одвиваше пожарот. Таму, според […]

СДСМ: Ќе побара ли Мицкоски одговорност од претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?


Скопје е задушено во чад поради горењето на депониите, граѓаните со најскапото нешто – со своето здравје ја плаќаат цената на непособноста и лагите на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението на СДСМ.  „Даме Димитровски, актуелен советник на премиерот Христијан Мицкоски за животна средина и поранешен претседател на Комисија за животна средина на ВМРО-ДПМНЕ, е претседател на […]

Децата порачаа: Сакаме воздух! – Најброен протест против Вардариште


Со транспарнети во рацете, свирежи и повик за чист воздух и вечерва се одржа протест на жители на Аеродром, кои бараат што поскоро да се реши проблемот со Вардариште, кое постојано им ја труе населбата.  „Сакаме воздух!“, извикуваа учесниците, кои од крстосницата кај мостот „Киро Глигоров“ и вечерва маршираа до пред зградата на општината.  Децата […]

Забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште“ – вонреден надзор на „Дрисла“


Донесена е забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште“, како итна мерка во насока на справување со пожарот на депонијата „Вардариште“ во општина Гази Баба, а надлежен за оваа проблематика е првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити. Како што информира денеска Министерството за животна средина и просторно планирање, […]

О2 Иницијативата му покажа на Мицкоски колку воздухот во Скопје „не е аламантен“!


Вчера, премиерот Христијан Мицкоски, ја убедуваше јавноста дека воздухот во Скопје не е алармантно загаден, деновиве, кога двете депонии Вардариште и „Дрисла“ горат, а ветрот го носи чадот над Скопје.    „Нема зголемени такви параметри кои што се алармантни. Тоа е визуелно така, но кога се испитувани параметрите не се така алармантни“, рече Мицкоски.   […]

Вардариште ќе се обезбедува со агенција


Екипа на агенција за обезбедување од денеска патролира на депонијата Вардариште, со цел да се спречи влез  во неа и евентуално нејзино потпалување, соопшти денеска на прес-конференција директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Не сакаше да соопшти за која агенција се работи, но вели дека тоа е општествено одговорна компанија, која за […]

„Нема да дозволиме да нѐ убивате“: Зелен хуман град за изјавите и идеите на Мицкоски


  Изјавата на премиерот  Христијан Мицкоски дека загадувањето од пожарите во депониите Вардариште и Дрисла било само визуелно, а дека мерењата не го покажувале тоа, наиде на неверувања кај оние што се борат за заштита на животната средина, а и кај обичните граѓани. Синоќа во Аеродром, Ново Лисиче, Драчево, Гази Баба граѓаните ги затвораат прозорците […]

Загадувањето од Вардариште е само визуелно, тврди Мицкоски


  Депонијата Вардариште со денови ги труе скопјани. Тоа редовно се случува повеќе од триесет години, но деновиве, откако на 31 август се запали, секојдневно група аеродромци протестираат и ја блокираат крстосницата кај мостот „Киро Глигоров“ и бараат надлежните да го решат проблемот со Вардариште пред локалните избори закажани за 19 октомври.  Денеска, прашањето за […]

(Фото/видео) Сè повеќе граѓани излегуваат на протестот против Вардариште


Граѓаните на скопската општина Аеродром и денеска се собраа да изразат револт поради лошиот кавлитет на воздухот и мирисот кој се шири оради константното горење на депонијата Вардариште. Иако се очекуваше да има помалку народ, со оглед на тоа што ни следува продолжен викенд, но оние кои останаа во Скопје и ќе го дишат загадениот […]

Вардариште и утрово го гуши Скопје


Утрово повторно гори на депонијата Вардариште, а  жителите на скопските населби Аеродром и Ново Лисиче се во густи облаци чад и неподнослива миризба. Состојбата е алармантна – воздухот е загаден, а граѓаните велат дека не можат ниту прозорец да отворат.  Од утринските часови има бројни реакции на социјалните медиуми за силна и непријатна миризба што […]

Вардариште – апокалипса среде Скопје!


  Во фокусот на вниманието на скопјани деновиве е Вардариште откако во неделата се запали (повторно и повторно), па поголемиот дел од Аеродром остана без струја. Чадот, лошата миризба, смрдеата се гратис. Но, ретко кој од тие што се гневни на децениски нерешениот проблем со поранешната депонија Вардариште, која одвреме-навреме или сѐ почесто ги труе […]

Аеродромци втор ден протестираат против загадувањето од Вардариште


Во скопската општина Аеродром втор ден протестираат група граѓани, против загадувањето кое доаѓа од поранешната депонија Вардариште. Десетици гаѓани се собраа на крстосницата на булеварите „Србија“ и „АСНОМ“, а сообраќајот беше во прекин. „Смрдеата што доаѓа и гасовите што се испуштаат од ‘Вардариште’ прават неподносливи услови за живеење. Сето тоа се одразува врз здравјето не […]

Поведена истрага за загрозување на животната средина во Вардариште, предложен притвор за три лица


Три лица се осомничени и се под истрага за загрозување на животната средина и природа со отпад, бидејќи создале дива депонија на локацијата Вардариште. За сите три лица е побарана мерка притвор поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и можност да продолжат да го повторуваат делото. Сите тројца вршеле дејност – откуп […]

МВР со детали за приведените во Вардариште


СВР Скопје по извршени претреси вчера и денеска на локацијата Вардариште, поднесе кривична пријава по брза постапка до ОЈО Скопје против М.М.(54), А.А.(28) и Ф.А.(41), сите од Скопје поради основи на сомнение дека сториле кривично дело “загрозување на животната средина и природата со отпад” од член 230 став 1 од Кривичниот законик.   Тие подолг […]

„О2 Иницијатива“ со апел до кандидатите за градоначалници: Вардариште не може да чекa!


„Вардариште не може да чека! Доста е со молк, одлагања и префрлање на одговорност! Вардариште не е тема за кампања – тоа е закана за нашето здравје и иднината на Скопје. Сакаме решенија, а не задкулисни игри!“, реагира еколошката организација „О2 Иницијатива“. Оттаму прашуваат кој од кандидатите за градоначалници на Град Скопје, Општина Аеродром и […]

Аеродром постојано загаден од Вардариште, а прочистувачи за училиштата допрва ќе се набавуваат


Аеродром, особено делот на Ново Лисиче и Лисиче, речиси секојдневно се соочуваат со загадување на воздухот од потпалување на депонијата Вардариште, а општината и МОН допрва ќе набавуваат прочистувачи на воздух за училиштата. В.Д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, кој воедно е и кандидат на претстојните локални избори за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, […]

Пожарот кај Вардариште ставен под контрола, постепено се вклучува струја во Аеродром и Ново Лисиче


Пожарот кај поранешната депонија Вардариште е ставен под контрола, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Како што велат, за кратко време постепено ќе биде вклучена електричната енергија во деловите од градот каде што беше исклучена од превентивни причини. Претходно од Електродистрибуција информираа дека на барање на Противпожарната бригада на Град Скопје, заради пожарот кај […]

Пожар во Вардариште, цела Општина Аеродром без струја


Поради пожар на дивата депонија Вардариште каде што е зафатен поголем простор и постар објект исклучена е струјата за корисниците на Аеродром и Лисиче, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). -Во моментот интервенираат 13 пожарникари со пет противпожарни возила. Исклучени се далекуводите за Аеродром и Лисиче заради пожарот, се наведува во соопштението. Од […]

Гори Вардариште, а Аеродром, Маџари, Хиподром, Јурумлери немаат струја


Два дена гори Вардариште, а во моментот екипи на противпожарната служба повторно го гасат пожарот. Граѓани незадоволни на официјалните Фејсбук страници на општина Аеродром и неформалните групи споделуваат фотографи и испраѓаат повици да се стави крај на оваа практика, на Вардариште да се палат кабли за да се дојде до бакарот во нив. Денеска пак, […]

Вардариште повторно гори – го гасат тројца пожарникари


Попладнево, густ црн чад повторно се издига од Вардариште, а како што информираат од ЦУК, го гасат тројца пожарникари со едно противпожарно возило.  Пред неполн месец, по големиот пожар на дивата депонија „Вардарише“, местото го посетија градоначалникот на Оштина Гази Баба, Бобан Стефковски, заедно со заменик-градоначалникот на Аеродром Дејан Митески, началникот на СВР Скопје Сашо […]