Вардариште интензивно се одгаснува


Со силно темпо се работи на Вардариште! Депонијата Вардариште, која со децении е една од најголемите црни точки на Скопје, полека но сигурно заминува во историјата, вели градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, во видео-објава на социјалните мрежи.   Процесот на одгасување се одвива со одлична динамика и согласно предвидениот проект. На терен интензивно се поставуваат […]

На Вардариште повторно се носат камиони отпад, двапати и гореше – по 1 мај ќе бидат блокирани приодите


Неформалната депонија Вардариште, повторно во два наврати гореше изминатите седмици, а од иницијативата Стоп за Вардариште алармираа, по што вчера одржале средба со надлежните од Град Скопје, каде им било ветено блокирање на приодите, дополнителни камери, постојано присуство на инспектори, хумано згрижување на луѓето кои таму живеат во импровизирани куќи…   Сето ова се ветува […]

Почна одгаснувањето на Вардариште – што гореше вчера, не знаеме!


Започна процесот на одгасување на Вардариште, чекор поблиску до најголемиот мега парк! Дадениот збор пред граѓаните е обврска која мора да се исполни – вака гласи најавата на градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски по социјланите мрежи, а за вчерашниот пожар за кој алармираа од Стоп за Вардариште ни збор, иако до Градот поставивме прашање. – […]

По седум месеци пауза, денес Вардариште повторно гореше!


По протестите и јавниот притисок што се случуваа кон крајот на минатата година, Вардариште не гореше цели седум месеци, но денес повторно сме сведоци на истото сценарио: чад, загадување, тешка миризба и директна закана по здравјето на граѓаните. Ова е последно предупредување од наша страна! – велат од Стоп за Вардариште, кои и ја пласираа […]

МЖСПП не знае што се случува во Вардариште


Дали Вардариште се уредува според постоечката студија од 2014 година или се доработува друга, понова, посовремена, па и поадекватна, од Министерството за животна средина и просторно планирање, не знаат. На денешниот брифинг, министерот Муамет Хоџа, но и раководителите на секотир задолжени за поединечни проблематики во министерството рекоа дека не знаат по кој терк се рамни, […]

Почна површинското чистење на депонијата Вардариште – Ѓорѓиевски лиферува промотивно видео без детали


Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски преку својот фејсбук профил информира дека е почнато површинско чистење на депонијата Вардариште.   – Зборот е збор – депонијата Вардариште заминува во историјата! Започна површинското чистење на повеќедецениската депонија Вардариште. Следува процесот на одгасување, а потоа – изградба на еден од најголемите паркови на површина од 300.000 метри […]

Како ќе се решава Вардариште годинава – амбициозни планови, но ќе има ли реализација?


Површинскиот слој депонирано ѓубре, од Вардариште ќе биде исчистено по Божик, а во август треба да почне одгаснувањето. Претставници на Иницијативата „Стоп за Вардариште“  вчера, оствариле средба со градоначалникот на Град Скопје, на која, како што информираат, било ветено воспоставување транспарентна комуникација и појаснување на следните чекори поврзани со состојбата на депонијата Вардариште. Целта на […]

Типски куќи за бездомните лица, кои живеат на неколку локации во Скопје?


Освен на депонијата Вардариште и на други локации во Скопје се мапирани бездомни лица. Заменик-министерот за социјална политика, демографија и труд, Ѓоко Велковски вели дека за нивно сместување веќе е најдено решение и ќе се решава проблемот по примерот на изградбата на типските куќи во штипската населба Мирјанина Црква. -Има повеќе локации, каде што имаме […]

Багери влегоа во Вардариште


Од вчера попладнето, багери и тешка механизација влегоа во неформалната депонија Вардариште, да го исчистат површинскиот слчој од ѓубре.  Со вклучени светла, по темница, се расчистуваше дел од Вардариште, депонијата заради која жители на Аеродром и Гази Баба, протестираа и затвораа крстосници 40 дена, затоа што честото потпалување на насобраното ѓубре предизвикуваше пожари, а чадот […]

„Стоп за Вардариште“ блокираат уште денеска и утре – депонијата нема да се оградува!


Уште денеска и утре, жителите на Аердором, кои повеќе од еден месец ја блокираа крстосницата кај мостот „Киро Глигоров“, ќе продолжат со протестот, затоа што од сите надлежни преземена е обврска за почеток на санација на неформалната депонија Вардариште, која ги труе скопјани. Имено, деновиве, претставници на „Стоп за Вардариште“, се сретнаа со претставници на […]

Максимална казна од три години затвор добија тројцата обвинети за Вардариште


Максимална казна од три години затвор добија денеска тројцата обвинети Мајсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи за создавање диви депонии на дел од локацијата во Вардариште. Како што беше посочено на денешното судско рочиште во Основниот кривичен суд, тројцата обвинети се виновни затоа што создале депонија спротивно од прописите, иако знаеле дека немаат дозвола […]

Шукова има план за Вардариште – современа претоварна станица, без палење


Вардариште да продолжи да биде претоварна станица, но по современи стандарди, па на тој начин Дрисла ќе може да го покрие капациетот на Скопје за отпад. Но, Вардариште да биде современа претоварна станица, каде ќе се оневозможи палење на отпадот, кое го загрозува здравјето на жителите на главниот град. – Мојот план е Скопје без […]

Вардариште, кога ќе порасне, сонува да биде „Хилерод“


Во ек на изборната кампања за градоначалници, каде многумина ќе се обидат да седнат во градоначалнички канцеларии, едно видео на нашинец заминат во Данска покажува како може да се решат македонските депонии. Во време кога денеска попладне во 18 часот, аеродромци повторно ќе ја блокираат крстосницата меѓу Аеродром и Гази Баба за да ги повикаат […]

(Видео) Никој од надлежните не се појави на блокадата на „Стоп за Вардариште“ утрово


Граѓаните на Ново Лисиче и Аеродорм, кои веќе 27 пати ја блокираат крстоасницата кај мостот „Кирто Глигоров“ со цел да ги натераат надлежните да го решат проблемот со депонијата Вардариште, утрово повторно се собраа, но иако уредно поканети ниту еден од надлежните не дојде. Поканети беа претсавници од Град Скопје, Општина Гази Баба, Министерството за […]

(Видео) Што му порачаа граѓаните на Митески сред Вардариште?


Утрово,заедно со в.д. градоначалникот на Аеродром Дејан Митески, повеќемина граѓани, кои секојдневно протестираат и ја блокираат крстосницата пред мостот „Киро Глигоров“ во Аеродром, имаа обид за посета на Вардариште бидејќи не беше обезбедена дозвола од негова страна. – Тоа малку што имавме шанса да го видиме не беше задоволително и затоа во понеделник од 7:30 […]

Дождот не ги спречи аеродромци да појдат на Вардариште


Претставници на граѓаните кои секој ден протестираат за чист воздух во Аеродром на крстосницата пред мостот Близнак во Скопје, и утрово заминаа на депонијата Вардариште заедно со градоначалникот на општината Дејан Митески. Останатите граѓани според договореното ја блокираа крстосницата од 7:30 до 8:30.  За тоа што е видено на Вардариште и што е кажано од […]

На утринскиот протест се појави градоначалникот на Аеродром – утре заедно ќе одат до Вардариште (фото+видео)


Слаб мирис на пластика ги дочека утрово граѓаните кои се собраа на крстосницата кај мостот „Киро Глигоров“ во Аеродром, а кои веќе 24 дена протестираат против загадувањето кое доаѓа од Вардариште. Овојпат, смрдеата доаѓаше од пожарот што синоќа ја зафати депонијата во Арачиново. На асфалтот се наредија транспарентите со истите пораки: „1 од 9 деца […]

Аеродромци бараат 24-часовен видео надзор во Вардариште и обезбедување


Видео надзор во Вардариште и 24 часовно физичко обезбедување на депонијата – се новите барања упатени до институциите од денешниот протест организиран од граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“. „Нема да се откажеме од основното човеково право – чист воздух – и покрај игнорантскиот однос од институциите“, порачаа учесниците и најавија дека ќе се собираат секој […]

ЗХГ бараше расправа за Вардариште и Дрисла – не дојде градоначалничката, па советниците од ВМРО-ДПМНЕ си заминаа


Вонредна седница на кој би се расправало за состојбата на Вардариште и во Дрисла, во Советот на Град Скопје не се одржа.  Вчера, по редовната седница, на која се гласаше само за годишните извештаи на средните училишта, Зелен хуман град иницираше свикување вонтредна седница или дополнителна точка за расправа за состојбата на Вардариште и во […]

Стоп за Вардариште предводеше река луѓе на вечерашниот протест (видео)


На вечерашниот протест што почна во 18 часот, кај мостот „Киро Глигоров“ меѓу Општина Аеродром и Општина Гази Баба, се собраа река луѓе, кои маршираа до пред зградата на општината. Повторно, Возрасни, деца, стари и млади застанаа рамо до рамо да им порачаат на надлежните дека не чекаат до избори за решение за Вардариште. Неформалната […]