Од денес ќе се минира во „Казандол“, валандовчани на нозе!


Инвеститорот на рудникот „Казандол“ вчера ги известил жителите на општина Валандово дека од денес ќе почне со минирање, објавија од иницијативата „Спас за Валандово“. За ова валандовчани биле известени преку соопштение на „Радио Валандово“. На изградбата на рудниците на југоистокот од државата се противеа граѓаните на Валандово, Гевгелија, Дојран, Богданци и останатите засегнати места од регионот. […]

Малото Валандово – голем предизвик за ВМРО-ДПМНЕ


Во салата во која секоја година се одржува „Фолк-фест Валандово“, следниот викенд ќе заседава 14. конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, кој се смета за историски, со оглед на тоа што сега опозициската партија треба да го избере својот трет претседател од нејзиното формирање, а по безмалку 15 години неприкосновено лидерство на Никола Груевски. Во очекување на вонредниот […]

Протест во Валандово против “рудниците на смртта“


Жителите на Валандово и граѓаните од околните општини од Југоистокот ги повикаа премиерот и претседателот на државата веднаш да се стопираат активностите за отворање на рудниците во регионот. Околу илјада учесници одржаа протестен марш против рудниците Казандол, Иловица и Боров Дол и порачаа дека “рудници на смртта„ нема да има. „На нас ни беа одземени […]

Граѓани протестираа против „рудниците на смртта“


Граѓани од Скопје денеска напладне протестираа пред Владата, во знак на поддршка на протесниот марш што истовремено се одржа во Валандово. Учесниците на двата протести побараа од власта да ги стопира активностите околу најавените рудници во југоистичниот дел на Македонија. Тие порачаа дека нивниот протест е за обезбедување здрава и сигурна иднина за идните поколенија. […]

Денеска во Скопје и во Валандово ќе се протестира против рудниците


Пред Владата денеска со почеток во 12 часот ќе се одржи протест за итно запирање на изградбата на рудникот Казандол. „Иако живееме во Скопје, негативните последици од рудниците ќе ги чувствуваме и ние. Рудниците се проблем на целата земја! Екстрактивизмот не е живот, тој го уништува животот! Да покажеме солидарност со нашите сограѓани, да покажеме […]

Валандово утре ќе протестира за итно запирање на рудникот Казандол


Граѓанското здружение „Спас за Валандово“, утре ќе организира протестен марш за итно запирање на рудникот Казандол. Учесниците на протестниот марш ќе се соберат точно на пладне пред автобуската станица во Валандово од каде што по обраќањата и изнесувањето на барањата за стопирање на рудниците на смртта, по булеварот „Првомајска“ ќе се упатат до раскрсницата Валандово-Пирава-Марвинци, […]