Локализиран пожарот на локалната депонија во Валандово, на терен делуваа и два ер – трактори


Локализиран е пожарот на градската депонија „Сува Река“ кај Валандово што избувна денеска по 13 часот. На терен се делуваше и со два ер – трактори. – Пожарот е целосно локализиран, а на терен дежураат единиците на ТППЕ Валандово и вработените во ЈП Македонски шуми од подружницата Валандово – градоначалникот на Општина Валандово, Ѓоко Камчев.  […]

Ќе се реконструираат општинската зграда и Домот на култура во Валандово


Општина Валандово на крајот од месецов започнува со реконструкција на два јавни објекти – општинската зграда и Домот на културата „25 Мај“. Градежните активности, како што информираат општинските власти, ќе започнат од понеделник, по потпишувањето на договорот со компанијата „ИБО ПОД“. Проектот предвидува спроведување на мерки за енергетска ефикасност, чија цел е да се намали […]

Пожарот во Валандовско не е ставен под контрола, се шири во два крака


 Пожарот во валандовско Грчиште, кој избувна вчера попладне, утринава повторно се активирал поттикнат од силниот и топол ветер и во моментот е зафатена голема површина при што пожарот е распространет во два огнени крака од кои едниот се движи кон селата Казан Дол и Фурка, а вториот кон општина Богданци, соопштија попладнево од Центарот за […]

Голем одрон на патот Струмица-Валандово, сообраќајот се одвива отежнато и забавено


 Утрово одрон од камења и земја се урна на патниот правец Струмица-Валандово, кај селото Костурино, најверојатно предизвикан од дождовите, а сообраќајот се одвива само по една коловозна лента. Веста ја објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на неговиот фејсбук профил од каде повика граѓаните да бидат претпазливи и внимателни. Ги повика и надлежните институции веднаш […]

Од денеска, градинките во Валандово се бесплатни


Од денеска, детските градинки во општина Валандово се бесплатни. Оваа мерка која беше изгласана од Советот и важи за сите деца од општината. Со ова се поттикнува на поголема вклученост на децата во воспитно – образовниот процес и ја зајакнува солидарноста, како вредност во која веруваме, велат од Советот на општина Валандово. Инаку, оваа новина […]

Земјотрес од 3.1 степени по Рихтер попладнево во Валандово


Земјотрес со локална магнитуда од 3.1 степени по Рихтеровата скала е регистриран попладнево во 14 часот и 19 минути на 132 километри југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Валандово, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот имал интензитет од III степени според Европската макросеизмичка […]

Археолошко истражување на локалитет во Валандовско


На археолошкиот локалитет „Стакина чешма“ во општина Валандово се вршат работите за истражување на луксузна доцноантичка вила, која била откриена во претходниот период. Досега на овој локалитет кој, според археолозите, се истражува од 1987 година, биле евидентирани десет простории од кои осум биле целосно истражени, а моментално археолошки се обработува еден базен во полукружна форма, […]

Благица Калева победи на 33. Фолк фест Валандово


Фолк-пејачката Благица Калева со песната „Горда мајка“ победи на 33. Фолк фест Валандово кој се одржуваше викендов и освои 1500 евра. Второто место му припадна на Филип Божиновски, кој пред неколку години беше актуелен на поп сцената. Овојпат, публиката го виде во поразлично светло, што пак му донесе парична награда од 1000 евра за песната […]

Фолк-фест Валандово пак се враќа напролет, намалени наградите


На 24-ти и 25 мај ќе се одржува 33-тиот фестивал на народна музика „Фолк-фест Валандово“ кој по две години одржување наесен повторно се враќа во пролетен термин. Првата вечер ќе биде ревијална и ќе им биде укажана чест на тројца автори кои се најизведувани на валандовскиот фестивал – Григор Копров, Миле Барбаровски и Љупчо Трајковски-Фис. […]

Искршени столчиња на стадионот во Валандово


На Градскиот стадион во Валандово синоќа биле искршени повеќе од столчињата на трибините, информираше денес градоначалникот Перо Костадинов. Вандалите искршиле повеќе од педесет столчиња со што е направена значителна материјална штета. Столчињата се монтирани на трибините пред неколку години, а претходно се користеле на отворената сцена во Домот на културата. Случајот е пријавен во полицијата.

Владата го раскинува договорот за концесија за рудникот „Казандол“


Владата на Република Македонија на синоќешната 58. седница реши да биде раскинат договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина, бакар, злато и сребро, на локалитетот „Казандол“, кој ги опфаќа општините Валандово, Богданци и Дојран. Владата го задолжи Министерството за економија во рок од седум дена да изготви информација за исполнетост на условите за раскинување […]

Кривична пријава за поранешен командир на Полициска станица во Валандово


Струмичката полиција до Основното јавно обвинителство – Гевгелија поднесе кривична пријава против З.Б. (52) од село Раброво, Валандовско. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ затоа што како командир на Полициската станица во Валандово од ЈП „Македонски Шуми“ – Подружница „Саланџак“ од Валандово во повеќе наврати нарачал вкупно 51,1 […]

„Фолк Фест Валандово“ повторно ќе се одржува во мај


Новото издание на „Фолк Фест Валандово“ ќе се одржи на 24 и 25 мај годинава, соопшти градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов на денешната прес-конференција. – „Фолк Фест Валандово“, опстојува повеќе од три децении и претставува еден од најзначајните фестивали за фолк музика на Балканскиот Полуостров. Почетоците на фестивалот се од 1985 година. Досега на фестивалот […]

Маж извршил полов напад врз малолетничка во Валандово


Во полициската станица во Валандово, 41-годишна Валандовка пријавила дека маж (55) од село Пирава извршил полов напад врз нејзината осумгодишна ќерка, соопшти МВР. Посочениот човек повеќепати во последниот месец сексуалното го злоставувал осумгодишното девојче, навела неговата мајка. Од полициската станица во Валандово наведуваат дека истиот маж се обидел да изврши полови напади и врз втората […]

ВМРО-ДПМНЕ на крстосница


Иако очекуван, изборот на Христијан Мицкоски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ ја става најголемата опозициска партија на крстопат меѓу посакуваното обединување и поход кон власта и реалното незадоволство и фракционерство на дел од поранешните и актуелните функционери. Конгресот во Валандово, а уште повеќе реакциите по него, ја доловија сликата дека ерата после Никола Груевски ќе биде […]

Димовски не оди во Валандово: „На ВМРО-ДПМНЕ и е потребен нов концепт”


Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ, преку својот ФБ- профил, ги извести делегатите дека нема да присуствува на конгресот во Валандово. Според него, раководството и партиските органи не создале услови за демократски конгрес. Овој Конгрес, наведува Димовски, го нема легитимитетот на големото членство на ВМРО-ДПМНЕ. Димовски нагласи дека на опозициската партија и […]

Димовски не оди во Валандово: „На ВМРО-ДПМНЕ и е потребен нов концепт"


Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ, преку својот ФБ- профил, ги извести делегатите дека нема да присуствува на конгресот во Валандово. Според него, раководството и партиските органи не создале услови за демократски конгрес. Овој Конгрес, наведува Димовски, го нема легитимитетот на големото членство на ВМРО-ДПМНЕ. Димовски нагласи дека на опозициската партија и […]

Мицкоски: Јас имам план


Христијан Мицкоски ќе биде единствен сериозен кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на конгресот во Валандово, закажан за утре и за задутре. Од партијата велат дека до нив стигнале две кандидатури, без да ги соопштат имињата. Нашите информации говорат дека единствено Мицкоски го испочитувал предвидениот рок за пријавување до 15 часот, но, поради страв од реакции […]

Мицкоски единствен кандидат за претседател на ВМРО – ДПМНЕ


Христијан Мицкоски ќе биде единствен кандидат за претседател на ВМРО – ДПМНЕ на конгресот во Валандово, закажан за утре и за задутре. Само генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, како што дознаваме, денеска до 15 часот поднел кандидатура до седиштето на партијата. Останатите потенцијални наследници на Никола Груевски, чии имиња се споменуваа во јавноста, одбија […]

Мицковски, Милошоски и Петровски во трка за наследник на Груевски?


До правната комисија на ВМРО – ДПМНЕ, односно во архивата на партијата пристигнале првите кандидатури за наследник на Никола Груевски. Како што дознаваме, генералниот секретар Христијан Мицковски, пратеникот Антонио Милошоски и поранешниот директор на Државниот архив на Република Македонија, Филип Петровски, и официјално влегуваат во трка за нов лидер на најголемата опозициска партија во земјава. […]